Црква „Св. Илија“ - Глобочица (потопена црква)

потопена црква во селото Глобочица
Ова е статија за потопената црква. За новата црква видете Црква „Св. Илија“ - Глобочица

Црква Свети Илија — потопена црква која се наоѓа на дното на вештачкото езеро Глобочица[1]. Црквата постоела сè до 1965 година, кога била изградена браната и со тоа црквата била потопена[2]. Нејзиниот градител, младиот Марко, на влезната порта, пред околу 600 години оставил отпечаток од неговата дланкаа и рекол:

Свети Илија

Црквата пред потопувањето

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба

Карта

Место Глобочица
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 15 век
Ктитор Марко
Архитектонски опис

Оваа црква нека биде вечна и нека постои сè додека не се најде човек што ќе има поголема рака од мојава за да ја поклопи

Легенда

уреди

Според некои извори легендата за црквата е пишана во некои турки дефтери кои не се сѐ уште преведени на Македонски. Преку сегашната граница во призренскиот крај, пред во едно селото живеела поголема група христијани. Меѓутоа, со доаѓањето на Турците на тие простори и нивната намера да вршат исламизирање, жителите од ова село барале начини како да ја избегнат присилната промена на нивната вера. Некој предложил сите да се удават во варниците што постоеле во нивна близина, други умни глави сакале на гробовите на нивните предци да изградат големи камени крстови кои Турците не ќе можеле да ги разурнат, а со тоа ќе останел вечен спомен за нивното постоење. Заклучиле дека со тоа ништо нема да постигнат, а најголем противник на ваквите замисли бил младиот Марко, кој учел богословија во Призрен. Еден од умните, попот Пискот , кој знаел како да одржува врски со тогашната османлиска власт во Призренско, на таткото на Марко му предложил неговиот син да го префрли во Дебар, во селото Бомово каде што владеел дебарскиот бег. На тој начин се мислело дека ќе се најде спас за ова население кое по никоја која цена не сакало да ја прифати исламската вера. Дебарскиот бег, имал шест ќерки и ниту еден син, а појавата на Марко и на неговиот брат ја гледал како добраа можност да има машки наследник преку нивно посинување или, пак. Марко тука дошол под услов да не биде исламизиран, а тоа бегот долго време го почитувал. Но, турската власт зајакнала и исламизацијата зела замав. Бегот му рекол на Марко дека нема избор и оти мора да се потурчи или да си оди, зашто, во спротивно, власта ќе го откриела. Знаејќи за големото богатство на дебарскиот бег, го замолил да го прошета по неговите имоти во Дебарско, Струшко, Охридско. Поминале многу, но кога Марко дошол со бегот до местото каде што постоеше селото Глобочица, гледајќи дека од три страни е заштитено со вода, му рекол на бегот да му го даде овој имот на управување. Бегот се согласил, Марко тука изградил повеќе куќи, донел некои жители од неговото село, но ја изградил и црквата „Свети Илија“. Овој човек имал бурен и тежок живот, а од неговите поколенија никој повеќе не живее на овие простори.

Црквата денес

уреди

Црквата неколку децении од нејзиното потопување, е недопрена, освен што има мали оштетувања на покривната конструкција. Нејзината внатрешност била изложена на поголемо пропаѓање, но иконите и другите црковни реквизити, пред да биде потопена, биле пренесени во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга . Во време кога водата во вештачкото езеро опаѓа, еден дел од црквата се појавува на површината, најчесто покривот. Кога езерската вода е бистра, дел од црквата добро се гледа.

Нова црква

уреди

Иако во селото Глобочица, според последниот попис нема регистрирано ниту еден жител, сепак иселениците се потрудиле да изградат нова црква, посветена на "Св. пророк Илија". Камен-темелник е осветен на 18.IX 2011 г. од страна на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, а по овластување на митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј. Црквата е осветена на 14.IX 2014 г. од страна на митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј.

Наводи

уреди
  1. „Трета струшка парохија“. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-06.
  2. Терзијановски, К. (21 февруари 2004). „БРАНАТА ГО РАЗУРНА СЕЛОТО ГЛОБОЧИЦА, СТРУШКО, НО НЕ И ЦРКВАТА "Свети Илија" лежи недопрена на дното на вештачкото езеро“. Вест. Посетено на 2010-05-06.[мртва врска]