Црква „Св. Бессребреници“ - Лески (Серско)

црква во Лески, Серско

Свети Бессребреници Кузман и Дамјан или Свети Врачи (грчки: Άγιοι Ανάργυροι) — црква во селото Лески, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1][2][3]

Свети Бессребреници
Άγιοι Ανάργυροι
Фреска на покровителите, XIII век
Карта
41°7′28.3″N 23°39′3.9″E / 41.124528° СГШ; 23.651083° ИГД / 41.124528; 23.651083
МестоЛески, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIII / XIX век
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Храмот се наоѓа во центарот на селото. Претставува трикорабна поствизантиска базилика изградена во првата половина на XIX век. Има димензии од 9,95 × 14,65 м и сводест средиштен дел. Дрвениот иконостас вклучува делови од стар резбан и позлатен иконостас од првата половина на XVIII век. Иконите се од втората половина на XIX век, кога храмот е живописан.[1]

Во црквата на трем на подигнатиот западен дел е зачуван мал средновековен параклис од XIII век издлабен во карпата. Тој има димензии од 3,67 × 7,77 м, и бил дел од византискиот манастир „Св. Бессребреници“.[1][2]

Влезот има врата со дрвен околувратник која гледа на исток, по која води во тесен ходник. Во предниот дел на ходникот е главниот дел на параклисот со два осумаголни мермерни столба овенчани со капители, украсени по краевите со палмети и розети. Десно од ходникот има мал жртвеник со мермерен архитрав, кој го носи крста со свиоци и ромбови од обете страни. Долниот дел на храмот вклучува две мермерни плочи кои образуваат крст. Трета плоча со слични розетки е вградена во јужниот надворешен ѕид на жртвеникот. Од мермер се направени и исклучително убавите царски двери.[1]

На надворешниот ѕид, северно од влезот има фреска на Свети Никола кој во левата драка држи евангелие, а со десната благословува. Во хондникот на параклисот се фреските на Свети Јован Крстител и непрепознаен светец. Од двете страни на убавата порта на царските двери се претставени Христос и Богородица. На северниот ѕид на параклисот се Светите Бессребреници Кузман и Дамјан. Двајцата светци-лекари во рацете држав отворен ковчег со медицински инструменти и лекови. Непосредно до нив има светец, кој во десната рака држи маченички крст. Сите фрски во средишниот дел и ходникот, кои се најстари, се живописани на природната карпа. Творецот е непознат, а според некои, тој е автор и на фреските во соседниот голем манастир на Јован Крсстител.[1]

Во внатрешноста на храмот има подоцнежни поствизантиски фрески. Во издлабената ниша во средиштето на источниот ѕид е Богородица Поширока од небесата, придружена од фигурите на Свети Јован Златоуст, Христос, Богородица, Свети Стефан и Свети Григориј.[1]

Историјата на византискиот параклис е поврзана со првиот ктитор на Серскиот манастир, Јоаникиј Серски. Според описот кој го има оставено внук му Јоаким (монашко име Јован, епископ на Зихна и втор ктитор на манастирот), по заминувањето од Света Гора, каде бил монах и ракоположен за свештеник, чичко му се вратил дома (о. 1260 г.), за да го преземе старателството врз него откако останал сирак по смртта на родителите. Тука побарал осамено место во источниот дел на Сминица за да се осамотат заедно со внукот. Така открил малка напуштена црквичка, од која останал само наосот, посветен на светите врачи Кузман и Дамјан. Откако ја возобновиле (пред 1275 г.), тие создале монашка обител. Неколку години пред 1279 г. другите монаси се повлекле од манастирот, па Јован и внук му побарале друго непристапно место на запад. За кратко живееле во пештера, пред да слезат и да го основаат познатиот манастир „Св. Јован Крстител“.[1]

Во византиските извори, параклисот Св. Бессребреници е наведен како сопственост (1310-1357) на Иверскиот манастир. Наречен е и Љаски. Параклисот, од своја страна, бил сопственик на метохот на Јован Богослов во Ливовишта кај Сер. Во хрисовул на царот Андроник II Палеолог од 1322 г. се споменува дека е опслужуван од монаси и дека нему му се даваат имоти во Тревесена (Τρεβέσαινα) и Тревесеникија (Τρεβεσενίκια) и во Ливовишта, близу Серската тврдина. Тие имоти, а највеќе оној во Кераница (Лески), биле предмет на постојани расправии со блискиот манастир „Св. Јован Крстител“.[1]

Во 1346 г. во документ од Стефан Душан се потврдува правото на Иверскиот манастир врз метохот на „Св. Бессребреници“. Метохот е споменат во хрисовул на царот Јован VI Кантакузин од 1351 г. и на царот Јован V Палеолог од 1357 г., кој се однесува на владенијата на Иверскиот манастир. Метохот е уништен нешто пред 1371 г.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Σαμσάρης, Πέτρος Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 13 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 „Χιονοχώρι. Μονύδριο Αγίων Αναργύρων“. Athos Memory in the World. Архивирано од изворникот на 2014-05-13. Посетено на 13 мај 2014.
  3. „Ιερός Ναός Αγίων Αναργύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.