Црква „Св. Архангел Михаил - Фитијата“ - Штип

црква во Штип

Св. Архангел Михаил наречена и Фитијатасредновековна црква (или параклис) во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Штипска
Местоположба

Карта

Координати 41°44′19.9″N 22°11′17.2″E / 41.738861° СГШ; 22.188111° ИГД / 41.738861; 22.188111
Место Штип
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено 1332
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Црквата се наоѓа лево од патот што води од градот до главната порта на Штипската тврдина (Исарот). Дворот има камена порта со главен влез и два помали влеза од страните.[2] Претставува еднокорабна црква, подигната во 1332 г. од протосевастот Релја. Во 1334 г. е подарена на светогорскиот манастир Хиландар од царот Стефан Душан.[3] Храмот има крстовиден облик, изграден од сиво-зелен камен и тули со малтер. Има живописни фасади и складни архитектонски облици. Внатрешноста нема фрескоживопис, иако постојат докази дека некогаш била живописана.

По османлиското освојување, Али-бег ја претворил во џамија, наречена Фитија-џамија, при што се уништени и фреските. Минувајќи низ Штип во 1622 г. патописецот Евлија Челебија забележал дека таа била главна џамија во градот која пред турското освојување била црква.[4]

Во 2000 г. е направен нов мермерен иконостас и изработени се нови икони, дело на зографот Перо од Скопје.[5]

Слики уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Свети Архангел Михаил“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 1 ноември 2016.
  3. Штип – Туристички информатор, Со карта на градот. Штип: Општина Штип. 2011. стр. 35. no-break space character во |title= во положба 5 (help)
  4. Балабанов, Коста (16 октомври 2016). „Хуса Медин-пашината џамија била од темел изградена“. Утрински весник, број 2147. Посетено на 31 октомври 2016.
  5. „Параклис „Свети Архангел Михаил" (Фитијата) – Штип“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-04-11. Посетено на 10 февруари 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди