Црква „Св. Архангел Михаил“ - Драмче

црква во Драмче, Делчевско

Св. Архангел Михаил (или Шарена црква)[1]црква во делчевското село Драмче. Му припаѓа на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Делчевско
Парохија Ѕвегорска
Местоположба

Карта

Координати 41°53′46″N 22°16′43″E / 41.89611° СГШ; 22.27861° ИГД / 41.89611; 22.27861
Место Драмче
Општина Делчево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба XVII – XVIII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Црквата е изградена во месноста Еремија на крајот од XVII или почетокот на XVIII век.[1] Претставува еднокорабна градба.[1] Престолните икони се дело на истакнатиот зограф Григориј Пецанов од Струмица.[1] Целосно е живописана во XVIII – XIX век, поради што го носи името „Шарена“, но фреските се уништени поради неколку пожари.[3] На царските двери е напишана годината 1841 кога се правени, но се претпоставува дека иконостасот е многу постар.[1]

Првото селско училиште

уреди

Во црковниот двор се е наоѓало првото училиште во Драмче, основано во 1869 г. Наставата се одвивала во овој објект сè до 1922 г. кога е изградена нова зграда. Училиштето е затворено во 2009 г.

Празничен собор

уреди

Секоја година на празникот Архангел Михаил (21 ноември) во црковниот двор се приредува традиционален собор на кој се игра изворното оро од Драмче — Копачка.[1][4]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Св. Архангел Михаил“. Убавините на Делчево. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 31 март 2014.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. „Делчевско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 31 март 2014.
  4. Илиевска-Арсова, Весна (2011). Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки! (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 37. ISBN 978-608-65253-0-9. Посетено на 14 јуни 2017.[мртва врска]