Црква „Св. Јован Крстител“ - Горно Лакочереј

црква во селото Горно Лакочереј

Свети Јован Крстителмакедонски православен храм во Охридското село Горно Лакочереј.[1] Свети Јован Крстител е една од петте цркви во Горно Лакочереј и осветувањето и положувањето на камен темелник за изградба се одржало на 12 ноември 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2] Веќе на 1 јуни 2014 година кога црквата била изградена таа била осветена истот така од митрополитот г. Тимотеј. Ктитор е Нада Димитриеска од Горно Лакочереј а целата црква е изградена со доброволните прилози на жителите на селото и пошироката околија.[3] Зограф на црквата бил Марјан Ристески од Велгошти.[4]

Јован Крстител
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Осма охридска
Местоположба

Карта

Место Горно Лакочереј
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Крстител
Изградба 12 ноември 2006
Осветување 1 јуни 2014
Ктитор Нада Димитриевска
Зограф Марјан Ристески
Архитектонски опис

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Осветување на темели на нова црква (13.11.2006)
  3. † ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ“ ВО С. Г. ЛАКОЧЕРЕЈ, ОХРИД
  4. Марјан Ристески