Марјан Ристески (зограф)
Марјан Ристески (Велгошти, 24 октомври 1971)[1] — зограф од Велгошти.
Марјан Ристески | ||
Роден | 24 октомври 1971 Велгошти, Македонија |
---|
Животопис
уредиРистески e роден на 24 октомври 1971 година во Велгошти каде го завршил и основното образование. Средно образование завршува во Охрид, во Електромашинскиот училиштен центар (ЕМУЦ). За време на средношколското образование го открива својот уметнички талент.
Уште во средношколските денови почнува да твори како иконописец и станал познат во Охрид и околината како зограф-фрескописец. Бил зограф на скоро сите цркви во Велгошти, како и на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Охрид, црквата „Свети Никола“ во Пештани, црквата „Света Недела“ во Коњско, црквите „Св. Никола“ и „Св. Јован Крстител“ во Горно Лакочереј)[1].
Фрескоживописувал и во Јабланица и Луково, Струшко, како и во бројни цркви во Ресенско и пошироко.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Марјан Ристески“. Велгошти. 14.06.2008. Посетено на 12 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)