Лакочерејски манастир

манастир во Горно Лакоречеј, Општина Охрид

Лакочерејски манастир „Св. Спас“македонски православен манастирски комплекс сместен во атарот на охридското село Горно Лакочереј. Манастирот се наоѓа на околу 4 км југоисточно од селото, под падините на месноста Дебела Леска.[1] Манастирот според големината на имотот и сето она што го поседува, е вториот најбогат манастир во Дебарско-кичевската епархија.[2]

Лакочерејски манастир
Поглед кон целиот манастирски комплекс од внатре
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан18 век/1930
Посветен наИсус Христос
ЕпархијаДебарско-кичевска
Цркви„Вознесение Христово“
Личности
Место
МестоГорно Лакочереј, Општина Охрид, Македонија Македонија
Видливи остатоцицрква, конаци, камбанарија

Црква

уреди

Манастирот има една црква и е посветена на Вознесението Христово. Сегашната црква е изградена во 1930 година на темелите на постар објект од XVIII век.

 
Чинот со апостолите, XVII век, икони во црквата

Конаци

уреди

Манастирот има 3 конака, кои сите се новоизградени и се наоѓаат во одлична состојба.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Манастирот „Свети Спас“ во Горно Лакочереј, мало парче рај на Земјата

Надворешни врски

уреди