Црква Успение на Пресвета Богородица (Киев)

Црквата Успение на Пресвета Богородица (украински: Церква Успіння Богородиці Пирогощої) е христијанска црква која се наоѓа во Киев, Украина.

Црква Успение на Пресвета Богородица
Церква Богородиці Пирогощої
Карта
50°27′47″N 30°30′59″E / 50.46306° СГШ; 30.51639° ИГД / 50.46306; 30.51639
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска православна црква - Киевски патријарх
Мреж. местоhttp://www.cerkva.pyrogoscha.org.ua/main.html
Историја
Основана12 век
Основач(и)Мстислав I
Посветена наПресвета Богородица
Архитектура
Архитект(и)Себастијано Брачи
Иван Барски
Андреј Меленски
Стилвизантиска архитектура
староруска архитектура
Украински барок
Завршена1998
Урната1240, 1482, 1935

Оваа црква е православна црква, чии темели датираат од 12 век. Денешниот изглед, црквата го добила во 1998 година.

Историја

уреди

Првата црква започнала да се гради во времето на Мстислав I, а истата била завршена по неговата смрт. Таа станала првата црква во градот која била изградена од тули. Ѕидовите биле украсени со фрески а на врвот се наоѓал мозаик. Оваа црква била изградена во стил на романиката.

Храмот бил уништен во времето на монголската инвазија во Киевска Рус во 1240 година. Поголеми поправки на црквата биле направени во 15 век. Така, во 1474 година, таа била осветена. Во 1482 година црквата била повторно разрушена од страна на Татарите.

Во 1613 година, италијанскиот архитект Себастијано Браки ја реконструирал црквата во ренесансен стил. Во текот на XVIII век храмот бил реновиран во украински барок. По неколкуте големи пожари на почетокот на XIX век, храмот бил повторно реновиран добивајќи неокласичен стил. Камбанаријата била изградена во 1835 година.

Со доаѓањето на комунистите на власт, црквата била затворена, а во 1935 година срушена. Во 1997 година започнала повторната изградба на денешната црква, која целосно била изградена по една година.