Џамија Зејрек
Џамијата Зејрек (турски: Molla Zeyrek Camii) - џамија која се наоѓа во стариот дел на Истанбул, Турција. Овој објект во времето на Византија претставувал комплекс од две цркви и една капела, и денес претставува типичен пример за византиската архитектура од средниот период на Цариград. Во времето кога бил изграден, комплексот бил втор по големина како градба во Цариград, веднаш по Аја Софија. Таа била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Свети Седржител“.
Џамија Зејрек Zeyrek Camii | |
---|---|
Поглед кон џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°1′11″N 28°57′26″E / 41.01972° СГШ; 28.95722° ИГД |
Припадност | Сунитски ислам |
Епархија | Фатих |
Осветен | од 1118 до 1124 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква со квадратен крст |
Архитектонски стил | византиска архитектура |
Завршен | 1136 |
Особености | |
Материјали | тула |
Место
уредиКомплексот се наоѓа во Фазилет, Фатих. На помалку од километар на југоисток од џамијата се наоѓа џамија Ески Имарет.
Историја
уредиВизантиски период
уредиЦрквата била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Христос Седржител“ во времето на Ирина Комнина[1]. Манастирот се состоел од главната црква[2], библиотека и болница[3]. По смртта на неговата сопруга во 1124, императорот Јован II Комнин изградил уште една црква во северниот дел на комплексот[2], и храмот бил посветен на Пресвета Богородица Елеуса[2]. Во следниот период била додадена капела која станала место каде биле погребувани дел од членовите на династијата Палеолози[1], како императорот Јован II и неговата сопруга Ирена.
За време на Латинско Царство по Четвртата крстоносна војна, комплексот паднал под венецијанска власт[4]. Манастирот се користел и како резиденција на последниот латински император Болдвин. По реставрација на Византија, црквата повторно станала дом за православните монаси, со капацитет од 700 монаси. Еден од најпознатите монаси кои живееле овде бил Генадиј II, кој го напуштил манастирот и станал првиот цариградски патријарх кој застанал на таа функција по исламското освојување на градот во 1453 година[5].
Османлиски период
уредиПо падот на градот објектот бил претворен во џамија, додека манастирот во медреса[6]. Османлиите ја именувале џамијата според Мола Зејрек, научник кој работел во медресата. По завршувањето на медресата во Фатих џамија во 1471 година, учениците ја напуштиле џамијата Зејрек[7].
Објектот неколку години бил напуштен и како резултат на тоа бил додаден во списокот на загрозени споменици на УНЕСКО.
Галерија
уредиНаводи
уредиЛитература
уреди- Van Millingen, Alexander (1912). Byzantine Churches of Constantinople. London: MacMillan & Co.
- Eyice, Semavi (1955). Istanbul. Petite Guide a travers les Monuments Byzantins et Turcs (француски). Istanbul: Istanbul Matbaası.
- Mathews, Thomas F. (1976). The Byzantine Churches of Istanbul: A Photographic Survey. University Park: Pennsylvania State University Press. ISBN 0-271-01210-2.
- Gülersoy, Çelik (1976). A Guide to Istanbul. Istanbul: Istanbul Kitaplığı. OCLC 3849706.
- Krautheimer, Richard (1986). Architettura paleocristiana e bizantina (италијански). Turin: Einaudi. ISBN 88-06-59261-0.
- Ousterhout, Robert (2001). „Architecture, Art and Komnenian Ideology at the Pantokrator Monastery“. Во Necipoğlu, Nevra (уред.). Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7.
- Ahunbay, Metim; Ahunbay, Zeynep (2001). „Restoration work at the Zeyrek Camii, 1997-1998“. Во Necipoğlu, Nevra (уред.). Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7.
- Ronchey, Silvia; Braccini, Tommaso (2010). Il romanzo di Costantinopoli. Guida letteraria alla Roma d'Oriente (италијански). Torino: Einaudi. ISBN 978-88-06-18921-1.
Надворешни врски
уреди„Џамија Зејрек“ на Ризницата ? |