Василие Поповиќ - Цицо

(Пренасочено од Цицо Поповиќ)

Василие Поповиќ - Цицо (Скадар, 12 февруари 1914Скопје, 10 декември 1962) — сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар.

Василие Поповиќ - Цицо
Василие Поповиќ - Цицо
Роден(а)12 февруари 1914
Скадар, Црна Гора
Починал(а)10 декември 1962(1962-12-10) (возр. 48)
Скопје, НР Македонија, СФРЈ

Василие Поповиќ - Цицо е дизајнер на грбот на НР Македонија, врз кој во голема мера се темели и денешниот грб.

Животопис

уреди

Василие Поповиќ е роден во Скадар, Црна Гора, а на своја петгодишна возраст се преселува во Скопје, каде што живее сè до крајот на својот живот.

Своите сликарски вештини по гимназијата ги усовршува кај тогаш веќе етаблираниот уметник Никола Мартиновски, кому му помагал при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда во 1933 година.

Во периодот на почетокот на Втората светска војна и борбата против фашистичка Германија, од април 1941 година, Цицо е во повеќемесечно заробеништво во три концентрациони логори (Либек, Хоенфалс и Нирнберг).[1] Во 1944 година, Цицо е интерниран, овојпат во бугарски логор во Горна Џумаја (денешен Благоевград), но по интервенција на пријатели од Македонија и од Бугарија, тој е ослободен и набргу потоа отишол во партизани. Таму тој се ангажира во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ, сместен во селото Горно Врановци. Во овој период изработува цртежи и портрети на личности од неговото опкружување, како и карикатури за првото издание на весникот „Нова Македонија“ и за весникот „Македонка“ на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија.

Наводи

уреди
  1. Василие Поповиќ-Цицо : столетие : Даут-пашин амам, октомври 2014. НУ Национална галерија на Македонија. 2014. ISBN 978-608-4693-47-5.

Надворешни врски

уреди