Цеполе
Цеполе (понекогаш се нарекува фрителе, а во Сардинија циполе или цеопле сарде[1]) е италијанско пециво кое се состои од пржена топка од тесто со различна големина, но обично околу 10 см во дијаметар. Ова пржено јадење обично се прелива со шеќер во прав и може да се наполни со крем, желе, крем за пециво во стил на каноли или мешавина од путер и мед. Конзистентноста се движи од лесна и подуена, до леб - или тестенини. Се јаде за да се слави Денот на Свети Јосиф, кој е католички празник.[2]
Цепола исполнета со крем | |
Други имиња | Торта за Денот на Свети Јосиф, сфинга, крем пуфки од Свети Јосиф |
---|---|
Вид | Пециво |
Земја на потекло | Италија |
Главни состојки | Тесто, шеќер во прав, пржено тесто |
Cookbook: Цеполе на Викикниги
|
Основниот рецепт за цеполе, познат и како рикота крофни, се состои од една фунта рикота сирење, две чаши брашно, пет малку изматени јајца, малку сол, пет лажици шеќер, четири лажички прашок за печиво и една кафена лажичка од ванила. Прво, систе состојќи се мешаат во сад со дрвена лажица. Потоа, растителното масло се загрева на шпорет на средна температура. Потоа тестото со лажица се става во врелото масло додека да порумени. Потоа, цеполе се вади од маслото и се става на кафена хартија за печење да се излади. Откако ќе се изладат пецивата, неколку од нив се ставааат во кафена хартиена кеса и се наросуваат со шеќер во прав. Откако ќе се стават во кесичката, кесичката се протресува додека сите не се премачкаат рамномерно со шеќер. Тие треба да се сервираат топли, но може лесно да се загреат и подоцна.
Историја
уредиЦеполе се типични за италијанската кујна, особено онаа во Рим и Неапол. Цеполе потекнува од Стариот Рим кога луѓето почнале да пржат тесто и да ставаат шеќер или цимет врз него. Меѓутоа, цеполот што го има денес е создаден во XVIII век. Овие цеполи имаат или шеќер, цимет или чоколадо со нив. Тие се служат и на Сицилија, на островот Малта и во италијанските заедници во Канада и САД. Сардинските тзипулас, иако тие често се италијализирани во цеполе, се малку поинакви. Зипулите се јадат на Сардинија за да се прослави карневалот. Тие можат да се видат со различни состојки и различни форми. Зипулите се разликуваат од цеполот бидејќи се користи инка за да се стави тестото во маслото. Зипулите потоа излегуваат како различни форми поради спиралното движење што се користи со инката. Цеполе се познати по други имиња, вклучувајќи ги Биње ди Сан Џузепе (во Рим), тортата за Денот на Свети Јосиф и Сфинг.[3] Цеполе традиционално се консумираат за време на Феста ди Сан Џузепе (Денот на Свети Јосиф) кој се слави секој 19 март, кога цеполе се продаваат на многу улици, а понекогаш и се подаруваат.
Во Истра, Хрватска, ова пециво се нарекува бленци на местата каде што се зборува хрватски, а цеполе на местата каде што се зборува италијански. Тие секогаш се прелиени со шеќер во прав или друг прелив.
Обичајот бил популаризиран во почетокот на 19 век од неаполскиот пекар Пасквал Пинтауро.[3]
Видови
уредиНекои цеполе се полнат со рикота измешана со мали парчиња чоколадо, зашеќерени плодови и мед.
Цеполе може да биде и солен и да се состои од тесто за пржен леб често исполнет со аншоа. Во делови од Калабрија, сортата аншоа или султана се консумира на новогодишната ноќ и на Нова година. Во Малта, цеполите од аншоа традиционално се консумираат за време на постот.[4] Оваа верзија на солени цеполе е локално позната како шмек. Слатката верзија ја има и во многу слаткарници.
Во провинцијата Фросиноне во јужниот дел на Лацио, терминот сфинге се однесува на мешавина од рикота, шеќер и јајца со брашно, кои потоа може да се ароматизира со ванила, бадем, итн. Се уште се пржи во облици на топчиња, а се послужуваат прелиени со слаткарски шеќер.
Наводи
уреди- ↑ „Zippole“ (шпански). Архивирано од изворникот на 2018-12-09. Посетено на 2023-03-28.
- ↑ Brown, Ellen (2015). Donut Nation: A Cross-Country Guide to America's Best Donut Shops. Running Press p. 53. ISBN 978-0-7624-5525-6.
- ↑ 3,0 3,1 Zeldes, Leah A. (March 17, 2010). „Eat this! Zeppole for St. Joseph's Day“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide, Inc. Архивирано од изворникот на December 3, 2012. Посетено на March 19, 2010.
- ↑ Chetcuti, Kristina (1 April 2010). „Rabat's specialty for Lent – sfineġ“. Times of Malta Online.