Царица Милица и Владета Војвода

Царица Милица и Владета Војвода — српска епска (јуначка) песна. Песната ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од слепата жена Степанија.[1]

Содржина

уреди

Царицата Милица шета во околината на Крушевац, заедно со ќерките Вукосава и Мара. Ним им приоѓа војводата Владета кој штотуку се враќа од Косовската битка. Владета ѝ кажува на царицата дека го видел коњот на кнезот Лазар и смета дека тој погинал. Потоа, тој ѝ кажува дека ги видел и Југ-Богдан со неговите девет синови како со последните сили се борат против Османлиите. Најпосле, Владета раскажува за јуначката борба на Милош Обилиќ и за предавството на Вук Бранковиќ.[2]

Наводи

уреди
  1. В. Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 157-158.