Ѕидањето на Раваница
Ѕидањето на Раваница (српски: Зидање Раванице) е српска епска, јуначка песна.
Содржина
уредиВо Крушевац, кнезот Лазар ги повикува на гозба сите српски господа. Неговата сопруга Милица го прекорува поради тоа што сите претходни српски владетели изградиле цркви и манастири, а само тој не изградил ништо. Тогаш, кнезот Лазар објавува дека ќе го гради манастирот Раваница при што темелите ќе бидат од олово, црквата од сребро, злато, бисери и скапоцен камен. Сите благородници му честитаат, само Милош Обилиќ не вели ништо. Откако го прозива кнезот, Милош зема збор велејќи дека наскоро ќе дојде време кога Турците ќе го освојат царството и ќе ги урнат и ќе ги ограбат сите цркви и манастири. Оттука, тој го советува кнезот Лазар да ја изгради Раваница од камен, зашто само така таа ќе остане за вечни времиња.[1]
За песната
уредиПесната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од старецот Рашко кој бил родум од Колашин, Херцеговина, а на почетокот на Првото српско востание пребегал во Србија и се населил во селото Сабанти во близината на Крагуевац.[2]