Цангјанг Ѓацо
Цангјанг Ѓацо (1 март 1683 - 15 ноември 1706) — шестиот далај-лама. Бил припадник на етничката заедница Монпа којашто е слична на Тибеќаните. Тој живеел љубовен живот,а се претпоставува дека исчезнал и бил убиен во близина на Кукунор на неговото патување во Кина во 1706 година.Тој пишувал поеми и песни коишто имаат голема популарност и денес.
Цангјанг Ѓацо | |
---|---|
VI далај-лама | |
Цангјанг Ѓацо - шестиот далај-лама | |
Претходник | Лозанг Ѓацо |
Наследник | Келзанг Ѓацо |
Династија | Далај-лама |
Младост
уредиЦангјанг Ѓацо е роден на 1 март 1683 година во Таванг (денес Аруначал Прадеш, Индија) како Лама Таши Тензин од Ургелинг.Тој бил потомак на благородникот Пема Лингпа и Цеванг Ламо,девојка од етничката заедница Монпа којашто била осветена од поглаварското семејство на селото Бекар.
Денес за животот и смртта на шестиот далај-лама Цангјанг Ѓацо се раскажуваат повеќе приказни.
За негвото раѓање има неколку приказни.Веројатно,неговата мајка Цеванг била посетена од наеколку чудни претходници за неговото раѓање.Се вели дека уште во првиот месец од нејзината бременост,таа чистела ориз во камен сад.За нејзино изненадување водата започнала да се акумулира во садот.Според друга приказна додека Цеванг пиела вода,наместо вода за почнало да тече млеко.Потокот на којшто Цеванг пиела вода денес во литературат е познат како Ома-Циканг(Млечната вода).
Со тек на време Цеванг родила машко дете и заедно со неговиот дедо и Наванг Норбу со неговиот татко му даела име Сање Тензин.Па поради ов се вели дека Цангјанг не го пиел млекото од неговата мајка уште од денот на неговото раѓање.Еден ден кога неговото лице започнало да се надувува од инфекција,тој само го отворил едното око и двајца гаталци биле повикани.Тие го извршеиле својот лекувачки обичај и рекле дека тој треба да се вика Нгаванг Ѓамцо.
Неговото опоравување било кредитирано од регентот по интервенција на чуварот на далај-ламата Дорје Дакпа.Неговиот дедо сонувал дека тој ќе биде заштитен од небесните случувања,а неговата мајка сонувала дека за време на одморот што таа ќе го направи по ткаењето ќе дојде група на луѓе коишто ќе го земат.Неговата баба(од татко) пак сонувал дека на небото света две сонца.
Во 1693 години група од поглавари лама дошле од Тибет во Таванг,по изјавата на петтиот далај-лама Лозанг Ѓацо дека по неговата смрт ќе реинкарнира нов далај-лама.За момент Цангјанг играл со своите другари околу 1 километар источно од Ургелинг Гомпа.По крикот на неговата мајка да тој се врати веднаш,тој на една камена плоча запишал лама кено („Лама не заштитува“).Чудесно,но овие зборови се зачувани и до денес кои сè уште може да се прочитаат.
Историска основа
уредиИако петтиот далај-лама Лозанг Ѓацо умрел во 1682 година,неговиот регент Деси Сангје Ѓацо ја зачувал смртта во тајна,веројатно за да се создаде цврста и да се добие време при завршувањето со изградбата на Потала.Неговата реинкарнација е пронајдена во 1688 година во петгодишниот Цангјанг кога бил однесен во Нанкарце во близина на Ласа каде што бил чуван од регентот сè до 1697 година кога тој испратил делегација до кинескиот цар дека петтиот Далај-лама починал.
Регентот го поканил петтиот Панчен лама Лобзанг Јеши којшто ветил дека ќе му биде монах на момчето коешто го нарекол Цанг Ѓацо. Во октомври 1697 Цангјанг Ѓацо бил прогласен за шестиот Далај-лама.Во 1701 монголскиот крал Ла-бзанг Кан во сојузништво со Кинезите го убил регентот Сангје Ѓацо. Ова големо изненадување го вратило младиот Далај-лама кај петтиот Панчен лама Лобзанг Јеши во Шигатсе и негвоите монашки обиачи.
Животот како Далај-лама
уредиКако Далај-лама,Цангјанг Ѓацо напишал прекрасни поеми и песни,но често се водел од принципите на училиштата коишто го ширеле учењето Гелуг во тибетскиот будизам.Па,така тој на 18 години речил на Лобзанг Јеши да му го даде обичајот Гетсул наместовообичаениот Гелонг.
Панчен лама којшто бил и аббот во манастирот Ташилхунпо и принцот Лазанг којшто бил помлад брат на По Ѓалпо Вангјал го натерале да не го прави тоа.
Цангјанг Ѓацо уживал во животот со пиење,друшво на жени и пичување на љубовни песни.Тој го посетил Лобзанг Јеши во Шингатсе и ги примил неговите простувања коишто се однесувале на обичаите на младиот монах. Цангјанг Ѓацо отсекогаш одбивал да биде монах иако тоа не значи дека одбивал да биде Далај-лама.Тој носел облека типична за лаик и повеќе практикувал да оди пеш или да биде возен во паланквин отколку да јава коњ.Тој само повремено ги сочувал предностите на Далај-лама.Цангјанг посетувал паркови и ги поминувал ноќите по улиците на Ласа,пиејќи вино,пеејќи песни и љубејќи ги девојките.Тој си дозволил да живее во шатор во паркот покрај северниот дел од Потала. Цангјанг Ѓасто се откажал од животот во јавните паркови во 1702 година кога од него се барало да прави како што треба за неговата функција.
Заробувањето и исчезнувањето на шестиот Далај-лама
уредиКористејќи го однесувањето на Далај-лама,монголскиот крал на племето Ќошот Ла-бзанг Кан во сојузништво со Кинезите го убиле регентот,а го заробиле Далај-лама којшто или го убиле или умрел на пат кон Кина.На 28 јуни 1706 Ла-бзанг Кан го сменил Цангјанг и за следен Далај-ламаго поставил 25-годишниот Нгваанг Јеши Ѓацо, прокламирајќи го за вистинска реинкарнација на Лозанг Ѓацо.Меѓутоа на тоа остро се спротивставиле светите учители на учењето Гелуг како и целиот тибетски народ коишто сметале дека вистинска реинкарнација на Лозанг Ѓацо е Цангјанг Ѓацо. Додека бил надвор од Тибет,Цангјанг Ѓацо во една своја поема претскажал дека ќе се роди негова реинкарнација.„Бела дигалко,позајми ми ги твоите крилја.Нема да летам далеку. Од Литанг ќе се вратам.“ Цангјанг Ѓацо умрел мистериозно во близина на Кукунор на 15 ноември 1706 година,што е причина зошто неговиот гроб не е во Потала. Зачувани се и некои гласини дек тој избегал и живеел во тајност помеѓу Кина и Монголија.
По смртта на Цангјанг Ѓацо Тибеќаните се пожалиле на монголското племеЅунгар коешто извршило инвазија на Тибет и го убиле Ла-бзанг Ѓацо во 1717.
Цангјанг Ѓацо го наследил Келзанг Ѓацо којшто е роден во Литанг.
Претходник Лозанг Ѓацо |
Реинкарнација на далај-лама | Наследник Келзанг Ѓацо |