Холангиокарцином

Холангиокарцином е тип на канцер кој се јавува на жолчните канали.[5] Симптомите на холангиокарцином вклучуваат абдоминална болка, жолтица, губиток на телесна тежина, чешање, и треска.[1] Може да се јават и светло обоена столица или темно обоена урина.[3]

Холангиокарцином
СпецијалностОнкологија
СимптомиАбдоминална болка, жолтица, губиток на телесна тежина, чешање, треска[1]
Вообичаена појава70 години[2]
Ризик-факториПримарен склерозирачки холангитис, улцеративен колитис, инфекција со одредени метили, некои конгенитални хепатални малформации[1]
Дијагностички методБиопсија[3]
Честота1–2 луѓе на 100,000 на година[4]

Ризик-фактори за појава на холангиокарцином се примарен склерозирачки холангитис (инфламаторна болест на жолчните канали), улцеративен колитис, цироза, хепатитис C, хепатитис B, некои типови на метили, и некои конгенитални хепатални малформации.[1][2][6] Сепак, повеќето луѓе немаат препознатливи фактори на ризик.[2] Сомнеж за дијагнозата се јавува врз основа на крвни тестови, медицински снимки, ендоскопија.[3] Дијагнозата се потврдува со биопсија, односно со испитување на клетки од туморот под микроскоп.[3] Типично е аденокарцином (канцер кој формира жлезди или секретира муцин).[2]

Холангиокарциномот е типично неизлечлив при поставување на дијагнозата и затоа раната детекција е идеална.[7][1] Во овие случаи палијативниот третман може да вклучува хируршка ресекција, хемотерапија, радијациона терапија, и стентирање.[1] Во околу една третина од случаите кои го зафаќаат заедничкиот жолчен канал туморот може целосно да се отстрани со операција што нуди шанса за излекување.[1] Дури и кога хируршкото отстранување е успешно, се препорачуваат хемотерапија и радијациона терапи.[1] Во одредени случаи третманот може да вклучи трансплантација на црн дроб.[2] Дури и кога операцијата е успешна 5-годишното преживување е типично помалку од 50%.[4]

Холангиокарциномт е редок во западниот свет, со проценка дека се јавуваат 0.5–2 случаи на 100,000 луѓе на годишно ниво.[1][4] Стапките се повисоки во Југоисточна Азија каде се чести метилите на црниот дроб.[8] Стапките во некои делови на Тајланд се 60 случаи на 100,000 жители на годишно ниво.[8] Вообичаено случаите се јавуваат кај луѓе во нивните 70-ти години; сепак, кај оние со примарен склерозирачки холангитис може да се јават и во 40-те години.[2] Стапките на холангиокарцином во западниот свет исто така се зголемуваат.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Bile Duct Cancer (Cholangiocarcinoma) Treatment“. National Cancer Institute. 23 September 2020. Посетено на 29 May 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Razumilava N, Gores GJ (June 2014). „Cholangiocarcinoma“. Lancet. 383 (9935): 2168–79. doi:10.1016/S0140-6736(13)61903-0. PMC 4069226. PMID 24581682 //www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4069226 На |pmc= му недостасува наслов (help).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Bile Duct Cancer (Cholangiocarcinoma)“. National Cancer Institute. 5 July 2018. Посетено на 21 January 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Bridgewater JA, Goodman KA, Kalyan A, Mulcahy MF (2016). „Biliary Tract Cancer: Epidemiology, Radiotherapy, and Molecular Profiling“. American Society of Clinical Oncology Educational Book. American Society of Clinical Oncology. Annual Meeting. 35 (36): e194-203. doi:10.1200/EDBK_160831. PMID 27249723.
  5. „cholangiocarcinoma“. National Cancer Institute. 2 February 2011. Посетено на 21 January 2019.
  6. Steele JA, Richter CH, Echaubard P, Saenna P, Stout V, Sithithaworn P, и др. (May 2018). „Thinking beyond Opisthorchis viverrini for risk of cholangiocarcinoma in the lower Mekong region: a systematic review and meta-analysis“. Infectious Diseases of Poverty. 7 (1): 44. doi:10.1186/s40249-018-0434-3. PMC 5956617. PMID 29769113 //www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5956617 На |pmc= му недостасува наслов (help).
  7. Zhang, Tan; Zhang, Sina; Jin, Chen; и др. (2021). „A Predictive Model Based on the Gut Microbiota Improves the Diagnostic Effect in Patients with Cholangiocarcinoma“. Frontiers in Cellular and Infection Microbiology. 11: 751795. doi:10.3389/fcimb.2021.751795. PMC 8650695 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 34888258 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  8. 8,0 8,1 Bosman, Frank T. (2014). „Chapter 5.6: Liver cancer“. Во Stewart, Bernard W.; Wild, Christopher P (уред.). World Cancer Report (PDF). the International Agency for Research on Cancer, World Health Organization. стр. 403–12. ISBN 978-92-832-0443-5.