Болки во стомакот
(Пренасочено од Абдоминална болка)
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Болките во стомакот се доста чести, болката во стомакот ни претставува симптом којшто може да биде пропратен симптом на полесно заболување а во некои случаи може да биде и симптом на некои видови на потешки заболувања па,според тоа имаме:
Диференцијална дијагноза
уредиСимптоми | Болест/Тегоба | Што да направите | Други имформации |
---|---|---|---|
Акутни,постојани болки во стомакот што се шират кон грбот и градите;температура;мачнина;повраќање;дуење на стомакот;студена,влажна и леплива кожа | Воспаление на панкреасот | Веднаш повикајте лекар за да ги избегнете можните комликации ризични за живот | Обично причината се состои во прекумерното пиење на алкохол или болести на жолчката.За да можете да го држите под контрола хроничното воспаление на панкреасот,избегнувајте алкохол или масна храна. |
Многу болни грчеви,што се посилни на левата страна од стомакот;треска;температура;мачнина;склоност кон запек | Дивертикулус | 'Веднаш повикајте лекар.Во потешки случаи можеби ќе биде потребна хоспитализација и хирушки зафат.Лекувањето кај полесните случаи обично вклучува мирување,средства за омекнување на изметот,течна храна,антибиотици и, можеби антиспазметици' | Иако за време на воспалението треба да јадете храна што не ја поттикнува работата на системот за варење, исхраната богата со растителни влакна би требало да дејствува превентивно. |
Остра болка која од страната се пренесува кон слабините и/или стомакот;чест нагон на мочање;отежнато истекување на мочта;болно мочање;матна моч или моч со непријатен мирис;температура или треска;мачнина и повраќање;обилно потење | Камен во бубрегот | Веднаш повикајте лекар.Лекарската процена е неопходна за одредување на дијагнозите и начинот на лекување.Честопати првата мерка се состои во тоа да пиете многу вода и средства против болки сè додека не излезе каменот. | Можеби инфекцијата,затнувањето или големите камења ќе го направат хирушкиот зафат неопходен.При новиот метод на лекување се ползуваат високоенергетски ударни бранови за да се скршат камењата без операција. |
Болки во долниот дел на стомакот кои се придружени со болно и често мочање постојан нагон на мочање;мо=на крв со мочта | Инфекции на уринарниот тракт | Ако имате температура,ви студи,ве боли грбот ви е лошо и повраќате,можеби,имате инфекција на бубрезите. Веднаш повикајте лекар. | Бремените жени,дијабетичарите и станарите во старечки и други домови се во најголема опасност од тешки компликации предизвикани со инфекции на мочниот систем. |
Болка што се шири одоздола под градната коска кон вратот и рацете;ждригавица;повраќање;дуење;отежнато голтање | Хијатусна кила | Во промените во начинот на живеење кои можат да ги смират симптомите се вбројуваат и избегнувањето цигари и алкохол,јадење помали оброци,но и избегнување јадење два часа пред спиење. | |
Болно грчење во делот на карлицата за време на менструацијата | Менструални грчеви | Употребете средство против болки,како што е ацетилсалинцилната киселина(на пр.аспирин) или ибупрофен. | Хиропрактиката, акупунктурата или дополнителните количества магнезиум може да бидат полезни.При силни грчеви,лекарот може да ви препише средство против воспаление што се добива само со рецепт. |
Исклучително големи болки во стомакот без или со други акутни симптоми | Итни состојби:затнување на цревата, воспаление на стомачната обвивка, воспаление на слепото црево, преплет на цревата (илеус), воспаление на карлицата, срцев удар, анеуризам на стомачната аорта,исхемично црево, нарушување при бременост надвор од матката,прснување на циста на јајчникот,прснување на пептички чир,анафилактички шок,хемиска изгореница,итни состојби предизвикани од дијабетес,труење | Веднаш повикајте го својот лекар или брза помош.ПОтребна ви е итна медицинска помош | |
Болки во стомакот;чувство на печење во градите;болки во градите,особено по јадење или пиење алкохол;гасови и ждригање;мачнина;кисел вкус во устата | *Киселина во желудникот;тегоби при варењето;ждригавица | Приспособете го својот начин на исхрана и внесување на течности или употребувајте антрацид за да ги намалите симптомите | Избегнувајте цигари, кофеин, алкохол, брзо јадење, ацетилсалинска киселина (на пр. аспирин) и други нестероидни противвоспалителни лекови. |
Грчеви и болки во стомакот;мачнина;пролив;повраќање;температура;слабост;гасови. | Гастроентеритис | Одморајте се и пијте многу течности | Гастроентеритисот е воспаление на желудникот и цревата, често предизвикан од вирус или труење со храна.Можеби ќе ви биде потребна хоспитализација,ако симптомите се тешки или во случај пациентот да е млад, повозрасен или немоќен. |
Пречки во желудникот, болки или грчеви;болка под градната коска;можна мачнина | Гастритис | Еден ден пијте само течности;потоа повторно јадете тврда храна во мали количества. | Гастритисот, воспаление на желудочната обвивка, може да биде предизвикан од факторите што произлегуваат од начинот на живеење, на пр. прекумерно пиење алкохол, пушење или прекумерно јадење; со употреба на ацетилсалицилна киселина(на пр.аспирин), ибупрофен или лекови кои се добиваат на лекарски рецепт, или пак со бактериска инфекција. |
Болни во стомакот или под градната коска, често ноќе или еден час по јадењето;болката обично се ублажува со јадење или повраќање;можен црн измет | *Пептичен улкус | Одморајте се;јадете малку и често, употребувајте антациди;избегнувајте цигари, алкохол, ацетилсалицилна киселина(на пр. аспирин) и кофеин.Лекарот е можеби ќе ви препише блокатор на хистаминот x2. Ако изметот ви е црн,можно е чирот да крвари.Веднаш повикајте лекар | *Ако симптомите продолжуваат или повторно се појават, лекарот ќе сака да изврши анализа за види дали имате Heliobacter pyori,бактерија што е основна причина за пептичките чиреви.Се лекува со антибиотици. |
Болки во стомакот придружени со пролив или запек, особени по јадење;олеснување по празнењето на цревата | Синдром на надразливо црево | Веднаш повикајте лекар.Лекарската процена е неопходна за одредување на дијагнозата и лекувањето. | *Збогатувањето на исхраната со растителни влакна и течности е многу важно, како и телесните вежби.Бидејќи стресот оваа тегоба ја активира, советувањето, биофидбекот јогата или медитациите може да помогнат. |
Грчеви или болки во стомакот;температура;губење на апетитот;губење на тежината;пролив;гасови;крварење од правото црево | Воспалителна болест на цревата;улцерозен колитис;Кронова болест | Веднаш повикајте лекар.Лекарската процена е неопходна за одредување на дијагнозата и лекувањето. | Различни алтернативни начини за лекување како што е пиење сокови од зелен листест зеленчук,што соодржат хлорофил,може да ги смират симптомите.Во тешки случаи е потребна операција за целосно или делумно отстранување на оштетеното црево. |
Остра,еднолична болка во слабините;израсток (џумка) во стомакот што се чувствива кога стоите или се напрегнувате | Ингвинална кила (хернија) | При ова нарушување,цревата или мочниот меур излегуваат надвор од стомачниот ѕид. | |
Силна, ненадејна болка во горниот десен дел од стомакот, особено по јадење масна храна; болката може да помине на десната лопатка, може да трае неколку часа, а потоа следува општа тегобност во пределот на стомакот;мачнина,повраќање | Камења во жолчката | *Веднаш повикајте лекар.Лекарската процена е неопходна за одредување на дијагнозата и лекувањето,што може да вклучува и хирушки зафат, отстранување на жолчката или нехирушка постапка за топење на камењата. | Со намалување на количеството на маснотии и месо во исхраната и зголемувањето на количеството на растителни влакна може да го спречите создавањето нови камења. |