Ендоскопија
Ендоскопија (гледање внатре) – се користи во медицината за да се гледа внатре во телото.[1] Ендоскопската процедура користи ендоскоп за да ја испитува внатрешноста на орган или шуплина на телото. За разлика од други медицински техники за добивање слика, ендоскопите се вметнуваат директно во органот.
Ендоскопија | |
---|---|
Медицинска процедура | |
Пример на флексибилен ендоскоп | |
MeSH | D004724 |
OPS-301 code: | 1-40...1-49, 1-61...1-69 |
MedlinePlus | 003338 |
Постојат бројни видови ендоскопи. Во зависност од локацијата во телото и видот на процедурата, ендоскопијата може да ја вршат хирурзи или други доктори. Пациентот може да биде свесен или анестезиран за време на процедурата. Најчесто поимот ендоскопија се користи за да реферира испитување на горниот дел на човечкиот гастроинтестинален тракт, познато како езофагогастродуоденоскопија.[2]
За немедицинска употреба, сличните инструменти се нарекуваат бороскопи.
Наводи
уреди- ↑ „Endoscopy“. British Medical Association Complete Family Health Encyclopedia. Dorling Kindersley Limited. 1990.
- ↑ „Endoscopy“. Cancer Research UK. Архивирано од изворникот на 2017-02-01.
Надворешни врски
уреди„Ендоскопија“ на Ризницата ? |
- The Atlas of Gastrointestinal Endoscopy Архивирано на 18 април 2012 г. endoatlas.com
- El Salvador Atlas of Gastrointestinal Endoscopy
- Gastrolab: Site in English, Swedish and Finnish with gastrointestinal endoscopy photolibrary Архивирано на 10 јули 2020 г.
- Preventing cross-contamination from flexible endoscopes Архивирано на 13 мај 2011 г. massdevice.com
- Advances in Endoscopy Архивирано на 13 мај 2018 г. advancedimagingpro.com
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |