Слободен пристап

(Пренасочено од Отворен пристап)

Слободен пристап (англиски: open access) означува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување стручно рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.

Лого на Движењето за отворен пристап

Два важни документа на меѓународно ниво кои се однесуваат на отворениот пристап се Будимпештанската иницијатива за отворен пристап од 2002 година и Берлинската декларација за отворен пристап до знаење од природните и општествените науки од 2003 година.

За постигнување отворен пристап, воглавно се применуваат две главни насоки, или нивни варијации.

  1. Кај издаваштвото со отворен пристап, познато и како „златен пат“, академските списанија овозможуваат отворен пристап во моментот на публикување. Такви издавачи се Биомед централ (BioMed Central) и Јавната научна библиотека (Public Library of Science).
  2. Кај само-архивирањето со отворен пристап, познато и како „зелен пат“, авторите овозможуваат јавен пристап до копии на нивните веќе публикувани трудови, воглавно со тоа што ги внесуваат во институционални архиви. Водечки застапник на „зелената“ школа е Стеван Харнад (Stevan Harnad), кој дејствува на ова поле од 1994 година.

Во светот, отворениот пристап е тема на широка дискусија во која учествуваат научни работници, библиотекари, администратори на универзитети и владини функционери. Забележливо е големо неразбирање на поимот на отворен пристап, како и дебати и дискусии за економијата на финансирање на научен комуникациски систем врз основа на него.

Надворешни врски

уреди