Улцеративен колитис

Улцеративен колитис — хронична состојба која разултира со појава на воспаление и улцери на колонот и ректумот.[1][2] Главни симптоми на активна болест се абдоминална болка и дијареа помешана со крв.[1] Губиток на телесна тежина, треска, и анемија исто така може да се појават.[1] Често, симптомите се развиваат бавно и може да бидат од благи до сериозни.[1] Симптомите вообичаено се јавуваат периодично со периоди без симптоми помеѓу две егзацебрации.[1] Компликациите може да вклучуваат абнормална дилатација на колонот (мегаколон), воспаление на очите, зглобовите, или црниот дроб, и рак на дебелото црево.[1][3]

Заедно со Кронова болест, околу 11.2 милиони луѓе биле засегнати заклулно со 2015 година.[4] Секоја година се јавува за прв пат кај 1 до 20 луѓе на 100,000 жители, а 5 до 500 луѓе на 100,000 жители се засегнати.[2][5] Болеста е почеста во Северна Америка и Европа отколку во другите региони.[5] Почесто се јавува кај лица од 15 до 30 години, или кај оние над 60 години.[1] Males and females appear to be affected in equal proportions.[2] Исто така нејзината зачестеност се зголемува од 1950-те.[2][5] Заедно, улцеративниот колитис и Кроновата болеста ги имаат околу милион луѓе во САД.[6] Со соодветен третман ризикот од смрт е еднаков со општата популација.[3] Улцеративниот колитис за прв пат бил опишан околу 1850-те.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BMJ2013.
  3. 3,0 3,1 Wanderås MH, Moum BA, Høivik ML, Hovde Ø (May 2016). „Predictive factors for a severe clinical course in ulcerative colitis: Results from population-based studies“. World Journal of Gastrointestinal Pharmacology and Therapeutics. 7 (2): 235–241. doi:10.4292/wjgpt.v7.i2.235. PMC 4848246. PMID 27158539.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име GBD2015Pre.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Danese S, Fiocchi C (November 2011). „Ulcerative colitis“. The New England Journal of Medicine. 365 (18): 1713–1725. doi:10.1056/NEJMra1102942. PMID 22047562.
  6. Adams JG (2012). Emergency Medicine E-Book: Clinical Essentials (Expert Consult – Online) (англиски). Elsevier Health Sciences. стр. 304. ISBN 978-1455733941.