Хисни Шаќири

Политичар од Македонија

Исни Шаќири (албански: Hisni Shaqiri; Отља, 1 март 1949) — македонски политичар, пратеник во Собранието на Република Македонија. За време на Конфликтот во 2001 година, тој бил член на ОНА.

Хисни Шаќири
Hisni Shaqiri

ПрекариДост
Роден1 март 1949
Отља, НР Македонија, ФНРЈ
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Шаќири завршил Филозофски факултет, на отсек историја. Работел како наставник.[1] Во периодот од 1990 до 2001 година, бил пратеник на Собранието на Македонија, од редовите на ДПА.

Кога започнал конфликтот во Македонија, тој јавно се откажал од пратеничката функција и преминал во редовите на ОНА. Во почетокот, тој требало политички да ја претставува ОНА во случај на „преговори“ пред меѓународната јавност со македонските власти, бидејќи другите членови од Главниот штаб на ОНА не биле од Македонија. Во Витина, тој основал група од 30-тина војници и влегол на територијата на Општина Липково[2].

На 24 јули 2001 година, тој бил ставен на македонскиот црн список на граѓани,[3] а на 27 јули, тој бил ставен ѝ на списокот на тогашниот претседател на Соединетите Држави, Џорџ Буш.[4]

По крајот на конфликтот во Македонија, согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[5]. Во 2002 година станал член на Централното претседателство на партијата на Али Ахмети, Демократска унија за интеграција и повторно станал пратеник во Собранието. Во 2005 година, тој ја напуштил ДУИ и основал своја партија, Нови демократски сили.

Наводи

уреди
  1. „Собрание на Република Македонија: Хисни Шакири“. Посетено на 2012-02-16.
  2. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за внатрешни работи, стр. 82
  3. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.
  5. „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“. Посетено на 16 февруари 2011.