Серафими[1][2] (грчки: σεραφείμ; хебрејски: שְׂרָפִים - блескав, пламен, гори; суштества кои горат со непрестаен оган) — небесни суштества во христијанството и јудаизмот. Во небесната хиерархија во јудаизмот тие се на петто место од девет, во христијанството се на прво место. Серафимите се спомнати и во една неканонска книга - Книгата на Енох.

Фреска со серафими кои ги чуваат портите на рајот

Историја

уреди

Во Стариот завет, тие се споменати во книгата на пророкот Езекија (Езекија 1,5) и пророкот Исаија (Ис.6,2). Во Новиот завет, тие се спомнати во Откровението на Јован (Откр. Јов 4,7). Серафимите се појавуваат во 2 век пред Христа во Книгата на Енох, каде што се опишани како (δράκονες „змејови“), во гностичките текстови се споменуваат и како ангели слични на змеј.

Опис

уреди
 

Во книгата на пророкот Исаија тие се спомнати како шесткрилни суштества: „Над него стоеја серафими, секој од нив имаше по шест крила: со две го покриваа лицето, со две ги покриваа нозете, а со две лежеа...“ (Ис.6.2). Во Библијата, овој збор за прв пат се среќава каде што се нарекува отровна змија (огнена змија), која нанесува смртна рана (4 Мој 21,6), (5 Мој 8,15). Покрај тоа, серафимот се користи и во смисла на исцелување: според (4 Мој 21,8), погледот на серафим подигнат на столб му носи исцеление на оној што го каснале змии (2 Цар. 18,4; Јн. 3,14).

Наводи

уреди

Литература

уреди

Извори

уреди