Хелена Ракочи (полски: Helena Rakoczy; 23 декември 1921 - 2 септември 2014 година) ― полска гимнастичарка и светски првак.

Хелена Ракочи
Ракочи во 1950 година
Лични информации
Држава која ја претставуваПолска
Роден(а)23 декември 1921(1921-12-23)
Краков, Полска
Починал(а)2 септември 2014(2014-09-02) (возр. 92)
Краков, Полска
ДисциплинаЖенска уметничка гимнастика

Гимнастика

уреди

Учествувала на Олимписките игри 1952 и 1956[1][2]. Нејзините најголеми успеси ги постигнала на Светските првенства во уметничка гимнастика во 1950 и во 1954 година. Таа е најодликуваната полска гимнастичарка досега. Таа била и светски првак во уметничка гимнастика. На Олимписките игри во Хелсинки во 1952 година не успеала да обезбеди пласман во финалето. Таа имала медал од Олимписките игри во 1956 година во Мелбурн и седум медали, од кои 4 златни од две светски првенства во 1950 година во Базел и во 1954 година во Рим. Таа била висока 166 сантиметри. По завршувањето на гимнастичката кариера почнала да работи како тренер (вклучително и во репрезентацијата).[3]

Наводи

уреди
  1. Gymn Forum: ResultsПредлошка:Ботовски наслов
  2. Helena Rakoczy | The International Gymnastics Hall of Fame
  3. „Helena Rakoczy's profile at Sports Reference.com“. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2012. Посетено на 9 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди