Харалд V

крал на Новрешка

Харалд V (норвешки: Harald V; роден на 21 февруари 1937 година) е крал на Норвешка. Тронот го наследил на 17 јануари 1991 година.

Харалд V
Кралот Харалд V во Осло во 2016
Крал на Норвешка
На престол17 јануари 1991 – денес
Крунисување23 јуни 1991
ПретходникУлав V
НаследникХокон
Роден(а)21 февруари 1937(1937-02-21)(87 г.)
Скаугум, Акершус, Норвешка
СопружникСоња Харалдсен (в. 1968)
Деца
Detail
  • Марта Луиз
  • Хокон
ДинастијаГлуксбург[1]
ТаткоОлав V, Крал на Норвешка
МајкаПринцезата Марта од Шведска
ВероисповедНорвешка црква
ПотписХаралд V's signature

По смртта на неговиот дедо Хокон VII во 1957 година, Харалд станал престолонаследник, а неговиот татко станал крал. Харалд во 1968 година се оженил со Соња Харалдсен, нивната врска првично била контроверзна поради нејзиниот статус како обична жителка. Тие имаат две деца, Марта Луиз и Хокон кој е престолонаследник.

Тој е правнук на кралот Едвард VII од Обединетото Кралство и втор братучед на Елизабета Втора.

Биографија

уреди
 
Принцот Харалд со неговата мајка принцезата Марта

Харалд е роден на 21 февруари 1937 година Харалд е роден во кралската резиденција Скаугум во Аскер како син на престолонаследникот Улав (подоцна крал Улав V) и Марта од Шведска, и станал прв принц роден во Норвешка по 1370 година. Тој е трето дете во семејството (има две постари сестри, принцезите Рагнхилд и Астрид). Тој е втор братучед на Елизабета Втора, кралицата на Велика Британија. Во 1940 година, по германската инвазија кралското семејство ја напуштило Норвешка и живеело во Вашингтон (дедото на Харалд, Хокон VII и неговиот татко, престолонаследникот Олав, ја поминале војната во Лондон на чело на влада во егзил). Во 1945 година, принцот се вратил во Норвешка и почнал да студира на Универзитетот во Осло (од 1955 година ) и на воената академија. Во 1960 година се запишал на студии во Оксфорд.

Во 1968 година, се оженил со неблагородничка Соња Харалдсен, и заедно имаат две деца: принцезата Марта Луиз и престолонаследникот Хокон.

Како спортист, ја претставувал Норвешка во едрење на Олимписките игри во 1964, 1968 и 1972 година, а подоцна станал покровител на Светското едриличарство. Освоил злато на Светските првенства како дел од тимот во 1987 година. Во 1964 година го носел норвешкото знаме на Олимписките игри во Токио. За разлика од неговиот татко Олав V, кој стана олимписки шампион во 1928 година во Амстердам, најдобар пласман на Харалд на Олимписките игри бил осмото место. Во 2005 година, како крал (два месеци по операцијата на срцето), заедно со тимот победил на европските натпревари во Шведска на 68-годишна возраст.[2]

Владеење

уреди

По смртта на неговиот татко на 17 јануари 1991 година, Харалд автоматски го наследил норвешкиот престол. Тој станал првиот монарх роден во Норвешка по смртта на Олаф IV во 1387 година, по цели 604 години. Харалд е шестиот крал на Норвешка што го носи ова име и прв по 855 години. Петте други кралеви кои го носеле името се Харалд Ферхер, Харалд Сивокожиот, Харалд Синозабиот, Харалд Суровиот и Харалд Жил. На Харалд Синозабиот не му е даден број во норвешката листа на кралеви, затоа Харалд е нумериран како Харалд V. Кралот Харалд донел одлука да го користи кралското мото на неговиот дедо, „Сѐ за Норвешка“. Кралот, исто така, избрал да ја продолжи традицијата на кралското благословување, традиција воведена од неговиот татко и бил осветен заедно со кралицата Соња во Нидароската катедрала на 23 јуни 1991 година.[3]

Владеењето на кралот Харалд е одбележано со модернизацијата и реформите на норвешкото кралско семејство.[4][5] Кралот тесно соработувал со кралицата Соња и престолонаследникот за да се погрижи кралското семејство да биде поотворено за норвешката јавност и норвешките медиуми. Под водство на кралот Харалд и кралицата Соња, биле реновирани Кралската палата и Оскаршал, кои биле отворени за јавноста и туристите.[6] Харалд V го предводи Државниот совет во Кралската палата, кој се состанува секој петок. Тој, исто така, одржува неделни состаноци со премиерот и министерот за надворешни работи, прима странски претставници и го отвора парламентот секој октомври. Според норвешкиот устав, кралот ја назначува владата. Норвешка има парламент од 1884 година, што значи дека владата мора да има поддршка од Парламентот. Кралот го назначува лидерот на победничкиот парламентарен блок на функцијата премиер. Кога ситуацијата во Парламентот е нејасна, кралот се потпира на советите на претседателот на Парламентот и актуелниот премиер. Како шеф на норвешката држава, кралот формално ја отвора парламентарната седница секоја есен, одржувајќи говор од престолот за време на секое отворање. Тој често патува низ Норвешка и прави официјални државни посети на други земји, а и прима гости.

Во 1994 година, кралот Харалд и престолонаследникот Хокон учествувале во церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лилехамер. Кралот ги отвори игрите, а престолонаследникот го запали огнот, оддавајќи им почит и на неговиот татко и на неговиот дедо како олимпијци. Кралот ја претставуваше Норвешка на свеченото отворање на Олимписките игри во Торино и Пекинг. Сепак, тој не бил присутен во Ванкувер, каде наместо него присуствувал престолонаследникот.

 
Кралот Харалд V со Маурицио Макри, претседателот на Аргентина во Буенос Аирес, 2018 година

Во 2003-2004 и 2005 година, кралот бил сериозно болен и бил подложен на операција за лекување од рак и од кардиоваскуларни заболувања (му била извршена бајпас операција), на 9 јануари 2020 година бил хоспитализиран и извесно време ослободен од кралските должности поради здравствени причини; во сите овие случаи престолонаследникот Хокон дејствувал како регент.

До 2012 година, кралот на Норвешка бил, според уставот, формален поглавар на Норвешката црква. Со уставниот амандман од 21 мај 2012 година, кралот повеќе не е формален поглавар, но сепак се бара да биде припадник на евангелско-лутеранската религија.

На 8 мај 2018 година, уставниот статус на кралот како свет бил укинат, но го задржал својот суверен имунитет.[7]

Во 2015 година, тој стана првиот монарх кој го посетил Антарктикот, поточно норвешката зависна територија Земјата на кралицата Мод.[8] Во 2016 година, кралот Харалд V се натпреварувал со тим на Светското првенство во едрење на езерото Онтарио крај Торонто[9] каде завршил на второ место во категоријата класична флота.[10] Тој од канадската национална пошта бил наречен „Кралот морнар“ затоа што спиел на неговата јахта „Сира“.[11]

Кога кралот и кралицата наполнија 80 години во 2017 година, кралот одлучи да ги отвори за јавноста поранешните кралски штали како подарок за неговата сопруга. Тоа е првата институција во сопственост на кралското семејство која е постојано отворена за јавноста.[12] Кралот Харалд бил прогласен за личност на годината од норвешкиот весник Верденс Ганг во 2017 година.[13]

На 17 јануари 2021 година, кралот Харалд прослави 30 години на престолот на Норвешка.[14]

Титули и грбови

уреди

Титули

уреди
  • 21 февруари 1937 година - 21 септември 1957 година: Неговото кралско височество принцот Харалд од Норвешка
  • 21 септември 1957 година - 17 јануари 1991 година: Неговото кралско височество престолонаследникот на Норвешка
  • Од 17 јануари 1991 година: Неговото Височество Кралот на Норвешка

Грбови

уреди

Почести и медали

уреди

Кралот е генерал со четири ѕвезди, адмирал и формален врховен командант на норвешките вооружени сили. Пешадискиот баталјон „Гардата на Неговото Кралско Височество“ се смета за телохранители на кралот и кралското семејство. Тие ги чуваат кралските резиденции, како и Кралската палата, резиденцијата на престолонаследникот во Скаугум и Кралскиот мавзолеј во Акершускиот замок.

     

       

       

       

       

Наводи

уреди
  1. „The Royal Family“. Архивирано од изворникот 3 September 2014. Посетено на 25 October 2014.
  2. Sandefjords Blad on the King's performance in the World Championship (на норвешки) Retrieved 10 September 2007. [мртва врска]
  3. „The Consecration of King Harald and Queen Sonja“. www.kongehuset.no (норвешки). Архивирано од изворникот на 28 December 2017. Посетено на 2017-12-28.
  4. NRK. „– Å si at vi ikke er åpne, er rett og slett feil“. NRK (норвешки букмол). Посетено на 2017-12-29.
  5. „Stanghelle: "Kong Harald står frem som mannen som forstår sin egen tid". Aftenposten. Архивирано од изворникот на 29 December 2017. Посетено на 2017-12-28.
  6. „The Royal Palace is open to the public“. www.royalcourt.no (англиски). Архивирано од изворникот на 29 December 2017. Посетено на 2017-12-28.
  7. NTB 2018.
  8. „King Harald visits Antarctic namesake“. The Local. 11 February 2015. Архивирано од изворникот на 15 February 2015. Посетено на 15 February 2015.
  9. „King Harald of Norway in Canada to participate in sailing World Championships – Royal Central“. royalcentral.co.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 29 May 2017. Посетено на 2017-05-30.
  10. „North American Eight Metre Association“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 8 August 2017.
  11. „Norway's sailor king: Why Harald V has been sleeping on a yacht moored on Toronto's waterfront“. National Post (англиски). Посетено на 2017-05-30.
  12. „The Art Stable is open“. www.royalcourt.no (англиски). Архивирано од изворникот на 29 December 2017. Посетено на 2017-12-28.
  13. „Kongebiograf: Kong Harald blir mer populær jo eldre han blir“ (норвешки). Архивирано од изворникот на 21 February 2018. Посетено на 2018-02-21.
  14. „King and Queen for 30 years“.

Надворешни врски

уреди
Предлошка:S-roy
Харалд V
Глуксбуршка Династија
Роден(а): 21 Февруари 1937
Владејачки титули
Претходник
Олав V
Крал на Норвешка
1991–денес
На должноста
Престолонаследник:
Хокон
Претходник
Олав
Престолонаследник на Норвешка
1957–1991
Наследник
Хокон