Улав V Норвешки
Улав V (норвешки: Olav V; роден како принц Александар од Данска; 2 јули 1903 – 17 јануари 1991 година) бил крал на Норвешка од 1957 година до неговата смрт во 1991 година.
Ран живот
уредиУлав се родил на 2 јули 1903 година како принц Александар Едвард Кристијан Фредерик на кралскиот имот Сандрингам, Флитчам во Обединетото Кралство.[1] Улав бил единствено дете на принцот Карл, помладиот син од данскиот престолонаследник Фредерик (подоцна крал Фредерик VIII) и принцезата Мод, најмладата ќерка на кралот Едвард VII (најстариот син на британската кралица Викторија). Во 1905 година, откако Карл бил избран за крал на Норвешка го зел името Хокон VII, а на денот на неговото крунисување на својот двегодишен син му го дал норвешкото име Улав по Улаф Хоконсон, кралот на Норвешка и Данска.[2]
Откако неговиот татко бил избран за крал на Норвешка во 1905 година, Улав станал престолонаследник на норвешкиот престол. Тој бил првиот норвешки престолонаследник кој израснал и бил воспитан во Норвешка по Олав IV во четиринаесеттиот век. Како подготовка за неговата идна улога, тој посетувал и цивилни и воени училишта. Дипломирал на тригодишната Норвешка воена академија во 1924 година, а следните две години студирал правосудство и економија на колеџот Балиол во Оксфорд.[3]
На 21 март 1929 година во Осло, се оженил со својата прва братучетка принцезата Марта од Шведска со која имал две ќерки, Рагнхилд и Астрид и еден син Харалд. Прогонети за време на Втората светска војна, принцезата Марта и кралските деца живееле во Вашингтон, каде што се спријателила со Френклин Д. Рузвелт. Марта починала во 1954 година, пред нејзиниот сопруг да се качи на престолот.
Втора светска војна
уредиКако престолонаследник, Улав добил обемна воена обука и учествувал во повеќето норвешки воени вежби. Во 1939 година, престолонаследникот Улав бил назначен за адмирал на Кралската норвешка морнарица и за генерал на норвешката армија.[4]
За време на Втората светска војна, Улав застанал на страната отпорот против германската окупација на Норвешка. Кога норвешката влада одлучила да оди во егзил, тој понудил да остане со норвешкиот народ, но тоа било одбиено. Тој неволно заедно со својот татко заминал во егзил во Обединетото Кралство.[5] Улав неколкупати ги посетил норвешките и сојузничките трупи во Обединетото Кралство, Канада и САД. Во 1944 година бил назначен за началник на норвешката одбрана и по војната го предводел норвешкото разоружување на германските окупаторски сили. На 13 мај 1945 година, престолонаследникот Улав и петмина владини министри се вратија во ослободената Норвешка.[6]
Владеење
уредиХокон се повредил во несреќа во 1955 година и останал во инвалидска количка, и оттогаш неговиот син Улав служел како регент до неговата смрт.[7] Хокон починал во Кралската палата во Осло на 21 септември 1957 година. По неговата смрт, Улав го наследил како Улав V.
Благодарение на неговиот внимателен и одмерен стил, кралот Улав бил многу популарен, и затоа го добил прекарот Народен крал („Folkekongen“). Во анкета од 2005 година на Норвешката радиодифузна корпорација, Улав бил избран за „Норвежанец на векот“.[8]
Во текот на летото 1990 година, кралот имал здравствени проблеми, но малку се опоравил за време на Божиќ истата година. На 17 јануари 1991 година, додека престојувал во Кралската ложа Конгсетерен во Осло, починал од миокарден инфаркт. Во интервјуто дадено од кралот Харалд V се споменува можноста кралот Улав да претрпел голема траума откако дознал за избувнувањето на првата Заливска војна, која започнала истиот ден кога тој умрел. Синот на Улав, Харалд V го наследил како крал.
Улав бил погребан до неговата сопруга Марта во зелениот саркофаг од Кралскиот мавзолеј.[9]
Наводи
уреди- ↑ Sandelson, Michael (28 October 2011). „Norway's Queen Maud in euthanasia speculations“. The Foreigner. Посетено на 9 July 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Benkow 1991.
- ↑ Dahl 1982.
- ↑ „The Real Historical People of the New Drama 'Atlantic Crossing'“. WTTW, PBS. 6 April 2021. Посетено на 13 April 2021.
- ↑ „Olav V Arrives In Norway 1945“. British Pathé. Посетено на 12 April 2021.
- ↑ „Olav V king of Norway“. Britannica. Посетено на 13 April 2021.
- ↑ „Folkekongen ble århundrets nordmann“. Aftenposten (норвешки). 17 December 2005. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ Dahlmann, L. A. „The secret journey of Queen Maud's coffin | norwegianhistory.no“ (англиски). Архивирано од изворникот на 9 February 2019. Посетено на 2019-02-07.