Оре (германски: Ohrekreis) бил округ на североисток на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од север во правец на насока на часовникот) Алтмарк Залцведел, Штендал, Јерихов, слободниот округ Магдебург, Берде и окрузите Хелмштет и Гифхорн во Долна Саксонија. Неговата територија сега е додадена кон Берде.

Оре
Ohrekreis

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеХалденслебен
Површина
 • Вкупна1,494 км2 (577 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно117,136
 • Густина78/км2 (200/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OK
Мреж. местоohrekreis.de
Палата

Историја

уреди

Во 1680, површината на округот станала дел од Бранденбург и Holzkreis приближно ја покривал површината на Орекрајс, кој бил создаден.

Во 1816, окрузите биле променети, така двата нови окрузи Нојхалденслебен (подоцна преименуван во Халденслебен) и Волмирштет биле создадени. Освен двете промени во 1908, кога општината Ротензе станала дел од Магдебург и во 1944, кога Калферде станал дел од Халденслебен окрузите не се менувале до поголемата промена во 1952. Округот Халденслебен го изгубил неговиот јужен дел и наместо тоа дел на округот Гарделеген бил додаден; и Волмирштет изгубил 21 општина во окрузите Тангерхите, Халденслебен и Ванцлебен. Во 1994, двата окрузи биле споени во новиот округ Орекрајс, вклучувајќи неколку општини од окрузите Штендал и Клеце. Во 2007, следната реформа започнала во Саксонија-Анхалт. Двата окрузи Орекрајс и Бердекрајс се обединиле во новиот округ Берде.

Географија

уреди

Округот се наоѓа во низината наречена Магдебуршко Берде (на југ), Дремлинг (на северозапад) и Колбиц-Лецлинген (на североисток) и именуван по реката Оре, која тече паралелно со каналот Средногермански Канал. На запад тече реката Алер низ округот.

 
Грб

Горниот лев дел на грбот покажува гранка на бука, симболизирајќи ги шумите на буки во округот. Кривата линија во долниот десен агол ја симболизира реката Оре, по која округот е именуван.

Градови и општини

уреди
Градови Општинска заедница Слободни општини
  1. Халденслебен
  1. Волмирштет (вкл. го градот Волмирштет)
  2. Ебисфелде-Калферде (вкл. го градот Ебисфелде)
  3. Елба-Хајде
  4. Флехтинген
  5. Хое Берде
  1. Барлебен
  2. Нидере Берде

Надворешни врски

уреди