Хазарска мисија (860–861) – византиска верско-политичка мисија на солунските браќа св.Кирил и св. Методиј кај Хазарите по барање на хазарскиот каган. По налог на царот Михаил III и на патријархот Фотиј, тие заминале кај Хазарите за да ги неутрализираат идејните конфронтации на паганството, еврејството, мухамеданството и христијанството и да издејствуваат каганот христијанството да го прогласи за официјална религија и да воспостави централизирана власт во каганатот.[1] При подготовките за Херсон тие го научиле еврејскиот јазик и било преведено едно граматичко дело. Таму ги пронашле и моштите на римскиот папа Климент I (I в.), за кого св. Кирил напишал три творби: „Канон", „Историски расказ" и „Пофално слово". Мисијата резултирала со масовно покрстување на Хазарите.[2][3][4][5][6]

Светите просветители Свети Кирил и Методиј

Историски контекст

уреди
 
Мапата на Европа во 814 година (половина врек пред Хазарската мисија)
 
Натпис на храмот на Кирил и Методиј во Мелитопол, Украина

Во IX век Византија била моќна империја, чиешто непрегледно сестрано богатство го свртувало вниманието на соседните народи и племиња. Во 860 година на север и североисток од државата постоела видлива опасност од инвазијата на словенските и хазарските народи. Словенските племиња претставувале постојана опасност уште од VI век, додека источно-турските номадски хазарски племиња во VIII век формирале силна држава - Хазарски каганат, по долниот тек на реките Волга и Дон.

Сакајќи да ја елиминира опасноста од експанзијата на Хазарите, византискиот двор прибегнал кон испробаната практика и ја организирал Хазарската христијанска мисија, којашто имала суштинска политичка цел и преку верскиот карактер на преговормте требало да се наметне христијанската религија. Византија честопати преку христијанизацијата успевала да ги смири скитачките и воинствено расположените племиња и да ги сопре нивните завојувачки намери. Главната улога при изведувањето на оваа мисија им била доверена на браќата Кирил и Методиј.

Хазарите имале можности да се запознаат со еврејската и со муслиманската религија. Пратениците на Хазарите побарале од византискиот цар учени луѓе коишто ќе им докажат на Хазарите, Евреите и Муслиманите дека христијанската вера е единствената вистинска вера. Царот веднаш го повикал Константин Филозофот (како што бил нарекуван Свети Кирил)[1], според опширното Кирилово житие, му рекол: ,,Оди Филозофе кај тие луѓе, па проловедај им и протолкувај им за Светата Троица, со нејзина помош, зашто никој друг тоа не може да го стори подостојно”.

Патување до Хазарите

уреди

На патот кон Хазарите Кирил и Методиј навратиле во градот Херсон на Црното Море, каде што Кирил одлично го изучил еврејскиот јазик и превел осум делови од граматиката. Потоа, во овој град Кирил стапил во контакт со еден Самаритјанин и ги изучил и самаритјанските книги. Панонските легенди соопштуваат дека во Херсон Кирил го изучил и рускиот јазик, а пронашол и евангелие и псалтир пишувани со руски букви. Тука Кирил ги пронашол моштите на одамна починатиот римски папа Климент[3], коишто по деветгодишна одисеја ги пренел во Рим. Пронаоѓањето на моштите го инспирирало Кирила и по тој повод составил три книжевнн творби: расказ за пронаоѓањето на моштите, свечено слово по истиот повод и химна за херсонскиот настан. И трите творби биле составени на елински (грчки) јазик, а потоа преведени на латински јазик од Анастасиј библиотекарот[7].  

Цел на мисијата

уреди

Кирил и Методиј пристигнале кај хазарскиот каган, којшто прв беседувал со нив, а потоа браќата се впуштиле во долготрајните полемики со Евреите и Муслиманите, кои успеале помасовно да им ја наметнат својата религија на Хазарите, додека христијанските приврзаници биле најмалубројни. Искусните браќа одлични полемичари и со длабоки познавања на суштинските поставки на христијанската религија, предизвикале восхит кај непријателите.

 
Мозаик на Светите Кирил и Методиј на гробот на Свети Кирил во базиликата Св. Климент во Рим.

Кирил им објаснил многу непознати работи во догмите, а посебно суштинското значење и славењето на Светата Троица. Учениот каган бил многу задоволен и го пофалил Кирила кај византискиот цар. Каганот сакал да им даде богати дарови на мисионерите, но овие го замолиле да им ги подари заробените Грци. Според Панонските легенди, по успешните толкувања на христијанската религија, многу луѓе од хазарската држава го примиле христијанството, а односите меѓу Византија и Хазарскиот каганат биле подобрени. Верската нота на мисијата постигнала значајна политичка и дипломатска цел.

По завршувањето на мисијата вредниот Кирил  ја составил книжевната хазарска полемика, којашто во оригинал не достигнала до нас, но многубројните цитати што ги среќаваме во Панонските легенди го откриваат нејзиниот книжевен извор.[8]

Патување во Рим

уреди

Во 867 година, браќата ја прифатиле поканата на папата Никола I во Рим да го објаснат нивниот судир со германскиот надбискуп на Салцбург и епископот Пасау, кој барал контрола врз истата словенска територија и настојувал сите литургии да се спроведуваат само на латински јазик. Кирил и Методиј пристигнале во Рим во 868 година, каде новиот папа Адријан Втори ја зазеде својата страна и официјално ја одобрил употребата на словенската литургија. Кога Кирил умрел во 869 година, Адријан го испратил Методиј назад кај Словените како негов легат и надбискуп на Сирмиум.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Saints Cyril and Methodius | Description, Legacy, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-08-07.
  2. Ristovski, Blaže. (2009). Makedonska enciklopedija. MANU. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  3. 3,0 3,1 Панонски легенди. Превод Р. Угринова-Скаловска, Скопје, 1969; Панонски легенди. Превод Ј. Таковски, Скопје, 2001.
  4. В. Стојчевска-Антиќ, Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Скопје, 1997;
  5. Х.Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973;
  6. И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 213-214 и 234-236.
  7. „Apostles to the Slavs“. russkiymir.ru. Посетено на 2020-08-07.[мртва врска]
  8. „Кон Хазарската мисија на просветителите свети Кирил и Методиј“. Македонска нација. Посетено на 2020-08-07.