Портретна фотографија

Ова е објавената верзија, проверена на 23 март 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.
Едвард Шериф Куртис, Автопортрет
Портрет на мало девојче направен со скриена камера.

Портретна фотографија

уреди

Портретна фотографија или портрет претставува фотографија на ликот на една личност или мала група на луѓе (групен портрет), во кој доминираат ликот и неговиот израз. Нејзината цел е да го прикаже ликот, личноста па дури и расположението на субјектот. Како и другите типови на портрети, вниманието на фотографот е насочено на лицето на личноста, иако некогаш е можно да е вклучено и целото тело и позадината. Портретот генерално не е инстинктивно направен, туку напротив тоа е складна слика на личност во мирна положба. Портретот најчесто прикажува личност што гледа директно во камерата.

За разлика од другите фотографски стилови, субјектите на портретната фотографија се најчесто непрофесионални модели. Семејните портрети по повод некоја специјална прилика, како што се матури или свадби, моше да бидат направени од професионалци или од аматери и најчесто се наменети за приватна публика повеќе отколку за јавна изложба.

Сепак, многу портрети се направени за јавно прикажување на асортиманот на уметничкиот портрет, како рекламен портрет кој се користи за прикажување на годишен извештај на компанија, како промотивен портрет кој може да се најде на корица од книга покажувајќи го авторот на книгата.

Историја

уреди

Портретната фотографија постои отприлика од измислувањето и популаризацијата на камерата. Таа е поевтин и најчесто подостапен метод од сликаниот портрет, кој се користеше за да се разграничат фигурите пред да стане популарна камерата. Релативно евтината цена на дагуер-типот во средината на 19 век доведе до неговата популарност кај портретирањето. Се појавија многу студија во градовите низ светот, некои од нив произведуваа повеќе од 500 илустрации на ден. Стилот на овие изработки ги одрази техничките предизвици поврзани со изложувањето од 30 секунди и естетиката на уметничкото дело од тоа време. Субјектите најчесто беа поставени во седечка положба пред рамна позадина и осветлен со нежна светлина која доаѓа од прозорец поставен над главата и она што можело да се рефлектира со огледала. Како што напредуваше опремата, можноста да се создадат фотографии со пократко време на изложување им даде на фотографите поголема креативна слобода која се одрази на создавање нови стилови на портретна фотографија. Со развојот на фотографската техника, фотографите го преместија својот талент надвор од студиото во бојното поле, преку океаните во далечните пустини. Дагуер-типската лимузина на Вилијам Шев, Фотографското комбе на Роџер Фентон и кочијата на Метју Брејди ги поставија стандардите за правење на протрети и други фотографии од тој тип.

Осветлување на портретот

уреди
 
Зимски портрет на 10 месечно девојче

Кога портретните фотографии се поставени и фотографирани во студио, професионалниот фотограф има контрола врз осветлувањето на субјектот и самата композиција и може да ја прилагоди насоката и интензитетот. Постојат многу начини да се осветли ликот на субјектот, но има неколку вообичаени шеми на осветлување кои лесно може да се опишат.

Тројно осветлување

уреди

Една од најосновните шеми за осветлување се нарекува тројно осветлување Во оваа шема се користат три (некогаш и четири) светла за целосно да ги моделира марактеристиките на субјектот (да ги истакне деталите и да даде ефект на тридимензијалност). Трите основни светла коишто се употребуваат во оваа шема за осветлување се следните:

Централно светло

уреди

Познато и како главно светло, централното светло вообичаено е поставено од едната страна на ликот на субјектот помеѓу 30 и 60 степени од центарот и малку повисоко од нивото на очите. Централното светло е најјако во шемата.

Пополнувачко светло

уреди

Поставено наспроти централното светло, пополнувачкото светло ги пополнува или омекнува сенките на неосветлената страна на лицето. Јачината на ова светло вообичаено е помеѓу 1/3 и 1/4 од јачината на централното светло. Ова се изразува како размер од 3:1 или 4:1. Кога размерот е 3:1 ова некогаш се нарекува Кодак осветлување бидејќи овој размер беше препорачан од Кодак во прирачниците за првичните камери од оваа компанија.

Намената на овие две светла е да ја имитираат природната светлина што се добива кога ќе го поставиме субјектот во соба близу прозорец. Дневната светлина која паѓа на субјектот преку прозорецот е Централното светло и Пополнувачкото светло е рефлектираната светлина што доаѓа од ѕидовите на собата. Овој тип на осветлување може да се сретне во делата на стотици класични сликари и фотографи и често се нарекува Рембрант осветлување.

Модерните портретари одлучија да додадат уште едно или две светла на овој план.

Задно светло

уреди

Познато и како порабно светло, задното светло (третото основно светло од шемата на тројно осветлување) е поставено зад субјектот, надвор од рамката на сликата, и најчесто повисоко од Централното и Пополнувачкото светло. Целта на порабното светло е да го оддели субјектот од позадината на тој начин што ги осветлува рамената и косата. Задното светло треба да биде доволно јако за да овозможи одделување од позадината, но не толку јако како и Централното светло.

Понекогаш порабното светло е поставено малку од страна, од страната на пополнувачкото светло. Ова може да додаде ивични детали на засенетата страна на лицето на моделот. Ова дава ефект на ударно светло користејќи ги само трите основни светла од шемата со тројно осветлување.

Ударно светло

уреди

„Четвртото светло“ од шемата на тројно осветлување, ударното светло е мало светло, најчесто со замрачувачи, насочувачи и поклопци за да се ограничи неговата покриеност, што додава јака ивична светлина на страната на лицето на моделот осветлена од пополнувачкото светло. Поставувањето и јачината на ударното светло е прашање на вкус и техника.

Пеперутка осветлување

уреди

Пеперутка-осветлувањетото е уште една вообичаена шема на осветлување која беше многу популарна во последните десетина години. Во овој случај, се користат само две светла. Централното светло се поставува наспроти субјектот, најчесто над камерата или малку понастрана, и малку повисоко од вообичаеното во шемата на тројно осветлување. Второто светло е порабно светло. Често рефлекторот е поставен под лицето на субјектот за да добие пополнувачка светлина и да се омекнат сенките.

Ова осветлување може да се препознае по силната светлина што паѓа на челото, носот и горните јаболчници, и по впечатливата сенка под носот која наликува на пеперутка по што е наречена и самата шема на осветлување. Пеперутка-осветлувањето беше омилено на познатиот холивудски портретист Џорџ Харел по што овој стил честопати се нарекува Парамаунт (Врховно) осветлување, именувано по истоименото филмско студио.

Помошни светла

уреди

Овие светла може да се додадат на основните осветлувачки шеми за да се добие дополнително нагласување или дефинирање на позадината.

Ударно светло

уреди

Ударното светло е мало светло, најчесто насочено преку насочувач, чадор или софтбокс. Ударното светло е дизајнирано да додаде нагласок од страна на лицето на субјектот, обично доволно за да утврди линија на вилицата или раб на увото. Затоа ударното светло треба да биде појако од пополнувачкото светло, но не премногу да ја осветли едната страна на лицето. Многумина портретисти одбираат да не користат ударно светло и се одлучуваат за трите основни светла од стандарната шема.

Светла во позадина

уреди

Повеќе дизајнирани за да обезбедат осветлување на делот зад субјектот, отколку како дел од осветлувачката шема на портретите, светлата во позадина може да истакнат детали од позадината, да создадат халогенски ефект осветлувајќи само делови од позадината зад главата на субјектот, или да ја направи позадината чисто бела исполнувајќи ја со светлина.

Друга светлечка опрема

уреди

Повеќето светла кои се користат во модерната фотографија се некој вид на блиц. Осветлувањето за портрети е типично распространето со одбивање на светлината од внатрешната страна на чадор, или со користење на софтбокс. Софтбоксот е кутија од материјал која обвиткува светлосна глава, и едната страна е направена од прозрачен материјал. Ова дава понежна светлина за портретирање и најчесто се смета за попривлечна од грубата светлина што ја дава отворена светилка. Задните светла и оние за косата најчесто не се распостранети. Поважно е да се контролира излевањето на светлината врз другите делови на субјектот. Насочувачите, поклопците и замрачувачите помагаат да се фокусира светлината точно каде што сака фотографот. Задните светла понекогаш се користат со гелови во боја поставени пред светлото за да се добие обоена позадина.

Портрет со светлина од прозорец

уреди
 
Ефект на главно светло со сенки - Аугусто де Лука‬, (1987)

Прозорците како извор на светлина за сликање портрети се користеле многу одамна пред да бидат пронајдени вештачките извори на светлина. Според Артур Хамонд, аматерските и професионалните фотографи имаат потреба од само две работи за да осветлат портрет: прозорец и рефлектор. Иако прозорската светлина ги ограничува можностите во портретната фотографија во споредба со вештачките светла кои даваат раскошна соба за експериментирање на аматерските фотографи. Бел рефлектор поставен така што ќе рефлектира светлина на темната страна на лицето на субјектот, ќе го омекне контрастот. Брзината на сликање може да е биде поспора од обично, и да има потреба од триножје, но светлината ќе биде прекрасно нежна и богата.

За најдобро време за сликање портрет осветлен со прозорска светлина се сметаат раните утрински и доцните попладневни часови кога светлинате е поинтензивна на прозорецот. За да се добие нежна светлина се користат завеси, рефлектори, и кепенци за намалување на интензитетот на светлина. Додека огледала и стакла може да се користат како главно осветлување. Понекогаш се користат стакла во боја, филтри и рефлектирачки предмети за да му се дадат на портретот посакуваните колоритни ефекти. Склопот на сенки и нежна светлина им дава на портретите со прозорска светлина посебен ефект различен од портретите направени со вештачка светлина.

Користејќи ја прозорската светлина, позицијата на камерата може да се менува за да се долови посакуваниот ефект. На пример со поставување на камерата позади субјектот може да се создаде силуета на личноста додека со нејзино поставување во непосредна близина на субјектот се добива комбинација на сенки и нежна светлина. И фотографирањето на субјектот од истата страна од каде што доаѓа изворот на светлина создава ефект на главно светло со најмалку сенки.

Стилови на портрет

уреди

Постојат многу различни техники за портретна фотографија. Често пожелно е да се фатат очите и лицето на субјектот во изострен фокус додека другите помалку важни елементи ќе се толкуваат во понежен фокус. Во друг случај пак кај портретите на поединечни одлики во фокус на композицијата може да бидат рацете, очите или дел од торзото на субјектот.

Пристапи кон портретот

уреди

Постојат четири основни пристапи кои ги разликуваме во портретната фотографија – конструктивен, секојдневно опкружување, „скриена камера“ и креативен пристап. Секој пристап се користел низ времето од различни технички, уметнички и културни причини. Конструктивен пристап е кога фотографот во неговите портрети создава идеја поврзана со портретот – среќно семејство, романтична двојка, успешен раководител. Овој пристап е најмногу користен во студиската и социјалната фотографија. Исто така се користи и во рекламирање и маркетинг кога треба да се истакне некоја идеја. Пристапот од секојдневно опкружување го прикажува субјектот во неговото работно, лежерно, социјално или семејно опкружување. Најчесто субјектите се прикажани како прават нешто, учителка во училница, уметник во студио, дете на игралиште. Со овој пристап се откриваат повеќе работи за субјектот. Ваквите фотографии може да бидат од големо историско и социјално значење како првобитни извори на информации. Пристапот на „скриена камера“ е кога луѓето се фотографирани без нивно знаење додека ги извршуваат нивните секојдневни работи. Додека овој пристап направен од папараци е критикуван и одбивен од очигледни причини, помалку инванзивниот и експлоататорски тип на оваа фотографија му даде на светот одлични и значајни слики од луѓе во различни ситуации и места во последново столетие. Доказ за ова се сликите од парижани на Доасњо (Doisneau) и Картиер Бресон (Cartier-Bresson). Како и фотографиите во секојдневно опкружување, така и фотографиите од „скриена камера“ се значајни како историски извор на информации за луѓето. Креативнот пристап имаме кога дигиталната манупулација ( и поранешната манипулација во темната соба) доведе до создавање на прекрасни слики на луѓе. Со се поширокото разбирање и користење на овие техники, ова станува мошне популарна форма на портрет.

Леќи

уреди

Леќите кои се користат кај портретската фотографија се класично брзи, средни фотографски леќи, иако може да се користат секакви леќи, во зависност од уметничките потреби. Класичната фокусна должина е во опсег од 80-135mm на 35 милиметарска филмска лента и околу 150–400 mm на Голем формат, што историски гледано е прв во фотографијата. Првата леќа специјално наменета за портрети е Петзвал леќата направена во 1840та од Џозеф Петзвал. Таа има релативно тесно поле на прегледност од 30 степени, фокусна должина од 150mm и брзина на односната апертура (f-број) во распон од 3.3-3.7.

Ваквото поле на прегледност овозможува добра персперктивна дисторзија кога субјектот е фотографиран на тој начин што се вклучени неговата глава и рамења. Со пошироко-аспектните леќи (со пократка фокусна должина) потребно е да се фотографира од блиску (за еднаква големина на полето), и перспективно нарушениот краен резултат е релативно поголем нос и помали уши, што се смета за непријатен и личи демонски. Широко-аспектните леќи може да се користат за уметнички ефекти, особено за создавање на гротеска слика. Спротивно на тоа, подолга фокусната должина резултира со поголемо изедначување – бидејќи се користи од подалеку – но кога се користи од голема далечина, ова ја отежнува комуникацијата и ја намалува врската; сепак може да се користат кај модната фотографија, но за големите далечини е потребен гласноговорник или воки-токи за комуникација со моделот или асистентите. Во овој избор, разликата на перспективната дисторзија помеѓу 85 mm и 135 mm е прилично незабележлива.

За вешта брзина се претпочитаат брзи леќи (со широк отвор), бидејќи дозволуваат плитка длабочина на полето (засенувајќи ја позадината), што помага да се оддели субјектот од позадината и вниманието да се фокусира на нив. Ова е особено корисно кај портретите, каде што нема обезбедено заднина, и позадината може да има деконцентрирачки ефект. Особеностите на бокех стилот што резултира со заматеност исто така се земаат предвид. Сепак, се помалку се користат екстремно широки леќи, бидејќи имаат многу плитка длабочина на полето и со тоа лицето на субјектот нема да биде целосно во фокусот. Така, најчесто се користи максимална широчина на отвор од f/1.8 или f/2; може да се користи и од f/1.2 или f/1.4, но добиениот фокус може да се смета како специјален ефект – очите ќе бидат изострени, но носот и ушите ќе бидат помалку јасни.

Спротивно на тоа, во портретите на секојдневно опкружување, каде што субјектот е прикажан во неговата околина, а не се издвојува од неа заматувањето на позадината е помалку посакувано и може да биде непосакувано, широко-аспектните леќи може да се користат за да се покаже повеќе содржина. Најпосле, мекиот фокус (сферичната аберација) е понекогаш посакуван ефект, особено кај гламурозната фотографија каде што „тенкиот“ изглед се смета за ласкав. Канон EF 135mm f/2.8 со Мек фокус е пример на леќа дизајнирана со можност за контрола на количината на мек фокус.

Најчесто се користи додатна леќа, од две причини: зумирање не е потребно за поставените снимки (исто така додатните леќи се полесни, поевтини, побрзи и поквалитетни), и бидејќи леќите за зумирање може да презентираат мошне неубава геометриска дисторзија (светла дисторзија или игленична дисторзија). Сепак, може да се користат леќите за зумирање , особено кај искрените снимки или за да се добие креативно врамување.

Портретните леќи вообичаено се релативно скапи, бидејќи можат лесно да се вметнат, и се близу до нормалата. Најевтините портретни леќи се нормалните леќи (50mm), кои се користат на скратен сензор. На пример, Канон EF 50mm f/1.8 II е најевтината леќа на Канон, но кога се користи на скратен сензор 1.6× создава 80mm еднаква фокусна должина, која се наоѓа на широкиот дел на портретните леќи.

Поврзано

уреди