Флоренс Најтингел

(Пренасочено од Флоренс Најтингејл)

Флоренс Најтингел (англиски: Florence Nightingale; 12 мај 182013 август 1910) — позната англиска медицинска сестра, социјален реформатор, писател и статистичар.

Флоренс Најтингел
Florence Nightingale
Роден12 мај 1820(1820-05-12)
Фиренца, Големо Војводство Тоскана
Починал13 август 1910(1910-08-13) (возр. 90)
Парк Лејн, Лондон, Велика Британија
Познат(а) попредводник на професијата медицинска сестра
НаградиКралски црвен крст (1883)
Орден за заслуги (1907)
Потпис

Во својата работа како предводник на денешната професија медицинска сестра се истакнала за време на Кримската војна, каде што се грижела за ранетите војници. Поради неа оваа професија доби висок углед и Најтингел стана икона во викторијанското општество. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.

Најтингел ја поставила основата на денешната професија медицинска сестра со основањето на нејзиното училиште за медицински сестри во болницата Сент Томас во Лондон, првото световно училиште за медицински сестри во светот. Заклетвата на Најтингел, наречена така во нејзина чест, ја положувале новите медицински сестри. Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави во светот секоја година на нејзиниот роденден. Нејзините социјални реформи вклучуваат подобрување на здравството за сите делови од британското општество, помагање на земјите од вториот и третиот свет, како и проширување на прифатливите форми на учество на жените во работната сила.

Најтингел била познат и версатилен писател. Во текот на нејзиниот живот, многу од нејзините објавени дела се занимавале со ширење на медицинското знаење. Некои од нејзините дела се напишани на едноставен англиски јазик со цел сите да можат да ги разберат. Таа исто така помогна во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци. Голем дел од нејзиното пишување, вклучувајќи ги и делата за религијата и мистицизмот, е објавено посмртно.

Животопис уреди

Рани години уреди

 
Ембли Парк, Еден од семјните домови на Вилијам Најтингел, денес училиште

Флоренс Најтингел е родена во богато, висококласно британско семејство со добри врски, во Вила Коломбаја, близу Порта Романа во Фиренца, Италија, и била крстена по градот на нејзиното раѓање. Постарата сестра на Флоренс, Франсис Партенопи, исто така била крстена по градот во кој се родила, Партенополис, грчко населено место коешто сега е дел од градот Неапол.

Нејзини родители биле Вилијам Едвард Најтингел (1794-1874) и Франсис (Фени) Најтингел Смит (1789-1880). Мајката на Вилијам, Мери Еванс, била внука на Питер Најтингел. Според негови услови Вилијам го наследил неговиот имот Лиа Хурст во Дарбишир, и го попримил името и грбот Најтингел. Татко на Фени бил аболиционистот Вилијам Смит.

Инспирирана од еден момент што ѝ случил во февруари 1837 г., којшто таа го нарекува „повикот од Господа“, во 1844 г., додека била во Ембли Парк, и покрај големата лутина и негодување од страна на нејзините мајка и сестра, Флоренс ја донела одлуката да започне со работата како медицинска сестра. Таа се бунтувала против улогата на жена која што ја очекувала со оглед на нејзиниот статус, а тоа значело да стане сопруга и мајка. Најтингеил работела напорно за да се образува и да стане медицинска сестра, и покрај спротивставувањето на нејзиното семејство и ограничувачкиот социјален код за богатите млади англиски жени.

 
Флоренс Најтингел, околу 1858 г.

Ричард Монктон Милнес, политичар и поет, ја побарал нејзината рака, но таа го одбила, убедена дека бракот ќе ѝ смета на нејзината дарба да го следи повикот и да работи како медицинска сестра.

Во 1847 г., во Рим, таа го запознала Сидни Херберт, брилијантен политичар кој бил Секретар за време на војната (1845-1846), а истата позиција ја имал и за време на Кримската војна. Станале блиски, доживотни пријатели. Херберт и неговата жена ѝ помагале на Најтингел за време на нејзината работа како медицинска сестра во Крим, а подоцна таа станала клучен советник во неговата политичка кариера. Некои ја обвиниле дека била причината поради којашто се забрзала неговата смрт предизвикана од нефритис во 1861 г. поради притисокот којшто таа му го наметнала со програмата за реформи.

Многу подоцна Најтингел имала блиски врски со Бенџамин Џовет, кој сакал да се ожени со неа.

Најтингел продолжила со нејзините патувања (сега со Чарлс и Селина Брејсбриџ) дури до Грција и Египет. Нејзините записи за Египет се особен доказ за нејзиното учење, книжевни вештини и филозофија за животот. Во јануари 1850 г., пловејќи по Нил дури до Абу Симбел, таа напишала: „Мислам дека досега не сум видела нешто што влијаело на мене повеќе од ова.“ И мислејќи на замокот, напишала: „Возвишен во највисокиот стил на интелектуална убавина, интелегенција без напор, без страдање...ниту една црта не е правилна, но целиот ефект на духовната величественост е поекспресивен отколку што јас некогаш можев да замислам. Тоа дава слика која не се опишува ни со илјадници зборови, која обединува во едно, едногласно, истовремено чувство на ентузијазам или емоција, која би го совладала и најјакиот човек.“

Кога била во Теба, таа напишала дека е „повикана од Господа“. Недела подоцна, близу Каиро, во нејзиниот дневник напишала ( извадок од нејзините многу долги писма, коишто нејзината постара сестра сакала да ги издаде по нејзиното враќање): „Господ ме повика утрово и ме замоли да правам добрина во негово име“. Подоцна, во 1850 г., таа ја посетила религиозната заедница Лутеран во Кајзерверт, Германија, каде што ги набљудувала Пастор Теодор Флиднер и ѓакониците кои работеле за болните и сиромашните. Ова искуство таа го сметала како пресвртна точка во нејзиниот живот, и своите наоди анонимно ги издала во 1851 г. во „Институцијата на Кајзерверт, за практичната обука на ѓакониците, и сл.“, коешто било нејзино прво издадено дело. Во институтот се здобила и со четири месеци медицинска обука, којашто била основа за нејзината подоцнежна кариера.

На 22 август 1853 г., Најтингел добила работно место надзорник на Институтот за грижа на болните благороднички во Апер Харли Стрит, во Лондон, и на тоа место била до октомври 1854 г. Нејзиниот татко ѝ давал годишен приход од 500 фунти (денес околу 25.000 фунти/50.000 долари), и тоа ѝ дозволувало да живее удобно и да продолжи со својата кариера.

Кримска војна уреди

 
Нијансиран литограф, изработен од Вилијам Симпсон, којшто ја илустрира состојбата во која се наоѓале болните и повредените во Балаклава
 
Оддел во болницата во Скутари каде што работела Најингеил (литограф од 1856 г.)

Најпознатиот придонес на Флоренс Најтингел се случил за време на Кримската војна. Извештаите коишто доаѓале во Британија за ужасната состојба на ранетите станале нејзин главен фокус. На 21 октомври 1854 г., таа и персонал од 38 жени, доброволни медицински сестри обучени од неа, вклучувајќи ја и нејзината тетка Маи Смит, биле испратени (со дозвола од Сидни Херберт) кај Отоманското Царство, околу 295 наутички милји (546 километри) преку Црното Море од Балаклава во Крим, каде што се наоѓал главниот британски камп.

Во почетокот на ноември 1854 г., Најтингел приситигнала во касарната Селимије во Скутари (денес Усќудар во Истанбул). Таму, таа и нејзините медицински сестри виделе дека медицинскиот персонал лошо се грижел за ранети војници поради преголемата работа, а и поради незаинтересираноста на службените лица. Имало мали залихи на лекови, хигиената била запуштена, а чести имало и масовни инфекции, од кои голем дел биле смртоносни. Немало никаква опрема за приготвување на храна за пациентите.

На почетокот на 20 век, се тврдело дека Најтингел, со подобрување на хигиената, како од нејзина страна, така и со помош од Санитарната комисија, ја намалила стапката на смртност од 42% на 2%. На пример, тоа се тврдело во првото издание на Речникот за национална биографија во 1911 г., но не и во второто издание во 2001 г. Сепак, стапката на смртност не исчезнала, напротив почнала да се зголемува. Бројот на смртност таму бил најголем од сите болници во регионот. За време на нејзината прва зима во Скутари, таму умреле 4.077 војници. Десет пати повеќе војници умреле од болести како што се пегав тифус, стомачен тифус, колера и дизентерија, отколу од повреди кои ги добиле за време на битките. Условите во привремената болница на касарната биле многу опасни за пациентите поради пренатрупаноста, неисправните одводни канали на болницата и недостатокот од вентилација. Во март 1885 г., речиси шест месеци по пристигнувањето на Флоренс Најтингел, Британската влада морала да испрати Санитарна комисија во Скутари, којашто работела на чистење на одводните канали и подобрување на вентилацијата. Стапката на смртност нагло се намалила. За време на војната, Најтингел не мислела дека хигиената е најдоминантната причина за смртност. Таа никогаш не си припишала заслуга за тоа што помогнала да се намали стапката на смртност.

Најтингел и понатаму верувала дека стапката на смртност била поради сиромашната исхрана и малите залихи, како и поради преумореноста на војниците. Така било сè додека не се вратила во Британија, каде што почнала да собира докази за да ги изложи пред Кралската комисија за здравје на Армијата, со цел да се потврди нејзиното верување дека најголем број од војниците во болницата умираат поради бедните услови за живеење. Ова искуство влијаело на нејзината подоцнежна кариера кога се залагала дека хигиенските услови за живеење се од најголема важност. Како последица на тоа, таа ја намалила смртноста во армијата за време на мир и го свртила вниманието кон хигиената во болниците.

Госпоѓата со ламбата уреди

За време на Кримската војна, Флоренс Најтингел го добила прекарот „Госпоѓата со ламбата“, којшто потекнува од една фраза од вест во весникот Тајмс (The Times):

„Без никакво преувеличување, таа е „ангел-помошник“ во болниците, и додека нејзината витка става тивко и нежно се движи низ секој ходник, секое несреќно пријателско лице омекнува од милосрдноста на нејзиниот изглед. Кога сите медицински лица се повлекуваат за време на ноќта, а тишината и темнината се сместуваат над километрите со очајно болни, таа сама ги надгледува нив, со мала ламба во нејзината рака, правејќи ги нејзините обиколки на војниците.“

 
„Најтингел ги прима ранетите во Скутари“, слика на Џери Барет

Подоцна, Xенри Водсворт Лонгфелоу со неговата песна „Св.Филомена“ од 1857 г. ја популаризирал оваа фраза:

„Во таа куќа на бедата,
видов госпоѓа со ламба
како поминува низ треперливиот мрак,
и лета од соба во соба.“

Подоцнежна кариера уреди

На 29 ноември 1855 г., додека била во Крим, на јавен собир ѝ било доделено признание на Најтингел за нејзината работа за време на војната. Тој настан придонел за основање на Фондот на Најтингел за обука на медицински сестри. Имало голем број на дарежливи донации. Сидни Херберт служел како почесен секретар на фондот, а Војводата од Кембриџ бил претседавач.

Најтингел се смета и за предводник на концептот медицински туризам. Тоа се тврди врз основа на писмата од 1856 г., коишто таа ги напишала за лековитите бањи на Отоманското Царство, во коишто детално ги опишала здравствените услови, физичкиот приказ, информациите за храната, и другите детали коишто биле од витално значење за пациентите упатувани таму (каде што лекувањето било значително поевтино отколку во Швајцарија). Се претпоставува дека пациентите со помалку финансиски средства ги упатувала таму на лекување по подостапни цени.

До 1859 г. Најтингел имала на располагање 45.000 фунти од Фондот, со коишто на 9 јули 1860 г. го основала Училиштето за обука во болницата Св.Томас (сега се вика Училиштето на Флоренс Најтингел за медицински сестри и акушерство и е дел од универзитетот Кингс Колеџ Лондон). Првите медицински сестри обучени од Најтингел започнале да работат на 16 мај 1865 г. во Болницата и дом за сиромаси во Ливерпул. Исто така, таа водела кампања и основала фондови за Болницата Ројал Бакингамшир во Ајлсбери, блиску до нејзиниот семеен дом.

Најтингел ја напишала книгата Забелешки за медицинските сестри, која е издадена во 1859 г. Тоа било мала книга од 136 страници, којашто служела како основа за наставата во Училиштето на Најтингеил и во други слични училишта, иако била напишана специјално за едукација на оние кои лекуваат дома. Најтингел напишала: „Секојдневните сознанија за хигиената, или сознанијата за професијата медицинска сестра, или со други зборови, како да составиш земја во која ќе нема никакви болести, или земја која ќе може да заздрави по болеста, е тоа знаење е од големо значење. Признато е како знаењето кое секој треба да го има, и е различно од медицинското знаење кое само професијата го има.“

Книгата Забелешки за медицинските сестри добро се продавала и кај обичната читателска публика и се смета за класичен вовед во професијата медицинска сестра. Остатокот од животот Најтингел го поминала промовирајќи го основањето и развојот на професијата медицинска сестра и ја организирала во нејзината модерна форма. Во воведот на изданието од 1974 г., Џоан Квиксли од Училиштето за медицински сестри на Најтингел, напишала: „Книгата е прва од тој вид којашто досега е напишана. Се појави во време кога единствените правила за здравје почнаа да се осознаваат, кога темите за здравјето беа од суштинско значење, не само за благосостојба и оздравување на пациентите, туку и за болниците коишто беа преполни со инфекции, за медицинските сестри кои сè уште се сметаа за неупатени, за неуки лица. Неминовно е, книгата има свое место во историјата на професијата медицинска сестра, тоа е и целта поради којашто беше напишана од основачот на денешната професија медицинска сестра.“

Најтингел се залагала и за подобрување на негата и условите во воените и градските болници во Британија. Меѓу нејзините познати книги се и книгите: Записи за болниците, во којашто се зборува за врската на санитарните услови и медицинските установи, Забелешки за медицинските сестри, којашто била книга од најголемо значење за професијата медицинска сестра, Записи за работи кои влијаат на здравјето и Ефикасност и управување со болницата на Армијата на Британија.

Како што Марк Бостриџ неодамна покажал, еден од самостојните постигнувања на Најтингел било и воведувањето на обучени медицински сестри во ситемот на домовите за сиромаси во Англија и Ирска од 1860-тите па наваму. Ова значело дека за болните бездомници нема повеќе да се грижат други, поспособни бездомници, туку соодветно обучен медицински персонал. Може да се каже дека оваа иновација го навестила основањето на Службата за национално здравје во Британија, четириесет години по смртта на Најтингел.

Често се вели дека Најтингел „отишла во нејзиниот гроб објаснувајќи ја теоријата на микробни инфекции“. Марк Бостриџ во неговата неодамнешна биографија не се согласува со ова, и кажува дека таа била против претходникот на оваа теорија наречен „контагионизам“ според кој болестите може да се пренесат само преку допир. Пред експериментите на Пастер и Листер во средината на 1860-те, скоро никој не ја сфатил теоријата сериозно, па дури и подоцна многу медицински практичари не биле уверени. Бостриџ нагласува дека во почетокот на 1880-те Најтингеил напишала статија за учебник во којшто ја застапувала доследната претпазливост замислена, како што таа рекла, да убива микроби. Работата на Најтингел служела како инспирација за медицинските сестри за време на Американската граѓанска војна. Федералната влада на САД ѝ пристапила за совет во врска со организирање на теренска медицина. Иако нејзините идеи наишле на отпор, биле инспирација за волонтерскотото тело на Санитарната Комисија на САД.

Во 1870-те Најтингел ѝ била ментор на Линда Ричардс, првата обучена американска медицинска сестра, и успеала да ја врати назад во САД со соодветна обука и знаење способна да основа висококвалитетни училишта за медицински сестри. Линда Ричардс била одличен предводник на професијата медицинска сестра во САД и Јапонија.

До 1882 г., медицинските сестри на Најтингел имале големо и влијателно присуство во зачетокот на оваа професија. Некои станале управнички на неколку водечки болници, вклучувајќи ги и следниве во Лондон: Болницата Св.Мери, Болницата Вестминстер, Болницата и дом за сиромаси Св.Мерилебон и Болницата за неизлечливи во Путни. Низ Британија биле следниве: Болницата Ројал Викторија, Нетли, Болницата Единбург Ројал, Болницата Кумберленд и Болницата Ливерпул Ројал, а во Австралија Болницата Сидни Хоспитал во Њу Саут Велс.

Во 1883 г. Најтингел ја добила наградата Кралски Црвен крст од Кралицата Викторија. Во 1907 г. таа станала првата жена која ја добила наградата Орден за заслужност. Во 1908 г. таа добила награда и од градот Лондон. Нејзиниот роденден денес се слави како Меѓународен ден за подигање на свеста за синдромот на хроничен замор.

Од 1857 г. па наваму, Најтингел повремено била прикована за кревет и страдала од депресија. Поновата биографија како причина ја наведува бруцелозата заедно со спондилозата. Според другото објаснување за нејзината депресија причината е нејзиното откритие по војната дека згрешила во врска со проценката за причините за високата стапка на смртност. Сепак, нема документирани докази за да се поддржи оваа теорија, којашто останува само голема претпоставка. Денес најприфатена е тезата дека Најтингел боледувала од особено силна форма на бруцелоза, чиишто ефекти почнале да се зголемуваат во почетокот на 80-тите. И покрај нејзините симптоми, таа останала феноменално продуктивна во социјалните реформи. Во годините додека била прикована за креветот, таа ја предводела и работата во областа на болничкото планирање, којашто многу брзо се ширела низ Британија и светот.

Врски уреди

Иако со голем дел од работата на Најтингел насекаде се подобрила судбината на жените, таа имала малку поччит за жените воопшто, и повеќе го сакала пријателството со моќните мажи. Често себеси се препознавала во машки род, како на пример „човек од дејство“ и „деловен човек“. Сепак, таа имала неколку значајни и страсни пријателства со жени. Како млада ги обожавала тетка ѝ и братучетка ѝ. Подоцна во животот започнала да се допишува со ирската калуѓерка, Сестра Мери Клер Мур, со која работела во Крим. Мери Кларк, англичанка која ја запознала во 1837 г., била нејзина најсакана интимна другарка со која останала во контакт целиот живот. И покрај ваквите длабоко емоционални приврзувања за жените, некои од прочувачите на животот на Најтингел веруваат дека таа останала невина целиот нејзин живот, веројатно поради религиозниот повик за нејзината кариера, или затоа што живеела во времето на Викторијанската епоха на сексуална моралност.

 
Гробот на Флоренс Најтингеил на гробиштата кај црквата Св.Маргарет во Ист Велоу

Смрт уреди

На 13 август 1910 г., на 90 г. возраст, таа мирно починала додека спиела во нејзината соба на улицата Саут Стрит 10, во Парк Лејн. Понудата за погреб во Вестминстер Аби била одбиена од нејзините роднини, и била погребана на гробиштата кај црквата Св.Маргарет во Ист Велоу, Хемпшир.

Придонеси уреди

Статистика и санитарната реформа уреди

 
Дијаграм со причините за смртност кај армијата на Истокот“, изработен од Флоренс Најтингеил

Уште од рана возраст Флоренс Најтингел покажала дарба за математика, и брилирала по предметот за кој учител ѝ бил нејзиниот татко. Подоцна, Најтингел станала предводник на визуелно презентирање на информации и статистички графици. Меѓу другото, таа употребувала и графикон, кој првенствено бил развиен од страна на Вилијам Плејфер во 1801 г. Иако ова денес е прифатено, во тоа време било релативно несекојдневен метод на презентирање информации. Навистина, Најтингел е опишана како „вистински предводник на графичко презентирање на статистиката“, и ѝ е припишана заслуга за развој на форма на графиконот која денес е позната како кружен дијаграм, или понекогаш наречен и дијаграмот на Најтингел во форма на роза, еквивалент на сегашниот кружен хистограм, со кој ги илустрирала сезонските извори на смртност кај пациентите во воената болница со којашто таа управувала. Збирката од такви дијаграми, Најтингел ја нарекла „позер“, но подоцна тој поим често се употребувал и за посебни дијаграми. Таа ја проширила употребата на позери за да им ги презентира извештаите за природата и важноста на условите за медицинска нега за време на Кримската војна на парламентарците и државните службеници кои не знаеле да читаат или да разбираат традиционални статистички извештаи.

Во подоцнежниот живот Најтингел направила детална статистичка студија за санитарните уреди во руралните облсти во Индија, и била водечката фигура во процесот на воведување на подобрена медицинска нега и јавна здравствена услуга во Индија. Во 1858 г. и 1859 г. успешно лобирала за основање на Кралска Комисија во Индија. Две години подоцна подготвила извештај за Комисијата, со којшто во 1863 г. ја завршила својата студија. Десет години по санитарната реформа, во 1873 г., Најтингел изјавила дека смртноста меѓу војниците во Индија пресметана на 1000 војници, од 69 се намалила на 18.

Во 1859 г. Најтингел била избрана за првиот женски член на Кралското статистичко општество, а подоцна станала и почесен член на Американската статистичка асоцијација.

Книжевност и движењето на жените уреди

Достигнувањата на Најтингел се многу поимпресивни кога се гледаат наспроти позадината на социјалните ограничувања за жените во Англија за време на Викторијанската епоха. Нејзиниот татко, Едвард Најтингел, бил екстемно богат земјосопственик во највисоките кругови на англиското општество. Во тоа време, жените од класата на Најтингел не учеле факултет и не продолжувале со професионална кариера, туку нивна цел била да се омажат и да гледаат деца. Најтингеил имала среќа. Нејзиниот татко верувал дека жените треба да се образуваат, и тој лично ја учел италјански, латински и грчки јазик, филозофија, историја и, најнеобично од се за жените во тоа време, пишување и математика.

Но, не само што е позната по нејзините придонеси за професијата медицинска сестра, како и на полето на математиката, Најтингел, исто така, е значајно поврзана и со изучувањето на феминизмот во Англија. Во периодот од 1850 г. и 1852 г., таа се борела со сопственото дефинирање и очекувањата на нејзиното семејство за брак со човек од високата класа. Додека си ги средувала своите мисли, таа го напишала делото ''Предлози за размислување за трагачите по религиозна вистина''. Тоа било дело од 829 страници, во три тома, коешто Најтингеил приватно го објавила во 1860 г., но целосно не било издадено до неодамна. Напор да се поправи ова бил направен со изданието во 2008 г. на универзитетот Вилфрид Лорие, коешто било том број 11 од проектот со вкупно 16 тома, наречен Собрани дела на Флоренс Најтингел. Најпознатиот од написите, наречен ''Касандра'', претходно бил објавен од Реј Стречи во 1928 г. Тој го вклучил написот во делото Причината, коешто претсатвувало историја за движењето на жените. Очигледо, написот ја имал истата намена, за средување мисли. Наскоро Најтингел заминала да се обучува на Институтот за ѓаконици во Каизерверт.

Касандра протестирала против состојбата на преголемо феминизирањето на жените, којашто станувала веќе беспомошна, а којашто Најтингел ја препознала во летаргичниот живот на нејзината мајка и постарата сестра, и покрај нивното образование. Таа го одбила начинот на живот како нивниот, со бесмислен комфор за светот на социјалната служба. Делото го рефлектира и нејзиниот страв дека нејзините идеи нема да бидат ефективни, како што биле и на Касандра. Касандра била принцеза на Троја, која служела како свештеничка во замокот на Аполо за време на Tројанската војна. Богот ѝ дал дарба за претскажување, но кога таа го одбила неговото додворување, тој ја проколнал нејзините претскажувачки предупредувња да бидат неприфатени и игнорирани. Елејн Шоуволтер го нарекла пишувањето на Најтингеил „главен текст за англискиот феминизам, поврзаност помеѓу Волстонкрафт и Вулф.“

Теологија уреди

Предлози за размислување е дело на Најтингел од областа на теологијата, нејзина сопствена теодицеја, која ги развива нејзините хетеродоксни идеи. Најтингел била христијански универзалист. Раскажувала дека на 7 февруари 1837 г., кратко пред нејзиниот 17-ти роденден, ѝ се случило следново: „Господ ми прозборе“, и напишала: „ме повикува во Негова служба“.

Оставнина и сеќавање уреди

Професијата медицинска сестра уреди

 
Флоренс Најтингел кога била млада

Првата официјална програма за обука на медицински сестри, Училиштето на Најтингел за медицински сестри, било отворено во 1860 г. Мисијата на училиштето била да обучува медицински сестри кои ќе бидат способни да работат во болниците, да работат со сиромасите и да подучуваат. Намерта била дека студентите ќе се грижат и за луѓето во своите домови, нешто што сè уште се развива за углед и професионална можност на медицинските сестри денес.

Траен придонес на Флоренс Најтингел е нејзината улога во создавањто на денешната професија медицинска сестра. Таа поставила пример за сочувство, посветеност на нега на пациентот, и вредно и внимателно управување со болницата.

Работата на нејзиното Училиште за медицински сестри денес продолжува со работа под името Училиштето на Флоренс Најтингел за медицински сестри и акушерство при Универзитетот Кингс Колеџ Лондон во Лондон. Исто така, и училиштето за медицински сестри и акушерство при Универзитетот Саутхемптон е наречено по неа. Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави на нејзиниот реоденден секоја година. Кампањата за Декларацијата Флоренс Најтингел, основана од водачи на професијата медицинска сестра низ целиот свет, преку Иницијативата Најтингеил за глобално здравје, има цел да создаде глобално основно движење со кое ќе се постигне усвојување на две резолуции на Обединетите Нации од страна на Генералното Собрание на ОН од 2008 г., кои гласат: 2010 г.-Меѓународна година на медицинските сестри- 2010 г. ( 100 години од смртта на Најтингел) и 2011-2020 г.-Декада на ОН за здрав свет ( 200 г. од раѓањето на Најтингеил). Иницијатавата Најтингел за глобално здравје работи и на пробудување на свеста за важни прашања кон кои Флоренс Најтингел го свтрела вниманието, како превентивна медицина и холистичка медицина. Досега, Декларацијата Флоренс Најтингел е потпишана од преку 18.500 потписници од 86 земји.

За време на Виетнамската војна, Најтингел инспирирала многу медицински сестри во Армијата на САД, што претставувало искра за обновување на интересот во нејзиниот живот и работа. Нејзините обожавателки, вклучувајќи ја и Кантри Џо од групата Кантри Џо и рибата, која составила опширно мрежно место во нејзина чест.

Медицинското чилиштето Агустино Гемели во Рим, првата универзитетска болница во Италија и еден од најпочитуваните медицински центри, во чест на придонесот на Најтингел за професијата медицинска сестра, безжичниот компјутерски систем којшто е развиен за помош при лекувањето, го нарекле „Bedside Florence“ (Флоренс крај болничката постела).

Постојат многу фондации кои го носат нејзиното име. Најголем дел се фондации кои се поврзани со лекувањето, но во Канада постои и Фондација Најтингел за истражување, којашто е посветена на изучување на синдромот на хроничен замор, за којшто се верува дека го имала и самата Најтингел.

Во 1912, Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја вовел наградата Флоренс Најтингел Медал, којашто се доделува секоја втора година за истакната заслуга на медицински сестри или за придонес во оваа професија.

Болници уреди

Четири болници во Истанбул се нарчени по Најтингел: најголемата приватна болница во Турција која се наоѓа во областа Шишли (F. N. Hastanesi), во Гајретепе (Metropolitan F.N. Hastanesi), во Меџидијеќој (Avrupa F.N. Hastanesi) и во Кадиќој (Kızıltoprak F.N. Hastanesi), сите во припадност на Турската Фондација за кардиологија.

Музеи и споменици уреди

 
Прозорец со обоено стакло во чест на Флоренс Најтингел
 
Статуа на Флоренс Најтингел во Ватерло Плејс, Лондон
 
Статуа на Флоренс Најтингел, Лондон Роад, Дарби

Статуа на Флоренс Најтингел има на самото шеталиште во Вестминстер, Лондон.

Три статуи на Флоренс Најтингел има и во Дарби, една пред болницата London Road Community Hospital, порано позната како Кралска болница на Дарбишир, една на улицата St. Peter's Street и една над Одделот за грижа Најтингел-Мекмилан спроти Кралската болница Дарби. Куќа отворена за јавноста со нејзино име има близу до Кралската болница Дарби. Одделот за грижа Најтингел-Мекмилан сега се наоѓа во Кралската болница Дарби, порано позната како Градска болница Дарби.

Посебен прозорец со обоено стакло бил подарен на црквата на Кралската болница Дербшир во доцните 1950-ти год. Подоцна, кога црквата била срушена, прозорецот бил отстранет, чуван и преместен во новата црква. На затворањето на болницата, прозорецот повторно бил изваден и чуван. Во октомври 2010 г. биле собрани 6.000 фунти кои овозможиле повторно поставување на прозорецот и тоа во црквата Св.Питерс во Дарби. Ова значајно дело прикажува девет, од оригиналните десет паноа, опишувајќи сцени од болничкиот живот, атракции на градот Дарби, како и самата Флоренс Најтингел. Дел од прозорецот бил оштетен, па затоа десеттото пано било расклопено и стаклото се употребило за поправка на останатите паноа. Сите фигури, кои, како што се кажува, биле моделирани од истакнати личности на градот Дарби во раните шеесетти години, го заобиколуваат и слават централното стакло на кое се наоѓа прославениот Христос. Медицинска сестра која позирала за десната плоча на врвот во 1959 г. присуствувала на службата за повторно осветување во 2010 г.

Музејот на Флоренс Најтингел во болницата Сент Томас во Лондон, бил повторно отворен во мај 2010 г. на стогодишнината од смртта на Најтингел. Другиот музеј посветен на Најтингел е во семејниот дома на нејзината сестра, Клејдаун Хаус, којшто сега е во сопственост на Организацијата за зачувување на места од историска важност и природна убавина (National Trust).

Во 2010 г. одбележан е еден век од смртта на Најтингел, и за да се памети нејзината поврзаност со Малверн, музејот Малверн подготвил изложба во нејзина чест, а притоа се одржал и училиштен натпревар на постери за промовирање на одредени настани.

Во Истанбул, најсеверната кула од зградата на касарната Селимије сега е музеј, каде што во неколку од просториите се изложени реликвии и репродукции значајни за Флоренс Најтингел и нејзините медицински сестри.

Кога Најтингел отишла во Крим, во мај 1855 г., често правела проверки на болницата јавајќи на коњ. Подоцна употребувала двоколка, и при еден несреќен случај, кога маската се превртила, таа едвај избегнала сериозна повреда. По овој настан, таа почнала да употребува цврста кочија од руско производство, со водоотпорен покрив и завеси. По војната, Алексис Сојер ја вратил кочијата во Англија и, како што следува, била дадена на Училиштето на Најтингел за обука на медицински сестри. Кочијата се оштетила кога болницата била бомбадирана од Нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Подоцна била префрлена во Музејот на армиската медицинска служба во Сари, близу Алдершот.

Бронзена спомен-плоча била додадена на долниот дел на Споменикот на Крим, на гробиштата Хајдарпаша во Истанбул, којашто била откриена на Денот на империјата во 1954 г., со цел се прослави стогодишнина од нејзиното работење во тој регион. На плочата била напишана следнава посвета:

„За Флоренс Најтингеил, чијашто работа близу овие гробишта пред еден век ублажи многу човечко страдање и ја постави основата на денешната професијата медицинска сестра.“

Звучен запис уреди

Гласот на Флоренс Најтингел бил зачуван за поколенијата во вид на фонографска снимка од 1890 г., којашто бил зачувана во Архивата на британската библиотека за звучни записи. Записот е придонес од Фондот Лајт Бригејд Релиф, и гласи:

„Кога јас повеќе нема да бидам ниту во сеќавање, туку само име, се надевам дека мојот глас ќе може да го овековечи големото дело на мојот живот. Господе, благослови ги моите драги стари пријатели од Балаклава и однеси ги безбедно до копното“.

Записот е достапен он-лајн.

Театар уреди

Првото театарско претставување на Најтингел го направил режисерот Региналд Беркели во неговата претстава „Госпоѓата со ламбата“, којашто била премиерно прикажана во 1929 г. во Лондон, со Едит Еванс во главната улога. Во оваа претстава таа не е претставена како милосрдна личност во целост, и голем дел за создавање на нејзиниот карактер во претствата е земен од нејзината биографијата напишана од Литон Стречи, којашто е дел од книгата „Истакнати викторијанци“. Во 1951 г., под истото име, била адаптирана и на филмското платно. Најтингел се појавува и во надреалистичката драма на Едвард Бонд, наречена „Рано наутро“, во којашто е прикажана дека е во лезбејска врска со Кралицата Викторија.

Во 2009 г., била продуцирана и сценска музичка претстава за Најтингел од страна на Асоцијацијата на раководители на услуги за лекување на Филипините, насловена „Патувањето на девојката“. Драмата ја опишувала љубовната и професионалната приказна на иконата на медицинските сестри, Флоренс Најтингел, и се прикажувала секој петок во февруари 2009 г. во театарот во Крамп Крејм, на Филипините. Приказната е за раниот живот на Најтингел и за нејзината борба за време на Кримската војна. Во двочасовна драма „Патувањето на девојката“ медицинските сестри од различни болници во земјата ги изнесувале своите таленти за уметничко изведување.

Телевизија уреди

Прикажувањата на Најтингел на телевизија, во документарци, како и во фикција, се разликуваат: во емисија за Флоренс Најтингеил на BBC во 2008 г. нагласено е нејзината независност и чувството кога го добила духовниот повик, но во емисијата на Канал 4 во 2006 г., „Мери Сикол“: Вистинскиот ангел на Крим, како и во емисијата на Сајмон Шама, „Историја на Британија“, таа била прикажана како ограничена и спротивна на обидите на Сикол. Во 1985 г. бил режиран биографски филм насловен „Флоренс Најтингел“, каде што Жаклин Смит ја глуми Флоренс.

Филм уреди

Во 1912 г. бил режиран биографски филм без звук насловен „Викторииниот крст“, во којшто Џулија Свејн Гордон ја глуми Најтингел. Во 1915 г. бил режиран друг таков филм без звук, насловен „Флоренс Најтингел, каде што главна улога имала Елизабет Рисдон. Во 1963 г. бил режиран филмот насловен Белиот Ангел во којшто Кеј Франсис ја имала улогата на Флоренс. Во 1951 г. е режиран вториот биографски филм насловен Госпоѓата со ламбата, со главна улога на Ана Нигл.

Банкноти уреди

Во периодот од 1975 г. до 1994 г., на задната страна на банкнотите од 10 фунти, од серијата Д, издадени од Банката на Англија, имало слика од Флоренс Најтингел. На банкнотите била насликанa во болницата во Крим како ја држи нејзината ламба, а имало и нејзин портрет во стоечка положба.

Фотографија уреди

Најтингел имала принципиелно одбивање во однос на правење нејзини фотографии или сликање нејзини портрети. Во 2006 г. е откриена екстремно ретка фотографија на Флоренс Најтингел, направена кај Ембли, кога била на посета на нејзиниот семеен дом во мај 1858 год, и сега се наоѓа во Музејот на Флоренс Најтингеил во Лондон. Црно-бела фотографија од Најтингел, направена од Лизи Касвол Смит околу 1907 г. во нејзиниот дом во Парк Лејн, во Лондон, била купена на аукција на 19 ноември 2008 г. од Аукциската куќа Друитс во Њубари, Беркшир, Англија, по цена од 5.500 фунти.

Биографии уреди

Првата биографија за Најтингел била издадена во 1855 г. во Англија. Во 1911 Едвард Кук бил овластен од извршителите на Најтингеил да напише за нејзиниот јавен живот, и тоа дело било издадено во два тома во 1913 г. Лутон Стречи голем дел од поглавјето за Најтингеил во книгата Еминентните Викторијанци го пишувал врз основа на делото на Кук, и Сесил Вудхам Смит во голема мера се потпира на нејзината биографија во делото на Кук од 1950 г. насловено Живот, и покрај тоа што имала пристап до новиот семеен материјал зачуван во Клејдон. Во 2008 г. Марк Бостриџ издал дело во кое е опишан целосно друг живот на Најтингеил, исклучително заснован на неиздадените материјали од Колекцијата Верни која ја имало во Клејдон, како и на архивски документи од околу 200 архиви од целиот свет, од кои дел биле издадени од Лин МекДоналд во нејзиното проектно издание од 16 тома насловено Собрани дела на Флоренс Најтингеил (од 2001 г.-денес).

Фикција уреди

Најтингел е главниот карактер во детективкиот роман со ликот на Енола Холмс, Случајот на таинствените криптолини, каде што ја киднапираат кога за време на Кримската Војна таа на газдарицата на Енола ѝ дава порака кодирана со криптолини. Во овој роман, Најтингел е опишана како јака феминистка која се преправа дека е инвалид со цел да се фокусира на нејзината работа на полето на политиката и медицината, без да скршнува од очекуваното феминистичко однесување. Оваа лажно лице, како и нејзината поодмината возраст и социјалниот почит, ѝ овозможуваат директно да му објасни на братот на Енола, Шерлок Холмс, зошто неговата сестра е решена да се спротивстави на неговата желба таа да се согласи за училиштето со интернат.

Синдромот Флоренс Најтингел уреди

Синдромот Флоренс Најтингел е тремин којшто се употребува за да се опише ситуација во која, некое лице, вообичаено доктор или медиццинска сестра, развива емоционална поврзаност со повреден пациент за време на неговото лекување. Ова процес на привразување може да премине и во сексуално привлекување.

Друго уреди

Неколку цркви од Англиското Комуна ја комеморираат Најтингел со празник во нивните литургиски календари. Евангелистичката црква Лутеран во Америка ја комеморира како преродбеник на општеството на 13 август (Клара Маас). Почнувајќи од 1968 г., Воздушните сили на Америка управувале со флота од 20 аеродинамични авиони за евакуација од типот C-9A „Најтингел“, засновани на платформата МекДонел Даглас DC-9. Последниот од овие авиони бил повлечен од употреба во 2005 г. Во 1982 г. Сентара Хелткер го инагурирал својот медицински хеликоптерски сервис, официјално именуван „Најтингел“. Најтингел,многу придонела за здравјето на луѓето,таа умрела во 1910,кога имала 90 години...

Наводи уреди

 
Најтингел околу 1854 г.

Дела уреди

  • Nightingale, Florence (1979). Cassandra. 1979 reprint by The Feminist Press. ISBN 0-912670-55-X. Посетено на 6 July 2010.
  • „Notes on Nursing: What Nursing Is, What Nursing is Not“. Philadelphia, London, Montreal: J.B. Lippincott Co. 1946 reprint. London: Harrison & Sons. Посетено на 6 July 2010.
  • Nightingale, Florence; McDonald, Lynn (2001). „Florence Nightingale's Spiritual Journey: Biblical Annotations, Sermons and Journal Notes“. Collected Works of Florence Nighingale (Editor Lynn McDonald). Volume 2. Ontario, Canada: Wilfrid Laurier University Press. ISBN 0-88920-366-0. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  • „Florence Nightingale's Theology: Essays, Letters and Journal Notes“. Collected Works of Florence Nighingale (Editor Lynn McDonald). Volume 3. Ontario, Canada: Wilfrid Laurier University Press. 2002. ISBN 0-88920-371-7. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  • Nightingale, Florence; Vallée, GéRard (2003). „Mysticism and Eastern Religions“. Collected Works of Florence Nighingale (Editor Gerard Vallee). Volume 4. Ontario, Canada: Wilfrid Laurier University Press. ISBN 088920-413-6. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  • Nightingale, Florence; McDonald, Lynn (2008). Suggestions for Thought. Collected Works of Florence Nighingale (Editor Lynn McDonald). Volume 11. Ontario, Canada: Wilfrid Laurier University Press. ISBN 978-088920-465-2. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help) Privately printed by Nightingale in 1860.
  • „Notes on Nursing for the Labouring Classes“. London: Harrison. 1861. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  • The Family, a critical essay in Fraser's Magazine (1870)
  • „Introductory Notes on Lying-In Institutions“. together with A Proposal for Organising an Institution for Training Midwives and Midwifery Nurses. London: Longmans, Green & Co. 1871. Посетено на 6 July 2010.
  • „Una and the Lion“. Cambridge: Riverside Press. 1871. Посетено на 6 July 2010. Наводот journal бара |journal= (help) Note: First few pages missing. Title page is present.
  • „Una and Her Paupers, Memorials of [[Agnes Elizabeth Jones]], by her sister“. with an introduction by Florence Nightingale. New York: George Routledge and Sons, 1872. Посетено на 6 July 2010. URL–wikilink conflict (help). See also 2005 publication by Diggory Press, ISBN 978-1905363223
  • Letters from Egypt: A Journey on the Nile 1849-1850 (1987) ISBN 1-55584-204-6

Извори уреди

  • Baly, Monica E. and H. C. G. Matthew, "Nightingale, Florence (1820–1910)"; Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press (2004); online edn, May 2005 accessed 28 October 2006
  • Bostridge, Mark (2008). Florence Nightingale: The Woman and Her Legend. London: Viking. ISBN 9780670874118.
  • Gill, G. The extraordinary upbringing and curious life of Miss Florence Nightingale Random House, New York (2005)
  • McDonald, Lynn ed., Collected Works of Florence Nightingale. Wilfrid Laurier University Press
  • Pugh, Martin; The March of the women: A revisionist analysis of the campaign for women's suffrage 1866-1914, Oxford (2000), at 55.
  • Sokoloff, Nancy Boyd.; Three Victorian women who changed their world, Macmillan, London (1982)
  • Webb, Val; The Making of a Radical Theologician, Chalice Press (2002)
  • Woodham Smith, Cecil; Florence Nightingale, Penguin (1951), rev. 1955

Надворешни врски уреди