Бруцелоза
Бруцелозата[1][2] е високозаразна зооноза предизвикана од ингестија на непастеризирано млеко или недоволно печено месо од инфицирани животни, или близок контакт со нивни секрети.[3] Позната е и како средоземна треска.[4]
Бруцелоза | |
---|---|
Синоними | средоземна треска |
Специјалност | Инфектологија |
Brucella видовите се мали, Грам-негативни, неподвижни, неспороформни, стапчести (кокобацилни) бактерии. Тие функционираат како факултативни внатреклеточни паразити, кои предизвикуваат хронично заболување, кое обично перзистира доживотно. Четири видови предизвикуваат инфекции кај луѓето: B. abortus, B. canis, B. melitensis, и B. suis. B. abortus е помалку вирулентна од B. melitensis и воглавно ја предизвикува болеста кај добитокот. B. canis ги инфицира кучињата. B. melitensis е највирулентен и најинвазивен вид; вообичаено ги инфицира козите и повремено овците. B. suis има средна вирулентност и главно ги инфицира свињите. Симптомите вклучуваат обилно потење и болка во зглобовите и мускулите. Бруцелозата е позната кај животните и луѓето од 20 век.
Наводи
уреди- ↑ „Brucellosis“. American Heritage Dictionary. Архивирано од изворникот на 2011-06-06.
- ↑ „Maltese Fever“. wrongdiagnosis.com. February 25, 2009.
- ↑ „Diagnosis and Management of Acute Brucellosis in Primary Care“ (PDF). Brucella Subgroup of the Northern Ireland Regional Zoonoses Group. August 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-13.
- ↑ Di Pierdomenico A, Borgia SM, Richardson D, Baqi M (2011). „Brucellosis in a returned traveller“. CMAJ. 183 (10): E690-2. doi:10.1503/cmaj.091752. PMC 3134761. PMID 21398234.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |