Фириште (Франгово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Фириште


Местоположба 41°8′43″N 20°37′23″E / 41.14528° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.14528; 20.62306Координати: 41°8′43″N 20°37′23″E / 41.14528° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.14528; 20.62306
Основни податоци
Место Франгово
Општина Струга
Тип

 населба  некропола


Период хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Фириштеархеолошко наоѓалиште кај струшкото село Франгово. Претставува населба и некропола од хеленистичкото и римското време. На околу 1 км северозападно од селото, од десната страна на патот Струга-Франгово, на простор 500 × 100 м, во нивите на Хусеин Шабан, во 1935-1938 година, при орањето биле откриени повеќе гробови со богати прилози. Исто така, според кажувањето на мештаните, овде биле откриени и темели од ѕидови на објекти, ѕидани од кршен камен и варов малтер, како и неколку питоси. Денес на површината се забележуваат фрагменти од керамички садови и плочи од гробни конструкции.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 400, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069