Филип де Плеси
Филип де Плеси (1165- 1209) бил тринаесеттиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари. Тој е роден во тврдината Плеси- Масе во Анжу, Франција. Во 1189 година, тој земал учество во Третата крстоносна војна како витез, а во Палестина дознал и се приклучил на редот на темпларите. По смртта на Жилберт Хорал, тој станал Голем мајстор. Тој помогнал да се склучи примирјето помеќу Саладин и Ричард I. Откако ова примирје било обновено, тој побарал од Тевтонскиот ред и Болничарите да му понудат ново примирје на Малек-Адел, брат на султанот Саладин. Ова наишло на критика од папата Иноцентиј III.
За време на неговото водство имало неколку воени актривности, но Четвртата крстоносна војна завршила со поход којшто не завршил во светата земја. Германскиот крал бил против темпларите во заштита на тврдината Гаштајн. Едноставно темпларите биле избркани од Германија, па папата интервенирал во решавање на спорот.
Односите со болничарите и понатаму биле затегнати, а за време на неговот водство, редот го достигнал својот врв во Европа.
Неговото име за последен пат запишано во документ во 1209 година, а според Хрониката од Ремс, Филипе де Плеси умрел на 12 ноември 1209 година.
Претходник Жилбер Ерај |
Голем мајстор 1201–1208 |
Наследник Гијом де Шартр |