Жилбер Ерај
Жилбер Ерај (умрел во декември 1200) бил дванаесеттиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
Жилбер Ерај се родил во Арагонесе (од Арагон во Шпанија) и станал темплар уште како млад. Тој останал во провинциите Провенс и Арагон, каде што земал учество во битките за Реконквиста, а околу 1190 година станал Голем мајстор на провинцијата. Во 1193 година, по смртта на Робер де Сабле, тој станал Голем масјтор на витешкиот ред, а во наредната 1194 година, папата Целестин III им дал на темпларите поголеми привилегии.
Познато е дека Ерај скал да преовладува мир помеѓу Христијаните и Муслиманите, но многумина не се согласуваат со тоа и сметаат дека тоа бил предавнички чекор и заговор против непријателите.
За време на неговото водство на редот на темпларите, недоразбирањата со болничарите се заостриле. Арбитражата од страна на папата Иноцентиј III била во корист на болничарите, бидејќи тој не можел да ги заборавои согласностите коишто ги имале темпларите со Малек-Адел, брат на султанот Саладин.
Друго големо остварување на Жилбер Ерај е времето коешто го издвоил за организирање и консолидирање на одржувањето на темпларите во Франција и Апулија.
Во Шпанија, темпларите земале актоивно учество во Реконквиста и ја добиле тврдината Алхамбра од Алфонсо III Арагонски како награда за нивните напори вложени во борбата.
Претходник Робер де Сабле |
Голем мајстор 1193–1200 |
Наследник Филип де Плеси |