Вили МекФол
Вилијам Стјуарт МекФoл (роден на 10 јануари 1943 година), познат како Вили или Јам МекФoл, е поранешен северно ирски фудбалер на позицијата голман и фудбалски тренер.
Вили МекФол | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 октомври 1943 | ||
Роден во | Колерајн, Северна Ирска | ||
Држава | Северна Ирска | ||
Висина | м | 1,75||
Играчки податоци | |||
Позиција | голман | ||
Повлекување | 1975 (како играч) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
196?–1966 | Линфилд | ? | (0) |
1966-1975 | Њукасл Јунајтед | 290 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
Северна Ирска | 6 | (0) | |
Раководител на екипите | |||
1985–1988 | Њукасл Јунајтед | ||
1989–1992 | Колерајн | ||
1998–2003 | Гуам | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Играчка кариера
уредиМекФoл му оставил одличен впечаток на тогашниот менаџер на Њукасл Џо Харви, па така тој му платил 7,000 фунти на Линфилд за младиот Ирец кој штотуку примил седум гола во пријателскиот подготвителен натпревар против страчките, а можел да прими и многу повеќе доколку во некој ситуации не реагирал брилијантно.
Вили го направил своето деби за Њукасл во поразот дома со 2-0 на Сент Џејмс Парк од Ливерпул на 12 ноември 1966 година и ги поминал првите две сезони од неговата кариера борејќи се за место во првиот тим со Гордон Маршал. Кога конечно му била укажана шанса, на почетокот на сезоната 1968-1969, тој ја зграпчил со двете раце и останал прв избор на голманската позиција сè до неговото пензионирање во 1975 година. И покрај тоа што бил релативно низок за голман, МекФол се прославил со фантастична способност да ја командува неговата одбрана во својот шестнаесетник, како и со исклучителната храброст да се фрла во нозете на противничките напаѓачи. Тој имал развиено репутација на фантастичен голман кој донесува брзи и важни одлуки како и да прави незаборавни спасувања, а сета своја класа ја покажал и во Купот на велесаемските градови во сезоната 1968-1969.
Во првиот полуфинален натпревар против Ренџерс на Ајброкс по завршувањето на првото полувреме со резултат 0-0, МекФол го соборил шведскиот напаѓач Орјан Персон, по што бил досуден пенал за Ренџерс, но ударот на Енди Пенман бил брилијантно одбранет од страна на човекот што го направил. Потоа во финалето на ова натпреварување, кога Њукасл во првиот натпревар го победил унгарскиот Ујпешт со 3-0 дома, МекФол одбранил неколку чисти гола и му обезбедил на својот тим сигурна предност пред реваншот и Њукасл практично ја имал едната рака на пехарот. Но сепак, во реваншот не било толку лесно веќе по првото полувреме Ујпешт водел со 2-0, а МекФол уште еднаш морал да ја покажува својата класа спасувајќи 4 прекрасни шанси на домашните играчи. Во второто полувреме страчките заиграле многу подобро и стигнале до целосен пресврт од 3-2 со кој го освојуваат својот прв европски наслов во историјата на клубот.
Тренерска кариера
уредиВили МекФол бил назначен за вршител на должноста менаџер на Њукасл Јунајтед во август 1985 година откако Џек Чарлтон поднел оставка по пред-сезонскиот пријателски натпревар против Шефилд Јунајтед. Чарлтон го напуштил клубот поради навивачите кој биле нездоволни од доведувањето на Крис Вадл како и неуспехот да се ангажира Ерик Гејтс од Ипсвич Таун. Првиот натпревар на МекФол на клупата на клубот било гостувањето на Саутхемптон, кога тој направил многу храбар потег пуштајќи го во игра 18-годишниот плејмејкер на клубот Пол Гаскоњ. До крајот на август Њукасл загубил од Ливерпул со 1-0, но и тоа било доволно добро за да МекФол заработи постојана работа како менаџер во клубот.
МекФол го водел Њукасл сè до сезоната 1987-1988, но без некој значајни успеси. Неговиот последен натпревар на клупата на тимот бил поразот на домашен терен од Ковентри Сити со 3-0 по што МекФол најавил дека се повлекува од функцијата и го напушта клубот по тригодишно раководство со него.
Титули
уредиЊукасл
уреди- Куп на велесаемските градови (1) : 1969
Надворешни врски
уреди- Вили МекФол Архивирано на 10 октомври 2012 г. на neilbrown
- Вили МекФол на sporting-heroes.