Норман Кемп Смит

(Пренасочено од Норман Смит)

Норман Кемп Смит (англ. Norman Kemp Smith), (18721958) е шкотски филозоф, предавач на универзитетот Принстон и професор по логика и метафизика на Единбуршкиот универзитет. Роден е во Данди, Шкотска како Норман Симит, а кога се оженил во 1910 г. кон името го додал презимето на сопругата Ејми Кемп[1]

Кариера

уреди

Кемп Смит докторирал во 1902 г. на универзитетот Сент Ендрјуз. Од 1906 до 1916 г. предавал филозофија и психологија на Принстон, а од 1919 до 1945 во Единбург. Најпознат е како преведувач англиски на делото „Критика на чистиот разум“ од германскиот филозоф Имануел Кант (1929) кој се смета за стандарден превод на тој јазик. Неговите коментари на делата на Кант Дејвид Хјум и други се особено високо ценети. Од 1947 до 1948 г. бил претседател на Аристотеловото друштво.

Философите ширум светот го сметаат неговиот превод на „Критика на чистиот разум“ за дури подобар од германскиот оригинал и како таков некои германски професори го препорачуваат на студентите што добро го владеат англискиот јазик.

Дела и написи

уреди
  • Studies in the Cartesian Philosophy („Осврт кон Декартовата филозофија“), (New York: Macmillan, 1902)
  • "The Naturalism of Hume (I)" и "The Naturalism of Hume (II)", Mind, 14 (1905) бр. 54 и 55: 149–73 и 335–47 („Натурализмот на Хјум“ - I и II)
  • "Subjectivism and Realism in Modern Philosophy", The Philosophical Review, 17 (1908) бр. 2: 138–48 („Субјективизмот и реализмот во современата филозофија“)
  • "How Far Is Agreement Possible in Philosophy?", The Journal of Philosophy, Psychology, and Scientific Methods, 9 (1912) бр. 26: 701–11 („До кој степен може да се постигне согласност во филозофијата?“)
  • "Kant’s Relation to Hume and Leibniz", The Philosophical Review, 24 (1915) бр. 3: 288–96 („Врската на Кант со Хјум и Лајбниц“)
  • A Commentary to Kant’s 'Critique of Pure Reason' (London: Macmillan, 1918), (Коментар на Кантовата „Критика на чистиот разум“)
  • Prolegomena to an Idealist Theory of Knowledge (London: Macmillan, 1924), („Пролегомени за идеалистичка теорија на сознанието“)
  • The Philosophy of David Hume: A Critical Study of Its Origins and Central Doctrines (London: Macmillan, 1941), („Филозофијата на Дејвид Хјум: Критичен осврт кон нејзиното потеклото и основните учења“)
  • New Studies in the Philosophy of Descartes (1951), („Нов осврт кон филозофијата на Декарт“)

Литература

уреди
  • Loeb, Louis E. (2009). What is Worth Preserving in the Kemp Smith Interpretation of Hume? British Journal for the History of Philosophy, 17(4), 769–797.

Наводи

уреди
  1. Норман Кемп Смит (1872-1958), Философски факултет, Единбуршки универзитет. прегл. 5 ноември 2009 (англиски)

Надворешни врски

уреди