Ки Сунг-јуенг (корејски:기성용) роден на 24 јануари 1989 година) — јужнокорејски фудбалер, играч од средниот ред на ФК Сеул и поранешен репрезентативец на Јужна Кореја (2008-2019).

Ки Сунг-јуенг
Лични податоци
Роден на 24 јануари 1989(1989-01-24)(35 г.)
Роден во Квангџу, Јужна Кореја
Држава Јужна Кореја Јужна Кореја
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Сеул ФК Сеул
Број 6
Младинска кариера
Џон Пол Колеџ
Кумхо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2009 ФК Сеул ФК Сеул 64 (7)
2009-2012 Селтик Селтик 66 (9)
2012-2018 Свонзи Сити Свонзи Сити 139 (12)
2013-2014Сандерленд Сандерленд 27 (3)
2018-2020 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 21 (0)
2020 Мајорка Мајорка 1 (0)
2020- ФК Сеул ФК Сеул 89 (3)
Репрезентација
2006-2007 Јужна Кореја Јужна Кореја 20 16 (6)
2007-2012 Јужна Кореја Јужна Кореја 23 21 (1)
2008-2019 Јужна Кореја Јужна Кореја 110 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Технички одлики уреди

Познат е по неговата визија во играта, техника, долгите додавања и одличниот удар, како и одличното изведување на слободните удари.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Ки ја започнал својата кариера во екипата на ФК Сеул, пред да се пресели во шкотскиот Селтик во август 2009 година. Ки одиграл три сезони на Хемпден Парк од кои посебно добра за него била последната (2011-12) во која бил еден од најдобрите играчи на Селтик и еден од најзаслужните за освојувањето на Шкотската Премиер лига. Сезоната ја завршил со 30 првенствени настапи и 6 гола. Во летото 2012, Ки направил трансфер во Свонзи Сити членот на Англиската Премиер лига за сума од околу 6 милиони фунти, потпишувајќи тригодишен договор со велшкиот клуб.

Во првата сезона во Свонзи, Ки го освоил Лига купот со победата против Брадфорд Сити во финалето со 5-0, натпревар во кој тој самиот играл на за него неприродна позиција во центарот на одбраната како партнер на капитенот Ешли Вилијамс. Следната сезона тој ја поминал на заем во Сандерленд каде одиграл 34 натпревари и постигнал 4 гола, пред да се врати во Свонзи и да одигра уште четири сезони за клубот од Велс. Сепак, по испаѓањето на лебедите од Премиер лигата во сезоната 2017-2018, Ки го најавил своето заминување од клубот.

Во 2018 година, по испаѓањето на Свонзи од Премиер лигата, Ки како слободен играч му се приклучил на Њукасл Јунајтед потпишувајќи со нив двегодишен договор.

На 31 јануари 2020 година, Ки и Њукасл Јунајтед споразумно го раскинале договорот. Откако станал слободен играч, тој потпишал договор до крајот на сезоната со шпанската Мајорка, со цел да му помогне на клубот во битката за опстанок во Примера Дивисион. Сепак, после само еден одигран натпревар за клубот, тој ја напуштил Мајорка пет дена пред истекот на неговиот договор.

На 21 јули 2020 година, Ки се вратил во Јужна Кореја каде потпишал за клубот во кој ја започнал својата професионална кариера, ФК Сеул.

Репрезентативна кариера уреди

Ки е репрезентативец на Јужна Кореја од 2008 година. Пред да стане член на сениорската репрезентација тој настапувал во младинските селекции до 17 и до 20 години. Исто така тој настапувал и за Олимписката репрезентација до 23 години, и тоа на две олимпијади во 2008 и 2012, а на втората тој и неговите колеги го освоиле бронзениот медал.

Со сениорската репрезентација настапувал на Светското првенство 2010 каде неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето. Ки бил избран и за Светското првенство 2014 каде неговата репрезентација испаднала уште во првата фаза. Досега тој има 60 настапи за селекцијата на Јужна Кореја и 5 постигнати гола.

Титули уреди

Клупски уреди

  Селтик уреди

2011-2012
2010-2011

  Свонзи Сити уреди

2012-2013

Репрезентативни уреди

Олимписка репрезентација на Јужна Кореја

Индивидуални уреди

Надворешни врски уреди