Ум ел Кааб
Ум ел Кааб (или Ум ел Ка'аб, понекогаш Ум ел Га'аб, арап. أم القعاب) е некропола на владетелите на раните династички периоди [1] во Абидос, Египет.[2] Неговото модерно име значи „Мајка на садови“, бидејќи низ целата област има скршени садови, како понуда за боговите направени во претходните времиња. Култското античко име на областа било (w-) pkr или (rꜣ-) pkr „Округот на pkr [-дрво]“ (неидентификуван вид) или „Отворање на pkr [-дрво]“ (коптски : upoke), кои припаѓаат на tꜣ-dsr „затскриената / расчистена земја“ (некропола) или crk-hh „Врзување на вечноста" (Коптски: Alkhah).
арапски: أم القعاب | |
Поглед кон областа | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Место | Египет |
---|---|
Координати | 26°10.5′N 31°54.5′E / 26.1750° СГШ; 31.9083° ИГД |
Областа била место на поклонение и обожување во древниот Египет, и до времето на Средното Кралство, барем една од кралските гробови била ископана и обновена за свештениците на Озирис.[3]
Гробовите од оваа област првпат биле ископани од страна на Емиле Амелино во 1890-ти години и посистематски од страна на Флиндерс Петри помеѓу 1899 и 1901 година.[3] Оттогаш оваа област постојано е ископана од страна на Германскиот археолошки институт од 1970-ти години, со што се овозможи детална реконструкција на оригиналниот распоред и изглед на овие гробови.[3]
| ||||
Пекер во хиероглифи |
---|
Прединастички гробови
уредиГробови од Првата династија
уредиПозната како гробишта Б, оваа област ги содржи раните династички гробови на фараоните од Првата египетска династија и последните два крала од Втората династија.
Гробови од Втората династија
уредиПоследните два фараона од Втората династија биле погребани во близина на нивните предци - тие, исто така, ја обновиле практиката за изградба на погребни куќички од кал-тули во близина.
Печатот пронајден во оваа гробница ја содржи првата целосна реченица напишана со хиероглифи.[15]
Овој гроб бил на голем простор, со неколку меѓусебно поврзани комори од кал, а вистинската погребна комора била изградена од обликувани варовнички блокови. Кога Петри го ископал во 1901 година, тој содржел скиптер сплетен со злато, и варовни вазни со златни покривки.
Човечки жртви во гробовите од Првата династија
уредиЧовечки жртви се практикувале како дел од погребните ритуали поврзани со првата династија.[17] Гробот на Џер е поврзан со погребувањето на 338 лица за кои се верува дека биле жртвувани.[17] Луѓето и животните, како магариња, на пример, се очекувало да му помагаат на фараонот во задгробниот живот. Се чини дека дворјаните на Џер биле заклани и нивните гробови се затворени во исто време.[18][19] Од непознати причини, оваа практика завршила со крајот на династијата, а наместо вистински луѓе биле оставани фигури „шабти“ да им помогнат на фараоните во работата што се очекува од нив во задгробниот живот.[17]
Наводи
уреди- ↑ [1] Гробници на кралевите од Првата и Втората династија
- ↑ Тоби Вилкинсон, Ран Династик Египет, Руутлеј, 1999
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Шо, Ијан. Оксфордската Историја на Стариот Египет. стр. 67. Универзитетот Оксфорд Прес. 2000 година.
- ↑ [2] Абидос, Гробот на кралот Ири-Хор
- ↑ [3] Гробот Нармер
- ↑ [4] Гробот на Хор-Аха
- ↑ [5] Гробница О
- ↑ [6] Гробот Z
- ↑ [7] Гробот Ј - гробот на Мернит
- ↑ [8] Гробница Т
- ↑ [9] Гробот Х.
- ↑ [10] Гробница У
- ↑ [11] Гробот П.
- ↑ [12] Абидос гробницата П
- ↑ [13] Гробницата на Перибсен
- ↑ [14] Абидос гробницата V
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Shaw, Ian. The Oxford History of Ancient Egypt. p. 68. Oxford University Press. 2000. ISBN 0-19-280458-8
- ↑ Пејн, Кит "Откривање на Абидос: испитување на работата на Заедничката експедиција Пен-Јеил-ИФА" Клуч за наследство 20 октомври 2009 [15] Архивирано на 5 февруари 2010 г.
- ↑ Пејн, Кит "Ексклузивно интервју: Д-р Дејвид О'Конор на експедицијата Абидос" Клучен на наследство 29 септември 2009 [16] Архивирано на 8 јули 2012 г.
Надворешни врски
уреди- Ум ел Кааб на Ризницата ?