Турн (замок)

замок во Словенија

Турн (словенечки: Grad Turn, германски: Thurn[1]) — замок селото Поточе, Општина Преддвор, Словенија. Изградбата за првпат се споменува во 1408 година и веројатно била изградена во средината на 14 век. Во почетокот на 15 век, таа била во сопственост на грофовите на Цеље. Објектот бил значително оштетен во 1439 година, за време на борбите меѓу Хабсбуршката монархија и Грофовија Цеље, и повторно од страна на отоманските Турци во 1473 година.

Турн
Grad Turn
Карта
Општи податоци
ГрадПоточе, Општина Преддвор
ЗемјаСловенија

Со уништувањето на Грофовијата Цеље, замокот станал сопственост на Хабсбуршката монархија. Царот Максимилијан I ја продал на локалниот гроф Јуриј фон Егх, кој бил општински управител на Хабсбуршкиот имот во овој регион, и кој поседувал неколку замоци во регионот. Во 1793 била купена од страна на Мартин Урбанчич, кој исто така бил управител на Брдо. Во 1909, замокот бил купен од страна на Отон фон Детела.

По Втората светска војна, имотот бил конфискуван од страна на комунистичкиот режим во Југославија. Во тој период била користена како касарна за Југословенската народна армија и од 1962 година била претворена во дом за стари лица.

Наводи

уреди