Трка кон морето
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Трката кон морето е име на еден период во Првата светска војна на Западниот фронт. Кога двете завојувани сили на Франција и Германија започнале со рововска вокна непрекинато се обидувале да заобиколат една друга од страна и д асе здобијат со предност. Тие маневри на северното крило довеле до ширење на линијата на фронтит на север до Северното Море. Трката кон морето започнала во септември 1914 година од швајцарската граници, а била завршена Северното Море кога на 22 ноeмври била завршена офанзивата кај Ипр.
Во тек на битките во Пикардија, Артоа и Фландрија ниедна страна не се здобила со предност. А војната потоа преминала речи си во целост во рововските судири.
По Битката кај Марна
уредиПо Првата битка кај Марна и победа на сојузниците започнала сојузничка контраофанзива со Првата битка на Ена, која завршила нерешително. Со таа битка на тоа подрачје се засилила линијата на фронтот, а завојиваните сили почнале да бараат начин за маневар со кој би се нападнал непријател. И едната и друграа страна ја користеле железницата за најбрзо превезување на војската. На Французите им била достапна железницата низ Амјен, а на Германците преку Лил. Француската Десетта армија се собирала во Амјен од средината на септември, а на 25 септември тргнала кон исток. Германската Шеста армија пристигнала до Бапом на 26 септември, а напредувала до Типвал на 27 септември каде што две години подоцна ќе се одржи Битката на Сома.
Целта на Германците во тек на овие офанзиви била:
- заземат индустриски и земјоделски региони на северна Франција;
- да одсечат снабдување на Британскииот експедиционен корпус преку Ламанш;
- да ја изолираат Белгија;
- да ја освојат Фландрија со помош на шест коњанички дивизии.
Меѓутоа од 1 октомври до 6 октомври под команда на Фердинанд Фош француските сили ја запреле офанзивата на Шестата германска армија, северно од Сома. Германската коњаница била запрена во близина на Лил по сусир со 22 француски корпус. Единствената празнина што преостанала, била во Фландрија, со Белгијците кои се наоѓале кај Изер и со Французите, кои се наоѓале во Пикардија на југот.[1]
Битка кај Ипр
уредиВниманието било свртено кон Арто и Фландрија, каде што Британскиот експедиционрн корпус започнал да се распоредува со намера да ја скуси линијата за снабдување низ Булоњ на Морето и Кале. Во регионот на Арто била формирана линија со биткара кај Басе од 12 октомври и 27 октомври. Британците го држеле Арас, а Германците Ленс. Во Фландрија Германците с мали единици го зазеле Ипр на 3 октомври, а британската 7 дивизија го зазела Ипр на 14 октпмври.
Британците планирале да напредуваат по патпт до Менина, но биле запрени од надмоќта на дерманската војска. Белгискиот крал Алберт Iнаредил со морето да се поплави дел на Белгија со отворање на заштитни брани во Ниупорт на реката Исер. Поплавениот дел бил широк и до километар, а досегал сè до Диксмидеа. Германците по тоа започнале пробив кај Ипар и така започнала Првата битка кај Ипр. Германскиот напад започнал на 21. октомври. Борбите траеле до втора половина на ноември. Западниот фронт сè уште имал дупки каде што не била воспоставена линија на фронтот, како на Вогезите каде линијата на фронтот била воспоставена дури на почеток на 1915 година.
Антверпен
уредиПостоеле координирани напори на помалите сили на белгиската војске, францускиите маринви и на британската морнарица со морнаричка пешадија да се поддржува Антверпен во тек на неговата опсада. Германците го зазеле на 10 октомври 1914 година. Цилта на таа подрѓка било задржување на германските сили на таа позиција за да не можат да го окупираат целиот брег, со што би можеле да попречуваат снабдување на британски сили, но и да изградат своја база за подморници. Токму поради тоа сојузниците вложувале голем напор да го сочуваат Ламанш слободен од германската војска.
Наводи
уредиПоврзано
уреди- ↑ Strachan, H. (2001). The First World War: To Arms. I. Oxford: OUP. ISBN 978-0-19-926191-8.