Трајко Андреев
Трајко Андреев, роден како Трајче Јованов Андреев (Богомила, 7 мај 1925 — Велес, 8 ноември 1944) — македонски партизан, член на комунистичката партија на Југославија и после комунистичката партија на Македонија. Борец од осмата велешка ударна бригада којшто загинал во битката за ослободувањето на Велес.[1] По негова чест ОУ „Трајко Андреев“ го носело неговото име пред 2006, кога школото паднало под склоп на ОУ „Блаже Конески“.[2][3]
Трајко Андреев | ||
Роден | Трајче Јованов Андреев 7 мај, 1925 Богомила, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 8 ноември, 1944 (19 г.) Велес, бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Животопис
уредиТрајко Андреев е роден во сиромашна земјоделска фамилија од Богомила. Во рани години имал интерес кон социјализмот и комунизмот, заради нејзиното ширење низ регионот од различни велешки членови од ВМРО (Обединета), како Панко Брашнаров и Алексо Мартулков.
Во септември 1944 година, на 18 години се приклучил со македонските партизани при формирањето на осмата македонска ударна бригада во Отоштино. Учествувал во различни битки, во октомври 1944 учествувал во судири со албански фашистички балисти во Каршијак, Скопско.[1] Во октомври 7-ми учествувал во битката за ослободувањето на селата Грчец и Крушопек. После тоа се борел со балистите во Говрлево.
Со поразот на балистите, осмата македонска ударна бригада ги следиле силите во Здуње, Гургурница и Седларево. Андреев храбро се борел и успешно ги победиле балистите, после победата почнале да водат борби за ослободувањето на Велес. Во 8 ноември, 1944 Андреев учествувал заедно со другите македонски партизани за ослободувањето на градот. Андреев трагично бил погоден од германски куршуми при борбите во главните улици на градот.[1] Бил погребан во неговото родно село.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во народно ослободителна војна : 1941-1945 : спомен книга на загинатите борци во НОБ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко. Просвета. стр. 54.
- ↑ Печков, Петар (19 октомври 2019). „УЧИЛИШТЕТО „ТРАЈКО АНДРЕЕВ" ВО ВЕЛЕС ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ, НО БИВШИТЕ ВРАБОТЕНИ СЕ СОБИРААТ ЗА ПАТРОНАТОТ“. Ти реков ми рече.
- ↑ Димитриевска, Антоанела (20 септември 2023). „Се реконструира спортската сала на Економското училиште во Велес“. Миа.