Трајан Спасов Рајкочев ( 1924 во Бањане, Скопско12 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Трајан Рајкочев
Роден 1924 година
Бањани, Скопје, Македонија
Починал 12 април, 1945 година
Будровци, Хрватска
Почивалиште Будровци
Националност Македонец
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Трајан Рајкочев

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно yчилиштe, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По основањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, активно ја помагал, а кон крајот на септември 1944 година стапил во неа. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите на Скопска Црна Гора и против Германците во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија ја продолжил борбата против балистичките банди на Косово. Оттука заминал во Земун, каде со успех ја завршил три месечната воено-политичка обука. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал кај Будровци, каде што бил ѝ закопан.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 121. На |first= му недостасува |last= (help)