Талија

мексиканска пејачка и глумица

Аријадна Талија Соди Миранда (шпански: Ariadna Thalía Sodi-Miranda; родена на 26 август 1971), позната мононимно како Талија ― мексиканска пејачка и глумица.[1] Нарекувана е „Кралица на латино-поп музиката“,[2] а се смета за една од најуспешните и највлијателните мексикански уметници.[3] [4] [5] Со продадени околу 50 милиони плочи таа е една од најпродаваните изведувачи на латино-музика на сите времиња.[6] Освен на нејзиниот мајчин шпански јазик, Талија пеела и на: англиски, француски, португалски и тагалог.[7]

Талија
Талија во 2006
Роден(а)Аријадна Талија Соди Миранда
26 август 1971(1971-08-26)(53 г.)
Мексико Сити, Мексико
Државјанство
  • Мексико (1971–денес)
  • САД (2006–денес)
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
  • претприемач
Активен период
  • 1981–денес (пејачка)
  • 1986–денес (глумица)
СопружникТоми Мотола (в. 2000)
Деца2
РодниниЛаура Запата (полусестра)
Камила Соди (внука)
Потпис
Страница
thalia.com

Добила многу признанија, вклучително и пет Билбордови Латино музички награди, осум награди Ло Нуестро, а седумпати била номинирана за Латинска Греми награда [8] и мексиканската „Награда за заслуги на претседателот“ во 2019 година.[9] Соработувала со повеќе уметници, како Тони Бенет, Мајкл Бубле, Роби Вилијамс, Марк Ентони, Лаура Паузини, Ромео Сантос, Малума, Фет Џо и Карлос Вивес.

Како глумица, Талија глумела во многу успешни теленовели кои се емитувале во над 180 земји со проценета публика од 2 милијарди гледачи според УНИЦЕФ, [10] [11] што довело до тоа медиумите да ја нарекуваат „Кралица на теленовелите“.[12] Мексиканската медиумска компанија Televisa ја прогласила за најдобро платена глумица во теленовели во историјата,[13] [14] а Билборд ја прогласил за најпрепознатлива ѕвезда на сапуница на шпански јазик во светот.[15]

Животопис

уреди

Аријадна Талија Соди Миранда е родена на 26 август 1971 година во Мексико Сити. Таа е најмлада од петте ќерки на Јоланда Миранда Манге (починала во 2011), сликарка која била менаџер на Талија од 1980 до 1999 година и Ернесто Соди Паларес (починал во 1977), научник, доктор по патологија, криминолог и писател.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Thalía (1990)
  • Mundo de Cristal (1991)
  • Love (1992)
  • En éxtasis (1995)
  • Nandito Ako (1997)
  • Amor a la Mexicana (1997)
  • Arrasando (2000)
  • Thalía (2002)
  • Thalía (2003)
  • El Sexto Sentido (2005)
  • Lunada (2008)
  • Primera Fila (2009)
  • Habítame Siempre (2012)
  • Viva Kids Vol. 1 (2014)
  • Amore Mío (2014)
  • Latina (2016)
  • Valiente (2018)
  • Viva Kids Vol. 2 (2020)
  • Desamorfosis (2021)
  • Thalía's Mixtape (2023)
  • A Mucha Honra (2024)

Филмографија

уреди

Телевизија

уреди
Теленовели
Година Наслов Оригинален наслов Улога Забелешка[16]
1986 Кутрата сенорита Лимантур Pobre señorita Limantour Дина Споредна улога
1987 Петнаесетгодишна Quinceañera Беатрис
  • TVyNovelas Awards за најдобра глумица [17]
  • Golden Laurel Award: актерско деби
  • Silver Star Award: актерско деби
1989 Светлина и сенка Luz y sombra Алма Суарез Прва главна улога[18]
1992 Марија Мерцедес María Mercedes Марија Мерцедес Муњос дел Олмо "Мече"
  • TVyNovelas Award за најдобра млада глумица
  • ACE Award за најдобра глумица
  • El Heraldo de Mexico Award за најдобра глумица
VIP Noche Себеси
1994 Маримар Marimar Марија дел Мар Алдама Перез, "Маримар" / Убавата Алдама
  • TVyNovelas Award за најдобро оценета теленовела
  • ACE Award за најдобра глумица
  • Nomination - TVyNovelas Award за најдобра глумица во главна улога
1995 Марија од предградијата María la del Barrio Марија Хернандез де Де ла Вега "Марија од предградијата"
  • TVyNovelas Award за најдобро оценета теленовела
1999 Росалинда Rosalinda Росалинда / Палома Дорантес
  • Nomination - Viva Israel Prize за најдобра глумица во теленовела
2006 Cantando por un sueño себеси Специјален гостин[19][20]
2009 Las Aventuras de Eebee y Thalia
2012 América Celebra a Chespirito кодомаќин[21][22]

Наводи

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. Fabian, Renée (29 September 2017). „Ricky Martin To Thalía: 5 Latin Autobiographies You Should Read“. Grammy Award. Архивирано од изворникот на 17 June 2020. Посетено на 1 January 2021.
  3. „25 mexicanos más influyentes en la música“. Oyemexico.com (шпански). Архивирано од изворникот на 8 December 2012. Посетено на 10 August 2012.
  4. „Thalía con nuevo disco“. Televisa (шпански). Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 27 August 2012.
  5. Ana Karen Grande Benavides (30 August 2012). „Ellas son las mexicanas más tocadas“. Azteca (шпански). Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 10 August 2012.
  6. People Staff (November 18, 2008). „Thalía drops her label, and plans to record in English“. People. Архивирано од изворникот на 2 August 2023. Посетено на August 2, 2023.
  7. Празен навод (help)
  8. „Patch“. Hollywood.patch.com. 4 December 2013. Архивирано од изворникот на 26 January 2014. Посетено на 5 August 2014.
  9. Празен навод (help)
  10. Dorantes, David (27 September 2009). „Thalia busca la liberación“. Houston Chronicle (шпански). Архивирано од изворникот на 12 April 2013. Посетено на 10 August 2012.
  11. „Award-winning artist Thalía appointed UNICEF Mexico Ambassador“. UNICEF. 8 July 2016. Архивирано од изворникот на 6 January 2020. Посетено на 18 January 2022.
  12. Gargan, Edward A. (27 August 1996). „Mere Soap Opera? It's Mexican Magic (in Tagalog)“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 27 June 2017. Посетено на 18 February 2017.
  13. „Thalia, reina de las novelas“. Laprensa.com.bo. 18 October 2011. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 5 August 2014.
  14. „Thalia – La Historia Detras Del Mito Pt. 3 of 5“. YouTube. 13 September 2011. Архивирано од изворникот на 2023-05-19. Посетено на 5 August 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. Празен навод (help)
  16. Thalia.compnet.com.pl. „Thalia's nominations and win“. Архивирано од изворникот на 2011-12-12. Посетено на August 30, 2011.
  17. „20 años de telenovelas clásicas: Quinceañera“. Univision. Посетено на February 23, 2012.
  18. „Thalía celebrará su cumpleaños melancólica porque su madre ya no está“. Univision. Univision Communications. Посетено на October 2, 2012.
  19. „Thalía, madrina de Cantando por un sueño“. Terra.com.mx. Посетено на March 27, 2012.[мртва врска]
  20. „Arranque de lujo en Cantando por un sueño Thalía será la madrina“. lasnoticiasmexico.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-01. Посетено на March 27, 2012.
  21. „Thalía celebra a Chespirito“. Grupo Televisa. Архивирано од изворникот на 2014-07-16. Посетено на March 27, 2012.
  22. „Thalía en América celebra a Chespirito“. tvolucion.esmas.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-14. Посетено на March 27, 2012.

Надворешни врски

уреди