Терел Хил
Терел Лесли Хил (англиски: Terrell Leslie Hill, 19. декември 1917 во Оукленд, Калифорнија, САД - 23. јануари 2014 во Јуџин, Орегон, САД) беше американски теориски физичар, физички хемичар и молекуларен биолог. Тој е познат по неговите бројни придонеси во статистичката механика, квантната механика, хемиската физика, физиката на кондензирана материја, теоретската молекуларна биологија и биохемијата. Хил беше член на Националната академија на науките на САД.[1]
Хил е роден и израснува во Оукленд, Калифорнија. Тој дипломира и докторира на Калифорнискиот универзитет, Беркли. Во текот на својата кариера предава на Хауардовиот универзитет во Вашингтон, Калифорнискиот универзитет, Санта Круз во Санта Круз, Кејсовиот универзитет на Западниот резерват во Кливленд, Охајо, Рочестерскиот универзитет во Рочестер, Њујорк и на Орегонскиот универзитет во Јуџин. Работеше на проектот Менхетен. Меѓу другите функции за федералната влада на САД, Хил беше шеф на Секцијата за Теоретска молекуларна биологија при Националните здравствени институти. Учествуваше на бројни меѓународни размени на знаење низ светот: Англија, Швајцарија, Израел итн.
Во својата продуктивна кариера, Хил објавил повеќе од 260 научни трудови, осум учебници и монографии, како и две книги поезија. Неговите дела се преведени на многу светски јазици. Книгата „Термодинамика на мали системи“ (1964) се смета за основа на нанотермодинамиката.[2]
Наводи
уреди- ↑ Chamberlin, Ralph V. (2015). Terrell L. Hill: Biographical Memoir (PDF). National Academy of Sciences.
- ↑ „Biography of Terrell L. Hill“. theor.jinr.ru. Посетено на 2020-05-18.