Вага (соѕвездие)
(Пренасочено од Терезија (соѕвездие))
Вага (или Терезија) е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Libra значи „вага“, а неговиот симбол е . Ова соѕвездие не е многу изразено на небото, нема ѕвезди со голема величина, а се наоѓа меѓу соѕвездијата Девица на запад и Скорпија на исток.
лат. Libra | |
Кратенка | Lib |
---|---|
Генитивно | Librae |
Ректасцензија | 15 ч. |
Деклинација | −15° |
Површина | 538 (°)² (29th) |
Главни ѕвезди | 4, 6 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 46 |
Ѕвезди со планети | 3 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 2 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | Зубенешмали (β Lib) (2.6m) |
Најблиска ѕвезда | HD 131977 ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | мајски либриди |
Соседни соѕвездија | Змија Девица Водна Змија Кентаур (агол) Волк Скорпија Змијоносец |
Видливо на ширина од +65° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јуни. |
Особености
уредиНајсјајните ѕвезди во Вага се:
- α Вага, Зубенелгенуби („јужна канџа“), привидна двојна ѕвезда;
- β Вага, Зубенешмали („северна канџа“);
- γ Вага, Зубенелакраб („скорпионска канџа“);
- σ Вага, Бракиум, затемнувачка променлива ѕвезда.
σ Librae порано била позната како γ Scorpii иако била добро видлива во границите на соѕвездието Вага. Преименувана е како σ Librae во 1851 година, од страна на Бенџамин А. Гулд.
Извори
уреди- H. A. Rey, The Stars — A New Way To See Them. Enlarged World-Wide Edition. Houghton Mifflin, Boston, 1997. ISBN 0-395-24830-2.
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.