Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Тепавци

црква во Тепавци, Битолско

Рождество на Пресвета Богородица (или Св. Богородица) — црква во битолското село Тепавци, Општина Новаци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Рождество на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Новачка
Местоположба

Карта

Координати 40°59′34.7″N 21°33′34.6″E / 40.992972° СГШ; 21.559611° ИГД / 40.992972; 21.559611
Место Тепавци
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен во јужниот дел на селото. Изградена е „тогаш кога е правена црквата „Св. Недела“ во Битола“,[1] што значи околу 1863 година. Живописана на крајот на XIX век од непознат зограф.[2]

Меѓу фреските се и светите браќа Кирил и Методиј кои живописецот ги именува како „бугарски просветители“ под влијание на тогашната бугарска пропаганда во Македонија.

Слики уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Трифуноски, Јован Ф (1998). Битољско-прилепска котлина. Антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 112. ISBN 86-7025-267-8.
  2. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 298–299.

Надворешни врски уреди