Слепо црево
Слепо црево (лат. coecum) е црволик додаток или преостаната шуплива цевчеста формација прикачена на продолжетокот од дебелото црево. Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење. Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.
Слепо црево | |
---|---|
Normal location of the appendix relative to other organs of the digestive system (frontal view). | |
Податоци | |
Систем | Систем за варење |
Артерија | Артерија на слепото црево |
Вена | Вена на слепото црево |
Назнаки | |
Латински | appendix vermiformis |
TA | A05.7.02.001 |
FMA | FMA:14541 |
Воспаление на слепото црево
уредиБлокада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево станува надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот. Симптомите можат да започнат со умерена болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен. Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока. За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потребен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).[1]
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, стр. 37