Нерв луталник

(Пренасочено од Вагус)

Нервот луталник претставува мешовит нерв кој излегува од продолжениот мозок. Се протега од черепот преку вратот и градната празнина доаѓа до абдоменот каде завршува. Во неговиот состав влегуваат моторни, чувствителни и парасимтапички влакна. Со моторните влакна тој ги инервира мускулите од голтникот, гркланот и мекото непце. За истите органи вагусот дава чувствителни влакна. Со прасимпатичките влакна тој ги инервира органите на градниот кош и абдоменот.