Таџурски Залив
Таџурски Залив (арапски: خليج تدجورا, сомалиски: Badda Tajuura) — залив кај Африканскиот Рог во Источна Африка, сместен е помеѓу протокот Баб-ел-Мандеб кон Црвеното Море и Аденскиот Залив кон Арапското Море и Индискиот Океан. Изобилува со риби, пространи корални гребени и голем фонд на бисерни остриги. Брегот во најголема мера се протега во Џибути, а Сомалија има мал излез во јужниот дел на заливот.
Таџурски Залив الخليج للدمار Badda Tajuura | |
---|---|
Таџурскиот Залив во рамките на регионот | |
Сливни земји | Џибути Сомалија |
Најг. должина | 64 км |
Најг. ширина | 26 км |
Површина | 1,920 км2 |
Прос. длабочина | -1.078 м |
Соленост | 3,6–3,7% |
Најг. температура | 31°C |
Најм. температура | 26°C |
Острови | Муша, Маскали, Абу Маја, Варамус |
Населени места | Џибути, Таџура, Сагало, Обок и Лојада Лавјакадо |
Други морски живеалишта во заливот се морските треви, солниците и мангровите.
Историја
уредиВо август 1840 г. е склучен договорот за пријателство и трговија помеѓу султанот Мухамед бин Мухамед и командантот Роберт Морсби од индиската морнарица, со кој островот Муша е продаден на Британија за десет вреќи ориз. Во 1887 г. Британците им го отстапиле островот на Французите, признавајќи го француското влијание во заливот, а за возврат Франција се откажала од Зајла и околните острови.
Географија
уредиЗаливот зафаќа површина од 347 км2. Долг е (од Сагало до Обок) 64 км, а широк околу 26 км. За разлика од соседните водни површини, самиот Таџурски Залив е релативно плиток, со наклонети брегови. Брегот изобилува со песочни дини и наместа со палми. Крајбрежните води на север се порамни и плитки. Водата е секогаш топла, што се должи на климата и плиткоста на заливот; најтопла е во јули, со просек од 32 °C, а најстудена во јануари, со просек од 26 °C[1].
Во пристапниот дел од заливот се среќаваат островите Муша и Маскали. Долниот дел е одвоен со потесен копнен дел наречен Губет-ел-Хараб и Асалското Езеро (54 км2). Во далечното минато, заливот го опфаќал и подрачјето на Асалското Езеро, кое денес е околу 155 метри под морското ниво.
Опфат
уредиЗаливот се протега во рамките на следниве граници:
- на исток — западниот крај на Аденскиот Залив (линија од Обок до Лавјакадо).
- на запад — меридијанот на Губет-ел-Хараб.
Острови
уредиЗаливот има поголем број мали острови, од кои најголем е Муша. Островите сепак имаат историска важност во колонијалните активности на Франција и Британија.
Жив свет
уредиЖивиот свет во Таџускиот Залив е разновиден и посебен, што се должи на неговата географска положба. Многу животински и растителни видови во заливот се на работ на изумирање или во значителна опасност. Од особено значење се коралите и морските крави.
Население
уредиКрајбрежјето на заливот е многу погусто населено во џибутскиот отколку во сомалискиот дел. Поважни населени места се следниве:
- Лавјакадо: 1.650
Туризам
уредиТаџурскиот Залив е едно од најважните туристички места во Џибути, со 40% од посетителството во земјата. Најпосетени се градовите Обок и Таџура. Со своите корални гребени, заливот ужива популарност меѓу нуркачите, кои покажуваат особен интерес за нуркање со китови-ајкули.
Околу Таџура се протега планинскииот венец Года (1.700 м). Помеѓу градовите сообраќаат и траекти.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „NASA Earth Observations Data Set Index“. NASA. Архивирано од изворникот на 2016-02-03. Посетено на 6-30-2016. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Таџурски Залив“ на Ризницата ? |
- Таџурски Залив — GeoNames
11°40′37.56″N 43°1′54.12″E / 11.6771000° СГШ; 43.0317000° ИГД