Кит-ајкула
Кит-ајкула (Rhincodon typus) — вид на ајкула.
Китот-ајкула е најголемата риба во светот. Широка 1,5 м, нејзината уста е доволно голема внатре да собере човек. Но таа е безопасен процедувач: се храни само со планктон и со мали риби. За да добие големо количество храна што и е потребно, ја вцицува водата в уста, а потоа ја црпи преку жабрите каде што честичките храна се задржуваат на коскените изостатоци наречени жабрени шипки, а потоа ги проголтува. Оваа ајкула има најдебела кожа од сите животни, дебела и до 10 см. По должината на нејзиното тело се протегаат испакнати гребени, а има голема, српеста опашка. Дезенот со бели дамки на нејзиниот грб е уникатен кај секоја риба, што на научниците им овозможува да ги препознаат единките со анализа на фотографиите. Иако малку се знае за нивните океански патувања, со сателитско следење е откриено дека некои кит-ајкули мигрираат преку целиот океан. Јајцата на оваа ајкула се развиваат заради месото и перките (се користат за супа), иако во некои земји се заштитени со закон.