Тања Фајон (родена на 9 мај 1971) е словенечка политичарка, лидер на социјалдемократите, дел од Партијата на европските социјалисти и поранешен пратеник во Европскиот парламент (ЕП) од Словенија. Таа била министерка за надворешни и европски работи во владата на премиерот Роберт Голоб од 1 јуни 2022 година.

Тања Фајон
Европратеник
Фајон во 2022 г.
Министерство за надворешни работи
На должноста
Стапил
1 јуни 2022
Премиер Роберт Голоб
Претходник Анже Логар
Член на Европскиот парламент
за Словенија
На должноста
1 јули 2009 – 13 мај 2022
Претходник Матјаж Немец
Лични податоци
Роден(а) Тања Ана Фајон
9 мај 1971(1971-05-09)(53 г.)
Љубљана, Словенија, Југославија (денешна Словенија)
Партија Социјалдемократи
Сопружник Веит-Улрих Браун
Образование Љубљански универзитет
Париски универзитет
Портал Официјална веб-страница

Таа е шеф на словенечката делегација во рамките на политичката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите.[1][2] Таа е исто така авторка на неколку документарни филмови, меѓу кои и Подемот на екстремната десница во Европа, Човечки трагедии на прагот на Европа и Уставот на Европската Унија.[3]

Образование

уреди

 Тања Фајон дипломирала новинарство на Факултетот за политички и општествени науки Љубњанскиот универзитет. Во 2005 година, таа магистрирала наука и меѓународна политика на Колеџот за интердисциплинарни студии при Парискиот универзитет.[1][4]

Тања Фајон зборува словенечки, англиски, германски, француски и хрватски јазик.[2]

Кариера

уреди

Кариера во новинарството

уреди

Тања Фајон работела како новинар и помошник уредник во Радио Глас Љубљана од 1991 до 1995 година. Била и известувач и писател на словенечкиот дневен весник Република во 1993 година. Работела за РТВ Словенија од 1995 до 2001 година како локален новинар, а како дописник на РТВ Словенија во Брисел од 2001 до 2009 година.[2] Таа, исто така, била известувач за CNN од 1995 до 2001 година.[4] Таа покривала прашања од политиката, до економијата и бизнисот, во различни држави на Европската унија, особено во Белгија, Холандија, Луксембург и Франција.[3]

Пратеник во Европскиот парламент, 2009–2022

уреди
 
Фајон на состанок со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во 2022 г.

Во 2009 година, Фајон била избрана во Европскиот парламент во име на социјалдемократите, поврзани со Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите. Таа била заменик-претседател на делегацијата на Европскиот парламент со Хрватска до членството на Хрватска во Европската унија, и била член на Комитетот за организиран криминал, корупција и перење пари.

Фајон е полноправен член на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, заменски член во Комитетот за транспорт и туризам и заменски член на делегацијата Европска Унија - САД. Таа, исто така, служи како заменски член на Делегацијата за односи со Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово и била известувач при процесот на визна либерализација за западниот Балкан.[1][2][3]

Покрај нејзините комисиски задачи, Фајон е заменик-претседател на Интергрупата за медиуми на Европскиот парламент, одговорна за следење на слободата на печатот во Европа. Таа е и членка на Интергрупата на Европскиот парламент за интегритет (транспарентност, антикорупција и организиран криминал);[5] на Интергрупата на Европскиот парламент за ЛГБТ права;[6] и групата Европратеници против ракот.[7]

Фајон знчително придонела албанските граѓани да добијат право на слободно патување во Шенген-зоната на ЕУ без визи.[8] Ова бил првиот чекор на патот на Албанија кон пристапување во Европската унија. Во декември 2010 година, во нејзина чест во Тирана, главниот град на Албанија, било отворено кафуле по име Тања Фајон.[9] Таа им помогна и на Босна и Херцеговина[10] и Молдавија да добијат право на слободно движење во Шенген-зоната.[3][11]

Кон крајот на 2014 година, двете главни политички групи во Европскиот парламент се согалсиле со Жан-Клод Јункер, тогашниот новоизбран претседател на Европската комисија, Фајон да биде словенечкиот член во Европската комисија. Сепак, словенечката влада подоцна објавила дека Виолета Булц ќе биде кандидат на земјата за позицијата еврокомесар во Комисијата на Јункер, на местото на Аленка Братушек.[12]

Во 2016 година, словенечките анкети покажале дека таа е една од најпопуларните политички фигури во земјата.[13]

По изборите во 2019 година, Фајон била дел од меѓупартиската работна група задолжена за изготвување на петгодишната програма за работа на Европскиот парламент за владеење на правото, границите и миграцијата.[14]

По неколкумесечните протести и најавата за бојкот на српските парламентарни избори во 2020 година од страна на опозициските партии, Фајон била една од клучните фигури во меѓупартискиот дијалог во кој посредувал ЕП, како претседавач на делегацијата за односи со Србија.[15][16]

Други активности

уреди

Личен живот

уреди

Фајон живее претежно во Брисел со нејзиниот сопруг Веит-Улрих Браун, германски новинар.[3] Нејзините занимања се спорт, музика и патување.[2]

Почести и награди

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Tanja Fajon - PES“. Party of European Socialists.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Tanja Fajon - EU40“. Network of MEPs under 40. Архивирано од изворникот на 2022-11-15. Посетено на 2023-04-30.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Tanja FAJON, Curriculum Vitae“ (PDF). Bled Forum. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-11-15. Посетено на 2023-04-30.
  4. 4,0 4,1 „The Seven Slovenian MEPs“. Slovenian Government Communication Office. 2009.
  5. Members of the European Parliament on Integrity (Transparency, Anti-Corruption and Organized Crime) European Parliament.
  6. Members Архивирано на 27 март 2019 г. European Parliament Intergroup on LGBTI Rights.
  7. MAC MEPs in the 2019-24 legislature Архивирано на 2 февруари 2020 г. MEPs Against Cancer.
  8. „Pahor Says Visa Liberation Is Dream Come True for Albania“. Slovenian Press Agency. 2010. Архивирано од изворникот на 2014-05-06. Посетено на 2023-04-30.
  9. „Albanian Cafe Named After Slovenian MEP“. Slovenian Press Agency. 2010. Архивирано од изворникот на 2014-05-06. Посетено на 2023-04-30.
  10. 10,0 10,1 „MEP Tanja Fajon named Person of the year in Bosnia and Herzegovina“. Slovenian Ministry of Foreign Affairs. 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2023-04-30.
  11. „S&D Euro MP Tanja Fajon gives green light to visa-free movement between Moldova and EU Schengen countries“. Progressive Alliance of Socialists and Democrats. 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2023-04-30.
  12. „Violeta Bulc je slovenska kandidatka za evropsko komisarko“. RTV SLO. 10 October 2014. Посетено на 10 October 2014.
  13. Ryan Heath (May 19, 2016), The 40 MEPs who actually matter: Tanja Fajon Politico Europe.
  14. Florian Eder (June 13, 2019), POLITICO Brussels Playbook, presented by Google: Madrid’s moment — Parliament working groups sneak peak — Happy birthday, GDPR Politico Europe.
  15. „Serbia must deliver on electoral reform ahead of the 2020 elections, 31 October 2019“. European Parliament. 31 October 2019. Посетено на 21 February 2020.
  16. „Conclusion of the party dialogue in Serbia: Commitments need to be implemented“. European Western Balkans. 16 December 2019. Посетено на 21 February 2020.
  17. Members European Council on Foreign Relations.
  18. „Tanja Fajon received the Honorary Doctorate“. American University in Bosnia and Herzegovina. 2010. Архивирано од изворникот на 2011-06-12. Посетено на 2023-04-30.
  19. „Tanja Fajon, first honorary doctorate“ (босански). Nezavisne novine. 2010.
  20. „NES award 'European Radio BIH' (босански). Nezavisne novine. 2014.
  21. „EWB award MEP Tanja Fajon for commitment to WB European future“. N1 Srbija (српски). Архивирано од изворникот на 2020-10-22. Посетено на 2020-10-19.
  22. EWB (2020-09-10). „Tanja Fajon - Dobitnica EWB nagrade za doprinos evropskim integracijama regiona“. European Western Balkans (српски). Посетено на 2020-10-19.

Надворешни врски

уреди