Тајлер Адамс
Тајлер Адамс (англиски: Tyler Shaan Adams; роден на 13 ноември 2002) — американски професионален фудбалер кој игра како офанзивен играч за врска или крилен играч за премиерлигашкиот клуб Лидс Јунајтед и капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Тајлер Адамс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Тајлер Шаан Адамс | ||
Роден на | 14 февруари 1999 | ||
Роден во | Вапингер (Њујорк), САД | ||
Држава | САД | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лидс Јунајтед | ||
Број | 12 | ||
Младинска кариера | |||
2010–2015 | Њујорк Ред Булс | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015–2016 | Њујорк Ред Булс II | 33 | (0) |
2016–2019 | Њујорк Ред Булс | 59 | (2) |
2019–2022 | РБ Лајпциг | 75 | (1) |
2022– | Лидс Јунајтед | 13 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2014–2015 | САД 17 | 23 | (0) |
2016–2017 | САД 20 | 12 | (1) |
2017– | САД | 33 | (1) |
* Ажурирано на: 12 ноември 2022 ** Ажурирано на: 21 ноември 2022 |
Првенствено како играч од средниот ред, Адамс е способен да игра како бек или крило на двете страни од одбраната или средниот ред.
Адамс ги претставувал Соединетите Држави на повеќе младински нивоа пред да го направи своето деби за сениорскиот тим во 2017 година.
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиАдамс се приклучил на Академијата на Ред Булс во 2011 година и играл со играчите под 13, 14 и до 16 години пред да стане професионалец.
Њујорк Ред Булс II
уредиНа 19 март 2015 година, Адамс потпишал договор со Њујорк Ред Булс II, сениорскиот резервен тим на клубот кој игра во Унајтед фудбалската лига. Адамс го направил своето деби за тимот на 4 април 2015 година, во победата со 4–1 над Торонто ФК II, прва победа во клупската историја. Откако редовно играл за тимот во текот на сезоната 2016, Адамс му помогнал на клубот да победи со 5-1 над Своуп Парк Ренџерс во финалето на Купот на УСЛ 2016.
Њујорк Ред Булс
уредиНа 23 јули 2015 година, Адамс го направи своето деби со првиот тим на Њујорк Ред Булс во пријателски натпревар против шампионот во Премиер лигата, Челси. Тој го постигнал вториот гол на натпреварот, удирајќи со глава покрај Асмир Беговиќ во 69. минута, додека Ред Булс победиле со 4–2.
Адамс го потпишал својот прв договор за сениорскиот тим на 3 ноември 2015 година и се приклучил на првиот тим во претсезонскиот тренинг камп во 2016 година. Адамс го направил своето прво појавување на клупата за МЛС како неискористена замена на 1 април 2016 година, за време на поразот со 1-0 од Њу Ингланд Револушн, а на 13 април го направи своето деби во МЛС, почнувајќи од стартот со Сан Хосе Ертквејкс, пред да се врати во Ред Булс II на позајмица до крајот на сезоната.
Адамс се појавил како редовен стартер за сениорскиот тим на Ред Булс во сезоната 2017. На 15 август 2017 година, Адамс му помогнал на Њујорк да дојде до победа од 3–2 над ФК Синсинати, асистирајќи при израмнувањето на Бредли Рајт-Филипс во 77 минута. Со победата, Њујорк стигнал до своето прво финале на Отворениот куп од 2003 година.[1] Адамс ги постигнал своите први два гола во МЛС во ремито 3–3 со Ди Си Јунајтед на 27 септември 2017 година.
На 13 март 2018 година, Адамс го отворил резултатот за Њујорк во победата со 3–1 над Клуб Тихуана, помагајќи му на клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ за прв пат во својата историја.
РБ Лајпциг
уредиСезона 2019
уредиАдамс се приклучил на РБ Лајпциг во јануари 2019 година, обединувајќи го со поранешниот тренер Џеси Марш.[2] Тој го започнал својот прв натпревар во бундеслигата на 27 јануари во победата со 4-0 против Фортуна Диселдорф. На 16 февруари, Адамс ја забележал својата прва асистенција во Бундеслигата во победата од 3–1 над Штутгарт.[3] Тој ги пропуштил сите априлски натпревари поради повреда, а дотогаш Лајпциг немал изгубено ниту еден натпревар со него на теренот. На 16 мај, Адамс се вратил во тимот, а единаесет дена подоцна го започнал финалето на ДФБ-Покал против Баерн Минхен во кое Лајпциг загубил со 0–3.[4]
Сезона 2019-20
уредиПовредата на препоните го оддалечи Адамс од терените во летото 2019 година и првата половина од сезоната 2019-20 во Бундеслигата. Тој се вратил на последниот натпревар пред зимската пауза, играјќи 86 минути во победата од 3–1 над Аугсбург. На 10 март, Адамс го направил своето деби во Лигата на шампионите на УЕФА во реванш натпреварот против Тотенхем Хотспар, кога влегол во 56. минута како замена за Норди Мукиеле кој се здобил со повреда на главата.[5] Адамс го пропуштил првиот натпревар поради мала повреда на потколеницата.[6] Натпреварот завршил 3–0 (4–0 вкупен резултат) со победа на Лајпциг и пласман во следната рунда.[7]
На 13 август 2020 година, Адамс го постигнал победничкиот гол за Лајпциг во победата од 2–1 над Атлетико Мадрид, помагајќи му на клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА за прв пат.
Лидс Јунајтед
уредиАдамс се приклучил на Лидс Јунајтед со петгодишен договор за пријавена сума за трансфер од 20 милиони фунти на 6 јули 2022 година.[8] Тој го направил своето првенствено деби за Лидс на 6 август како дел од стартната постава на почетокот на сезоната со победата од 2-1 на домашен терен над Вулверхемптон Вондерерс.
Меѓународна кариера
уредиАдамс ги претставувал Соединетите Американски Држави со тимовите под 15, 17 и под 20 години. Тој се појавил на сите натпревари на неговиот тим на првенството на КОНКАКАФ до 17 години во 2015 година во Хондурас, помагајќи им на САД да се квалификуваат за Светското првенство на ФИФА до 17 години во 2015 година.[1] Во мај 2017 година, Адамс ги одиграл сите натпревари за Соединетите Држави на Светското првенство на ФИФА до 20 години во Јужна Кореја 2017 година. На 14 ноември 2017 година, Адамс го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација, играјќи ги цели 90 минути во ремито 1–1 со Португалија. На 11 септември 2018 година, Тајлер Адамс постигнал гол против Мексико на пријателски натпревар на стадионот Нисан во Нешвил, Тенеси.
Во јуни 2019 година, Адамс бил именуван во тимот за Златниот куп на КОНКАКАФ 2019,[9] но бил принуден да се повлече поради повреда.[10]
Во ноември 2022 година, Адамс бил именуван за капитен на Фудбалската репрезентација на САД за Светското првенство во фудбал во 2022 година.[11] Ова го направило најмладиот капитен на првенството[12] и најмладиот американски капитен од 1950 година.[13]
Личен живот
уредиАдамс е роден во округот Дачес, Њујорк во семејството на Мелиса Русо. Неговиот очув, Дерил Саливан, бил фудбалски тренер во средно училиште и колеџ. Адамс дипломирал на средното училиште Рој К. Кечам во Вопингерс Фолс, Њујорк.
Статистика
уредиКлуб
уредиКлуб | Сезона | Лига | Национален куп | Лига куп | Континентален куп | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дивизија | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | ||
Њујорк Ред Булс II | 2015 | УСЛ | 11 | 0 | 1 | 0 | — | — | 12 | 0 | ||
2016 | 22 | 0 | — | 4 | 0 | — | 26 | 0 | ||||
Вкупно | 33 | 0 | 1 | 0 | 4 | 0 | — | 38 | 0 | |||
Њујорк Ред Булс | 2016 | МЛС | 1 | 0 | — | — | 3 | 0 | 4 | 0 | ||
2017 | 27 | 2 | 5 | 0 | 3 | 0 | — | 35 | 2 | |||
2018 | 31 | 0 | 1 | 0 | 4 | 0 | 6 | 1 | 42 | 1 | ||
Вкупно | 59 | 2 | 6 | 0 | 7 | 0 | 9 | 1 | 81 | 3 | ||
РБ Лајпциг | 2018–19 | Бундеслига | 10 | 0 | 2 | 0 | — | — | 12 | 0 | ||
2019–20 | Бундеслига | 14 | 0 | — | — | 3 | 1 | 17 | 1 | |||
2020–21 | Бундеслига | 27 | 1 | 4 | 0 | — | 6 | 0 | 37 | 1 | ||
2021–22 | Бундеслига | 24 | 0 | 4 | 0 | — | 9 | 0 | 37 | 0 | ||
Вкупно | 75 | 1 | 10 | 0 | — | 18 | 1 | 103 | 2 | |||
Лидс Јунајтед | 2022–23 | Премиер лига | 13 | 0 | 0 | 0 | — | — | 13 | 0 | ||
Вкупно цела кариера | 180 | 3 | 17 | 0 | 11 | 0 | 27 | 2 | 235 | 5 |
Репрезентација
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
САД | 2017 | 1 | 0 |
2018 | 8 | 1 | |
2019 | 1 | 0 | |
2020 | 2 | 0 | |
2021 | 10 | 0 | |
2022 | 10 | 0 | |
Вкупно | 32 | 1 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „News & Stories | U.S. Soccer Official Website“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „RB Leipzig News - Aktuelle Nachrichten zu RB Leipzig“. rbleipzig.com (германски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ Press, Associated. „WATCH: Tyler Adams gets assist in RB Leipzig win“. Sports Illustrated (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Tyler Adams recovered from adductor injury“. USA TODAY (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Tyler Adams makes Champions League debut - RB Leipzig stroll past Tottenham“. www.transfermarkt.us (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ mlssoccer. „Tyler Adams to miss at least two matches for RB Leipzig with pulled calf | MLSSoccer.com“. mlssoccer. Посетено на 2022-11-24.
- ↑ mlssoccer. „RB Leipzig's Tyler Adams makes UEFA Champions League debut in victory over Tottenham | MLSSoccer.com“. mlssoccer. Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Leeds transfer news: Tyler Adams on the qualities he offers“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Berhalter Names 23-Player Roster for 2019 CONCACAF Gold Cup“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Injury Forces Tyler Adams to Withdraw from U.S. Men's National Team Roster for 2019 Concacaf Gold Cup“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Red, White & 'Do: McKennie gets patriotic dye job“. ESPN.com (англиски). 2022-11-20. Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Tyler Adams to captain US, youngest at this year's World Cup“. AP NEWS (англиски). 2022-11-20. Посетено на 2022-11-24.
- ↑ „Tyler Adams begins World Cup with home Dutchess fanbase, Ted Lasso behind him“. Poughkeepsie Journal (англиски). Посетено на 2022-11-24.